Форумџика на годината

Војната од 2001

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SunnyGirl2, 18 март 2014.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.894
    доколку не е на соодветно место нека се избрише или премести темава.

    Би сакала доколку нешто сте чуле, се сеќавате, ви раскажале,ваши мислења да изнесете во темава.. Јас само ќе дадам неколку информации од интернет превземени.
    Читав и по ФБ на страната Македонски Бранители..на википедија..

    Воениот конфликт во Република Македонија од 2001 траeл од јануари до ноември 2001 година. Конфликтот започнал кога албанската паравоена формација Ослободителна Народна Армија (скратено ОНА), ги нападнала безбедносните сили на Македонија. Конфликтот продолжил во поголемиот дел од 2001 година, а завршил со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август истата година.
    Првите дејства на етничките албанци во Македонија настапиле кон крајот на 2000 година и почетокот на 2001 година, главно по линијата на границата на Македонија со тогашната српска провинција (денеска држава) Косово. Во почетокот на војната, често пати ОНА ги повикувала македонското население во северозападна Македонија да ги напуштат своите домови. Во почетокот на кризата, македонските власти не превзеле големи мерки, бидејќи биле уверувани дека ваквите дејствија не биле насочени против Македонија. Но, по цели скоро два месеци, состојбата излегла од контрола и македонските власти започнале конечно со подготовка за војна. Но, од друга страна пак, албанските претставници тврдиле дека Република Македонија била подготвена за оваа војна
    Во јануари 2001 година се јавила Националната Ослободителна Армија и ја потврдила одговорноста за постојаните напади против македонската полиција. Лидерите на ОНА, Али Ахмети и неговиот вујко Фазли Велију, кои потекнуваат од Западна Македонија изјавиле дека поседуваат илјадници војници кои се спремни да војуваат против македонската полиција. Но и покрај тоа, тие во тоа време немале подршка од страна на тогашните најголеми албански политички партии во Македонија, ПДП и ДПА. Македонските власти изјавиле дека бунтовниците кои се припадници на ОНА главно потекнуваат од Косово, како главен извор на агресија и месните етнички Албанци во Македонија.
    По неколку напади од страна на ОНА врз македонските сили за безбедност, Македонците од многу градови во државата излегле на протести во Прилеп, Битола и Скопје, каде биле запалени многу албански магазини, дуќани и една џамија
    Конфликтот неофицијално во Македонија започнал кон крајот на јануари 2001 година во пограничното село Танушевци. На 16 февруари 2001 година во истото село, новинарска екипа на А1 телевизија била заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени[43]. По двонеделни препукувања, бојното поле се префрлило во Тетово. Во месноста Кале во Тетово, на 14 март биле регистрирани вооружени напади врз безбедносната полиција. Веќе на 23 март, од страна на властите во Република Македонија била донесена одлука за голем напад врз позициите на ОНА. Македонската армија им нанела голем пораз на припадниците на ОНА. Според некои извори, Албанците сепак не биле спремни и не очекувале таков напад во тоа време од страна на македонската полиција.
    По околу двонеделно стишие, на 28 април, на патот меѓу селата Селце и Вејце во Тетово, 16 припадници на безбедносните сили на Македонија при патролирање наишле на заседа, при што загинле осум, а шест војници припадници на безбедносните сили на Македонија биле повредени. Според извршената обдукција, утврдена по смртта, било утврдено дека телата на убиените полицајци и војници по смртта биле дополнително масакрирани. По ова, нниз поголемите градови во Република Македонија започнал голем револт на месното население. Македонските власти, во меѓувреме упатиле повик кон ОНА за прекин на огнот кој истиот не бил прифатен.
