Во друштво на куртизаната (Сара Дунант)

Дискусија во 'Книги' започната од Nati.P, 2 август 2011.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    849
    Сара Дунант во овој роман толку сликовито го опишала животот во Ренесансна Италија.

    Во центарот на вниманието е куртизаната Фјамета Банкини и нејзиниот верен пријател и придружник, џуџето Бучино Теодолди. Тие двајцата бегаат од Рим кога бил нападнат од армијата на Светиот Римски Император во 1527 година, и одат во Венеција - царството на куртизаните. Со помош на Ла Драга, слепата жена која ја лекува, како и на нејзиниот верен придружник Бучино, тие започнуваат да ја развиваат стратегијата за да се пробијат и инфилтрираат во Венецијанското општество и да продолжат да го живеат животот како до тогаш - во сјај и раскош!

    Дунант напишала еден неверојатен роман испреплетен со историски настани кои го будат вашиот интерес и ја оживуваат Венеција од тој период пред вашите очи, но пред сѐ, ова е роман со една љубовна приказна. Таа вешто успеала да ги сплоти различните ликови почнувајќи од Турчинот кој бара нови и млади љубовници за својот султан, љубовникот на Фјамета, слепата девојка Ла Драга итн...

    Сѐ на сѐ ова е една неверојатна приказна за желбата и разочарувањето, гревот и религијата, лојалноста и пријателството и воедно нѝ дава портрет на еден од најубавите градови во светот - Венеција!!!



    Ја прочитав во еден здив, многу е интересна и самата книга те тера да ја дочиташ до крај, па девојки, најсрдечно ви препорачувам да ја прочитате и да споделите свои мислења ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • 49143g.jpg
      49143g.jpg
      Големина на фајлот:
      17,1 KB
      Прегледи:
      220