1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во каква состојба би била Македонија без странската помош?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 27 март 2023.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.532
    Допаѓања:
    13.861
    Темава ја отворам инспирирана од став на една феминка која кажа дека се срами затоа што странците ни реновираат болници и школи. Се согласувам целосно, за срам е. Само во мојата непосредна околина во радиус од 1 км се направени 4 проекти со странски пари, донации. Тоа се тие што ги знам со сигурност, а веројатно има и нешто плус за што не сум чула, нити прочитала. За два дена две вести на тв, ем прочистителна станица ќе се гради, ем утредента се промовираше реновирана клиника во Скопје и тоа со американски пари колку што сфатив. Моето мислење е дека без странски грантови ќе бевме на ниво на Африка (нека не се навредува никој). Знам во едно училиште со донација од странска амбасада ставаа реквизити, кошеви, лулашки во двор, па навечер и возрасни си лулаа и се уништија, искршија и никому ништо. За срамота. Кое е вашето мислење?
     
    На 20cm и Victorian им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.802
    Допаѓања:
    80.573
    Пол:
    Женски
    Во тешка мизерија.
     
    На 20cm, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.384
    Пол:
    Женски
    Не би постоела Македонија.:D
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Тралала, тралала, сама си го барала.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека не е независна држава, сметам дека странските донации се трошки.
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.843
    Допаѓања:
    129.449
    Пол:
    Женски
    И не е, и е за срамење.
    Не е бидејќи и држави во подобра состојба од нашата добиваат донации. Е, бидејќи дозволуваме идиоти да ја водат нашата. :D
     
    На 20cm, Nana1156 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.282
    Допаѓања:
    21.328
    Пол:
    Машки
    Мое мислење е дека нашава Македонија има многу потенцијал од страна на земјоделство, рударство и вода што поседуваме. Арно ама народот е научен на непотизам, корумпираност и сите лоши работи, така да џабе е се кога не се знае да се искористи потенцијалот и станиме една од подобрите земји.


    А во поглед на сојузник или по наше сервилен послушник на некој од големиве сили сакале или нејќеле подобро вака преку донации да сме опресирани, отколку насилно да не тераат да прајме нешто што не сакаме. И секогаш во секое време би ја бирал Европа и Америка пред Русија. :)
     
    На 20cm и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.967
    Допаѓања:
    187.530
    Па за срамота е.
    Кој ги изградил тие болници, школи, патишта и пруги кои сега за одржување бараат странски пари? :?:
    Мора да е тоа истиот мистериозен градител на египетските пирамиди, друго објаснување нема.

    Ко ќе ти даде комшијата пари да реновираш дома, што значи тоа уствари?:smirk:
     
    На BloodElf, 20cm, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    ... си го дал г*зо под кирија.
     
    На BloodElf, 20cm, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Доколку не би била ,, странската" помош, северџан би бил:
    1.РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
    2.Држава до еден и единствен службен јазик!МАКЕДОНСКИ!
    3.Држава со цврст став за сите национални интереси!
    4.Држава кон која странците ке гледаат со СТРАВОпочит!
    5.Демократија избалансирана соодветно спрема нашиот менталитет, а не демократија диктирана од западот..
    Или во кракти црти, стабилна и напредна држава!
     
    На BlackNight, Passenger555, Vesper и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.967
    Допаѓања:
    187.530
    :D
    Да е само под кирија.

    Американците рекле- нема такво нешто како бесплатен ручек. Ама ете, тешко било да се сфати
     
    На BloodElf, Billy Idol, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Толку ни е капацитетот па ти.
    Да бевме словенци, ќе бевме ко Словенија.
    Ама не сме. Македонци сме.
     
    На Nana1156, Tanjamm, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.967
    Допаѓања:
    187.530
    Абе шознам. Ќе речев малку народ сме, ама па и словенците се малку. Ќе излезе на крај турците се криви, таков менталитет изградиле, таков ќе биде. И словенците да беа под турско да ги видев кај ќе беа:D.
    Ботом лајн -турците да ни го берат гајлето:angel:.