    На 4 мај околу 4.000 албански герилци од Косово упаднале на македонска територија и освоиле голем дел од северниот дел на Македонија, главно во околината на Куманово. Со ова, се отворил уште едно бојно поле. Борби се воделе во селата Слупчане, Ваксинце, Липково, Оризаре, Отља итн. Развојот на војната во тој момент бил на страната на ОНА. Како резултат на ова, македонските безбедносни сили спроведиле големи акции во селата Матејче и Слупчане на 9 јуни.
    Истиот ден, на 9 јуни 2001 година, ОНА го зазела Арачиново, село кое географски се наоѓа на само неколку километри од Скопје. Преку Арачиново, кое станало едно од главните седишта на ОНА, албанските бунтовници се заканувале дека ќе го нападнат и Скопје, пред се парламентот и владата. Главен командант на Арачиново бил командант Хоџа или Џезаир Шакири. На 22 јуни, македонските безбедносни сили ја започнале решителната офанзива за чистење на теренот од албанските екстремисти во селото. Следниот ден, двата борбени авиони "сухој" 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршиле првите извидувачки дејства над селото. Македонските сили брзо напредувале, нанесувајќи им големи штети на албанските бунтовници. Според генералот Панде Петровски, кој командувал со арачиновската операција, АРМ располагала со околу 20.000 војници со оклопни батаљони и професионални екипажи, 54 тенка, со 120-130 минофрлачи, хеликоптери за воени дејства и доволно количество муниција за извршување на една завршна операција и целосно разбивање на ОНА. Битката траела само три дена, откако албанските бунтовници, истакнувајќи бели знамиња, дале знак дека се предаваат. Под покровителство на НАТО, било договорено да се евакуираат припадниците на ОНА, и од Арачиново да се преместат во Липково.
    Така, на околу 350 бунтовници им било дозволено да го напуштат селото со своето оружје, со помош на американските трупи кои служеле во КФОР и силите на НАТО во Косово, ОБСЕ и Мисијата на Европската Унија. На македонската страна и било наредено да се повлече. Како знак на ова, истата вечер неколку илјади Македонци се собрале пред парламентот во Скопје на протести, при кое зградата била заземена а протестот се претворил во масовни немири.
    Со потпишување на Охридскиот рамковен договор, бунтовниците се согласиле на примирје во јуни, но и покрај тоа бунтовниците продолжиле со препукувања врз целите на македонската полиција. Директни подписници на Охридскиот договор се македонските власти, предводени од претседателот Борис Трајковски и премиерот Љубчо Георгиевски и лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, и албанската страна предводена од Арбен Џафери и Имер Имери, како и Франсоа Леотард (претставник на Европската Унија) и Џемс Пердју (Медијатор од САД). Со овој договор, на албанското население кое живее во Република Македонија му биле ветени поголеми права, кои вклучуваат: подигање на албанскиот јазик за официјален јазик во државата, зголемување на бројот на етничките Албанци во управувањето и администрацијата на државното управување, во полицијата и армијата, како и донесување на нов план за децентрализација.
    Од друга страна, албанските претставници се согласиле да се откажат од секакви сепаратистички учества и да ги признае сите македонски институции. Во однос на ова, албанските припадници на ОНА биле разоружени од страна на НАТО пактот. Оваа операција на разоружување официјално започнала на 22 август и ефективно завршила на 27 август. Во таа мисија учествувале околу 3.500 војници од НАТО пактот и од македонската полиција. Оружјето на ОНА било уништено. По завршување на оваа операција, Али Ахмети на пресконференција во Шипковица изјавил дека ја распушта Ослободителната Национална Армија.
    Но, вооружениот конфликт не застанал, туку продолжил и во наредните месеци. На 12 ноември 2001 година, од страна на вооружени етнички Албанци биле убиени тројца припадници на македонската полиција
     
