Секој од нас сака барем еднаш во животот да искуси одредени работи или посети одредени места. Оваа тема е за тоа. Споделете работи кои би сакале да ги искусите, места кои би сакале да ги посетите итн. барем еднаш во животот. (Ако темата е дупла - канта) Јас на пример сакам да пробам банџи џампинг. Ми изгледа страшно но е нешто што сакам да го пробам пред да го напуштам светов.
ја посетам Јапонија, Германија, САД. Имам секс - оти до сега сум немал и истиот да го почувствувам и психички и физички
Да успеам да искачам некој голем планински врв, Да возам мотор yamaha r6, Да летам со падобран, За посетување места имам баш долг список, ама еве на прво место нека биде Виена бидејќи имам една личност таму што сакам да ја запознаам.
Во животот сакам барем еднаш да 1.Да пробам Параглајдинг 2.Да гледам финале Милан - Интер на Сан Сиро 3. Да живеам некое време на Сибир
Да пробам банџи џампинг , скокање и летање со падобран , да возам хеликоптер , да добијам симболична сума на лото ( или игри на среќа ) , да бидам 24 часа сама со себе ... to be continued !
-да летам со падобран - да одам на Tomorrowland -да одам било каде во САД -да одам во Дизниленд -да пливам со делфини -да одам на одмор со другарки/партнер на некое егзотично место -да отидам на авантуристичко патување -да отидам во Дубаи -да го посетам Таџ Махал -да си купам добра спортска кола и да се тицам некаде Сега за сега волку ми текнува, има уште мал милион работи што сакам бар еднаш да ги направам
Барем еднаш да имам прилика да присуствувам на гренд-слем финале во тенис и во машка и во женска категорија (по можност да игра Серена )
Барем еднаш: - да ги посетам Шведска, Швајцарија, Јапонија, Англија - да појдам на егзотичен одмор со дм - да летам со падобран - да појдам на концерт на Тејлор Свифт ...
Би сакала да искачам некој висок планински врв (и сите во Македонија!!) , да истрчам маратон, да летам со падобран ....
Би сакала барем еднаш да ги посетам Бали, Тајланд, Малдиви, Куба, Мексико, Јапонија, Колумбија, Аргентина. Не се само овие Многу скромно нели?