    Мада све оди во сто лепе, и французи и германци денес на улица се. Ради ,,странска помош,, ваљда:smirk:. Уште ми е нејасно која е таа ,,странска помош,,
     
    На Billy Idol и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Мајтапо настрана, ама така е.
    Горе има Австро-Унгарско влијание, овде долу Отоманско.
    Во се' се гледа... архитектурата, културата, политиката... се'

    Си каскаме позади, ко Максим по дивизија...
     
    На Nana1156 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.648
    Пол:
    Женски
    Абе тие даваат едно за возврат бараат три. Ко демек еве некој денар изгради си болница, ама смени име, смени ова, сцени она. Фактички не се донации нели? А не е ни милост. Не барате ништо за возврат кога донирате во црвен крст, нели? Епа тие бараат. И да, најскапо се плаќа бесплатниото.
     
    На Billy Idol и Nana1156 им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.532
    Допаѓања:
    13.861
    Македонија прима странска помош откако постои, не од влезот во НАТО. Во сите општини се гради по нешто со странски пари. Демек од нас голи и боси, луѓе кои немаат да си реновираат една месна заедница, да си стават клупи и канти во доволен број, тие ќе ќарат? Не е така. Од Македонецот никој не може да има ќар, по никој основ. И срамота е друг да ни реновира клиники, да има кај да се лечиме. Срамота е странци да ни донираат мамограф на пример. Срамота е странци да ни даваат смарт табли. Срамота е странци да ни даваат пари за канализации, урбанистички планови, патишта, па дури и Американци преку еден проект на македонските земјоделци од различни региони им донираа систем капка по капка за производство на пченка. Кога не сме способни за ништо, ќе плукаме по странците и ќе кажуваме дека тие нешто нас не користеле. За што тоа не користат? Јас би рекла обратно. Ние буричкаме во нивните џебови. Просиме, ги искористуваме, уживаме во тие трошки кои ни ги фрлаат, затоа што ние ни трошки немаме, а после истите странци ги плукаме. Знаете ли дека во државава се купуваа знаци, патокази за до одредени туристички локалитети со странски донации? Па тоа е дно. Реално не треба да ни дадат ни евро, да живееме како Африка, па да засукаме ракави.
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ох @Tanjamm колкаво величање на странците и нивниот алтруизам поради кој "ние буричкаме во нивните џебови".
    Дали ти ова озбилно го мислиш?:o
    Тебе може ли некој да ти брцне во џеб ако не дозволиш, а и ако си дозволила да ти брцнат зарем ќе немааш некој свој есап или интерес од сето тоа?
    Се што е заостанато и се отарасува западот од тоа најчесто завршува во земји од трет свет, ете и тука. Тоа што е ново не е донација, ќе фрлат тие трошкички ама грото идните поколенија има да го отплаќа до кој знае кога.
    Така да многу наивност и величење на широкоградоста кај некои народи што пишаа погоре изјавиле нема бесплатен ручек, не е на арно.
     
    На BloodElf, Billy Idol, tanjaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.532
    Допаѓања:
    13.861
    Aко е така, зошто не се фатиме за работа, па самите да ја средиме државата? Зарем една општина нема пари за поправка на покрив на школо кој кисне, ама има за репрезентации на локални директори кои достигнуваат и по 80 евра дневно и тоа пред короната? Директори јадат, пијат по ресторани со народни пари и тоа е законски, дозволени репезенации, ама нема пари за школо. Тоа се вика неспособност.
     
  19. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.648
    Пол:
    Женски
    Па душо моја тие директори ги штити некој, на пример владата, а владата ја штитат толку величенствените и добродушните американчиња. Ним им одговара нашата влада за сопствениот народ со прст да не мрда, впрочем и тие тоа го прават. И потоа еве повели нешто од нас како поклонче, за послушноста дее
     
    На Billy Idol и Nana1156 им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.967
    Допаѓања:
    187.530
    Не, тоа се вика корумпираност.
    И не може да се среди држава- ,,странската помош,, ќе нема корист тогаш. Затоа, корумпирај мајсторе:handshake:
     
    На Billy Idol, Feminka22, sino.o.oka и 1 друга личност им се допаѓа ова.