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Што мислења би напишале на темава? Се нема зборови за овие имбецили..
     
    На SnowWhite8, tessie и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Туѓа куќа, туѓи правила ! ( Ако толку им се допаѓа во Македонија треба да не почититуваат и нас и нашите правила, ако не нека си заминат од таму каде што дошле ! Во ред луѓе се, ги почитувам ама некогаш претеруваат. )
    И кога ќе му дадеш на некој прст ја сака цела рака !
    Дали тие ги почутуваат македонците во Албанија и дали на нив им се даваат правата како ние ним !
    Кога беше војната, во мојот крај, училиштето беше затворено, беа сместени војници таму, близок имав кој војвуваше, на секое прикажување на вестите се потресував, фала Богу се врати жив здрав, ама кога ни кажуваше како му летале куршумите над глава и покрај него :x Незнам што да речам и со кое право им наредувале на македонците да се иселат од своите родни куќи, ма ајде .. :devil:
     
    На SnowWhite8, Idedemja, mileystar и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Почетокот на овој конфликт е уште од времето кога Аркан ги маваше и исклоца шиптарите од север, а ние наместо да ги исчистиме, си ги прибравме дома па одозгора и пасоши им дадовме.
    Не ми е јасно, да загубиш контрола на 30% од територијата преку ноќ и наместо да возвратиш, остануваш пасивен и копаш ровови (самиот пристап укажува дека ќе се оди на традиционално и бавно, а не акција која за 10дена ќе направеше партал) а луѓето во Танушевци ги лажеа дека садат компири, а не дека поставуваат мини.
    Додека имавме поддршка од Меѓународниот фактор, се гледаше дека се одолговлекува (за да се вооружаат УЧК до заби) уште кога оставија град од 100.000 жители без вода.
    На почетокот кога ни се нудеше воена помош од Русија, нашава сестра љуба така убаво им одговори „не ни треба на нас никаква помош, ние можеме сами„, побогу Грција прва помогна со она хеликоптерчето кое МВР го користи и ден денес, обука на пилотите и неколку транспортери.
    Бугарија понуди 150 тенкови и спреми цела дивизија, па се чекаше г-дин Трајковски да ги пушти да влезат на територија (а ако ги пуштиш да влезат, кој ќе ги враќа после), Србите не предупредуваа дека на граничните премини се пренесува оружје, муниција, залихи, медицинска опрема за приближно 6.000 лица, а ние се правевме наудрени.
    Идеалот на припадниците на УЧК беше гољама аљбањија, а на нашиот бугар патриотот – поделена Македонија.
    Кога Меѓународните фактори увидоа кои се целите на нашите политичари (знаеме и за Телеком и ОКТА, и огромните девизни приливи), мешањето на НАТО (куче што лае, а не каса) стана неминовно, не можеше да си дозволи да пропаднат милијардите дадени во Косово за градење на нивните бази, доколку Македонија експлодира како Супернова.

    Конкретен пример е Арачиново, каде што тројца припадници на МВР загинаа од граната на Македонската Армија! За времето на војната, МВР беше раководено од ВМРО-ДПМНЕ, а Министерството за одбрана- од СДСМ, и заради нивната некоординираност (се однесуваа како две непријателски војски и мереа муда на Македонската територија) загинаа тројца полицајци од граната на АРМ, која не ги знаеше нивните координати (трагично!!!).
    Со еден збор, невидена бламажа, македонските војници се испотепаа самите меѓу себе, а во јавноста смртта на луѓето беше претставена како СТРОГО ДОВЕРЛИВА ТАЈНА која подоцна искочи на виделина.
    Во град во кој после 74 часовна борба, терористите немаа логистика, имаа ранети и останаа без муниција, и си ги кренаа стаповите со високо вивнатите белите гаќи како знак дека се предаваат, ние што направивме!?!?
    Да појаснам, кога во конфликт имаш вооружена формација која користи терористички методи (убивање цивили, масакрирање жив штит) при воспоставување контакт со нив, било преку посредник или директно не им даваш легитимитет на Борци за човекови права (не се преговара и нема права за нив кои важат за заробеници согласно женевската конвенција).
    Е сега да се навратам на тоа ние што направивме...
    Наместо АРМ да ги срамни со земја и уништи како инсекти кога им ги држевме јајцата во Арачиново, ние самите си го начукавме бидејќи им дадовме легитимитет кога прекинавме да преговараме со нив, и тоа индиректно го повлече и НАТО како медијатор за човекови права, и беше прогласена паравоена формација на Македонската Армија.

    Припадниците на УЧК како борци на човекови права (прогласени од нас) на чело со Аљи, беа сместени во климатизирани автобуси и изнесени од Арачиново, по наредба од НАТО кое ги извади од гроб.
    Тогаш АРМ и МВР беа со заврзани раце, а да имавме храброст да се спротиставиме на НАТО (кој не држеше за јајца преку Хавиер СоЛајна и неговите закани за бомбардирање на Скопје) се што имаше во тие автобуси требаше да се стави во една масовна гробница.
    А ние ги извадивме од говна до гуша, ги издигнавме и ги амнестиравме (тоа беше еден од условите на тогашна ОНА а денешна ДУИ, сите припадници на ОНА да добијат политичка, и секаков друг вид на амнестија, и да не се гонат од правосудните органи на РМ за случувањата во 2001) ова стоеше во Охридскиот или Рамковниот договор, кој го потпишаа нашите политичари.
    Јас тврдам дека да беше работата во рацете на АРМ и МВР и да им се одврзеа рацете да го решат конфликтот согласно Устав, штиптарите немаше живи да излезат од таму, ама политичар одлучи и политичар потпиша, а не бригаден Генерал, Мајор или Полковник.

    Македонија во 2001-ва се победи самата себеси (сам себе убијал), бидејќи од другата страна имаше виртуелен противник – ОНА (група од офчари и бостанџии) која не претставуваше реална опасност оти немаше ниту кадар, ниту можности од логистички аспект да води борба со поголем капацитет.

    Воено го добивме, Арачиново падна политички!

    Трагедијата, нарачаните и изрежирани масакри кај Арачиново, како и Карпалак, Љуботен и Вејце кои се очигледни местења на македонските бранители, одат само во прилог на фактот дека Македонија ја изгуби војната како резултат на внатрешни предавства и политички сценарија на домашните актери, а не како резултат на неспособноста на македонските бранители да се справат со терористичката ОНА.

    Македонските бранители го дадоа својот живот, загинаа за држава поделена на пола, загинаа за Рамковен договор, загинаа за АРМ да им се поклонува на гробот на УЧК, загинаа за пола полиција да е УЧК, загинаа за министри да се команданти на УЧК и Аљи да се прави петел по шиптарските села, загинаа за ебаниот орел да се вее низ пола од општините во Македонија, загинаа за на крај шиптарите да бидат ослободени со автобуси и под наша полициска заштита.
    Загинаа затоа што беа на погрешно место, и во погрешно време. Загинаа бидејќи беа дел од целото сценарио, режирано од нашите најголеми „пријатели„ кои ни донесоа само гробишта и мртви тела да закопуваме на наши браќа, татковци, сопрузи и роднини.
    Да не беа тие, нашите жени ќе беа забулени, а мажите ќе ни се клањаа во џамии, ќе вадевме документи во Тирана и мајчин јазик ќе ни беше шќиптарскиот. Не пола, него цело Скопје ќе беше накитено со тој проклет двоглав гавран.

    "Нема потреба повеќе да ни доа-ѓате во помош... Сите ќе изгинeме за Македонија". И радио-станицата замолкна''

    Еве ги последните зборови на еден од војниците на Вејце.
    Немој некој да каже дека биле само колатерална штета, дека умреле некој за да се збогати, дека умреле за џабе.
    Војникот кажа за кој умре,тој одбра да умре за Македонија, така и веруваше....

    НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА!!!
     
    На Tanjamm, La-loca, doll.a и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    :bow: :bow: :bow:

    Немам што повеќе да додадам, овде е се' кажано. За жал чиста вистина.

    Вечна им слава!!!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Од мене само ова
    [​IMG]
     
    На macedonec15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    12.799
    Господ не казнил што живееме со џган во иста земја и тој џган направи етничко чистење во македонски села и градови. Поголеми гадови на цела земјина топка нема.
     
  8. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки

     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    Нема што да кажувам на темава,не сакам ни да се сеќавам на тој ден
    Битно е дека татко ми се врати жив и здрав дома
    Му Благодарам на Господ, што ми го врати жив.
     
    На anaja1, Miss666, Priroden и 4 други им се допаѓа ова.
  10. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Mu simnuvam kapa na covekot i alal da mu,e ova e HRABROST samo covek treba da slusa sto toj licno kazuva za sebe,negoviot zivot,negovata rabota,i mn mn drugi rab sto se dosta zanimlivi i interesni,makar sto i zivotot mu e vo opasnost.Ednostavno nemam zborovi,nez tocno od koja min ama kazuva i za vojnata vo MKD pozz

     
    Последна измена: 9 септември 2015
    На tessie, Tanjamm и PogbaPol им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    12.799
    Вие што сте од Тетово кажете искуства како беше во 2001? Јас кога почна да се пука првиот ден и се слушаа детонации од Липково прв час не отидов во школо. Едно попладне пред школо ни фрлија бомба во контејнер и убија старец. Виновникот не го најдоа.
     
    На Priroden и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Kako niz magla mi e. Znam deka vo glavno ne se zamarav zatoa shto bev mala, ama pametam nekoi denovi koga i mene me spukuvashe panika :^)
    Blah. Drug pat koga kje dojde do takvo neshto, pasoshot, kuferite i prijatno. Ni togash ne planiram da se zamaram.
    Mada najverojatno ushte pred toa kje imam napushteno.
     
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Се надевам следнава војна дека нема да ја изгубиме како таа во 2001. Единствени што ни даваа оружје и муниција беа украинците. Друг никој. Бугарите не даваа оружјето да иде преку нив. Грците одма ни дадоа преку Солун оружјето да дојде кај нас. Ама џабе, не бевме спремни ние за таа војна.
     
  14. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967

    1.9мин
    Апсолутно НЕ!!!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Jas bev okolu 5 ipol - 6 godini za vreme na vojnata .. Naseto selo za srekja ostana cisto makedonsko .. Planinskite sela i okolnite sela na Tetovo se povekjeto cisto albanski .. Ima uste nekolku sela koi se cisto makedonski , no povekjeto se mesani . Znam deka se slusaa i se gledaa istrelite od nasiot dvor . Isto imase i povredeno devojce od kursum ( mislam vo noga bese ) . Moite bea zapreni i pretreseni od pripadnici na onie koi ja napadnaa drzavava . Sega kade sto sum mazena , na kukjava na prviot sprat ima dupki od kursumi ( togas bil napraen prviot sprat ) . Svekrva mi , vo toa vreme drzela kolonijal , za malku kje ja ubiele nea i zolva mi ( bebe vo kolicka ) i dever i koj trebalo da kupi nesto vo momentot . Dodeka otklucuvala dukjan , i preletal kursum pred vratata na samo polovina santimetar od nea i bebeto . Za nekoi bilo strasno , za nekoi ne . Za mene konkretno ne , bidejki sum bila mala verojatno . Ako se sluci pak , ne planiram da begam nekade ili ne znam sto . Ako treba i jas kje zemam oruzje vo race ( i onaka imam ljubov kon oruzja )
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    12.799
    За кое село ако нее тајна зборуваш, за Лешок?Ахххх тетовско највеќе настрада мислам, повеќе од скопско и кумановско. И да, така треба да не се бега од дома, туку пушка, макар ловџиска.
     
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Brvenica e cisto makedonsko , Dolno Sedlarce , Lesok , Blace i Ratae .. Mislam deka nema drugi cisti sela .. Celopek, Miletino , Falise , Sarakjino , Siricino itn se mesani , a Poroj , Dzepciste , Urvic , Recica , Selce , Lavce .. nekogas makedonski , denes cisto albanski sela ..
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Бидејќи живеев во блиска населба од каде се гледаше Арачиново и Скопска Црна Гора детонациите се слушаа многу силно. Секогаш ќе ми остане во сеќавање таа слика кога гореше гората а ние надвор деца пред зграда ќе си играме, а мајките од тараса ќе не довикнеа при секоја детонација. Оганот кој се воздигнуваше до облаците се гледаше дури од тараса.
    Најстрашно беше навечер. Лето седиме на тараса кога одекна една јака детонација, мајками беше на гости јас и татко ми бевме сами дома. Имаме пријатели албанци - добри луѓе, богати беа. Некој зазвони на вратата, јас учев за школо нешто и само отворив и тие на врата беа со децата преплашени. Само ми рече "имаше јака детонација моравме да избегаме, се доближија до нашата куќа, нема каде да преспиеме утре бегаме за Пробиштип." Децава се тресат како труп, отворив врата а бидејќи се знаеме долго време, тие си купиле се за јадење.. Учењето го баталив се занимавав со мали деца, после пријателот доби повик дека куќата на нивните пријатели е срушена и дека влегле во нивната куќа но ништо не зеле.
    Другиот ден си заминаа луѓето и ден денес контактираме, само едно нешто ми остана во сеќавање најмалото дете седејќи на тараса со мене само се сврте кон мајкаму и и вели "мамо ние веќе немаме дом, нели е таму, види како гори."

    Страшно беше тоа, цела вечер имаше детонации, мене искрено најстрашно ми беше кога се поминуваше по стариот пат кој води кон арачиново преку ченто ептен беше морничав. Ме плашеа војниците, тенковите, жиците.
    Тогаш и во Куманово беше критично.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    12.799
    Сакаш да кажеш Албанците заминале за Пробиштип?
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Да.