Во кафуле или во ресторан со деца

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 16 август 2013.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.339
    Многу често кога треба да се сретнеме со пријатели на кафе или на ручек во ресторан, со нас ги земаме и нашите деца. Деца како деца, во кафиќ реално за нив нема ништо интересно, им станува досадно, па почнуваат да беснеат. Има различни кафичи и ресторани - некои се постегнати и нема апсолутно никаква забава за деца, а има и такви во чијашто близина има лулашки или простор во кој децата ќе можат да си играат.

    Каде одите вие на кафе или на ручек со вашите деца? Важно ли ви е да има децата каде да се занимаваат и сакаат ли тие да одат со вас на кафе или досадно им е?

    Мене секогаш ми е проблем да изберам место во кое треба да пијам кафе со пријатели, а сакам да ги земам и децата. Не сакам да им биде досадно на децата, но сакам да одам на кафе :)
    Често одам на кафе во некоја од игротеките, најчесто во Хабиленд во Спортскиот центар Борис Трајковски, или новата игротека во Илинден, а некогаш и на кеј во Ања, па децата седат на лулашките иако веќе се големи за нив. Порано одев многу и на Градската плажа кај Градски парк, но оваа година не сум отишла, не знам ни дали работи. Инаку ова беше навистина убаво место за занимација на деца, никогаш не им било досадно таму.

    Од рестораните, најмногу сакам да одам во Џино надвор, на масите во делот без настрешница, па децата си наоѓаат некаква занимација на плочникот, иако пак им е прилично досадно. Друга опција се Пелистер и Фиренца, па тие се маткаат на плоштад, но таму е поголема гужва, па бара поголема концентрација за следење каде се и што прават :)
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.619
    АБЦ, Астера каде што седевме, градската плажа функционира и е супер за помали деца да се занимаваат, Еври Деј има игротека надвор, Форца (се плаќа), Сити Мол (само ќе мора кафето да го испиеш на терасата на игротеката :lol: )....во моментов не ми текнува друго место :worried:
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    So deca samo doma :D kolku pati mi se ima sluceno taka entuzijasticki da se spremime za iskacanje, a koga kje se vratime doma obavezno sledi bash ovaa recenica :D mala shala....
    Kjerka mi e pogolema I so nea problem ama bash nikakov za iskacanje, sekogash ja zemame so nas. Vo posledno vreme iskacame samo trojcata, maliot kje go uspijam I go ostavam doma a nie odime.
    Maliot sega e vo faza na prooduvanje I e naporen, saka da sheta, da cepne se' I nema shansi da se sedi na raat, nitu kafe da se pie, a za restoran pa ne doagja vo predvid, nalet izleguvanje |(

    Nie isto najcesto odime kade ima igroteki, najposeteno ni e ABC, ima tamu nadvor igroteka, ekstra e, tamu koga odime go zemame I maliot. Ili pak nekade niz trgovski, bilo koe kafule ako se raboti za kratka sedenka, so toa sto dodeka jas pijam kafe mm gi sheta decata normalno so drug tatko so dete :D , a posle se menuvame, nie zeni shetame, a mazite pijat. Ama ova samo ako so nas e I maliot, vo sprotivno ako doagja so nas samo kjerkata meracka sedenka isteruvame.

    Sto se odnesuva do restoranite, obicno mm e sloboden vo nedela, pa toj den ni e rezerviran za shetanje nadvor od Sk., odime vo Belvi, Vizijana-toa e posle etno selo I tamu ima nadvor igroteki ili pak odime na Chardak-poblisku ni e. Sega vo nedela sakame da odime nakaj Veleshko ezero, uste da najdeme koj da go cuva maliot :wasntme:
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.339
    За местата надвор од Скопје, Визијана дефинитивно е најдоброто - има лулашки и трева ако сакаат да играат со топка, плус и да видат во живо животни :D И цел ден да останат, не им е досадно.
    И во Чардак често одиме, ама за викенди.

    Во Белви одевме многу, ама престанавме кога ќерка ми падна во езерцето, па веќе не сака да оди таму, срам и било :D

    За викенди некако има повеќе избор, само што треба да рзервираш, а и најчесто одиме со пријатели со деца, па си имаат и друштво. Мене повеќе ми е проблем за преку недела, или за викенд ако седнеме некаде неплански, без друштво.

    Супер што го спомнавте АБЦ, таму ич немам навика да одам, баш денес ќе отидам да видам како ќе поминеме.
    Астера е ок, ама за зима. Кога е убаво времето жал ми е да седат во затворено.
    Во зима одиме и во Веро центар, само сега Мек Доналдс го нема, немаме мотив :P

    Во Сити мол многу е безврска што мора да си во игротеката. На таков трговски центар му треба игротека во која ќе ти биде згрижено детето додека ти си на шопинг, како што е во Рамстор.

    Овие моиве веќе се „големи“, па класичните игротеки некако досадни им се. Повеќе сакаат да играат брканица или со топка.
     
    На awl и lolyta777 им се допаѓа ова.
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    син ми е мал ама е живец невиден, неседи во едно место 3 секунди, така да кога излегуваме навечер со мм најчесто го оставам со свекрвами, ретко го земаме, ако го земите чекаме прво да заспие па да влезиме негде, иначе ретко кога сме заедно излезени влегуваме некаде, најчесто го шетаме и го носиме во паркот да се истрча.
     
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    24.855
    Си го знам детето и затоа одбегнувам да седнам со него во кафуле или ресторан.
    Имам неколку неуспешни обиди... еднаш порачавме пијалок и јадење, па кога видов што се случува веднаш му го откажавме јадењето на келнерот а сокот го испивме на екс и бегање од пицеријата. Не седнува ни секунда а не пак подолго време.
    Летото кога бевме на одмор, мм ја шеткаше додека јас сама вечерав во ресторанот, потоа смена, тој сам на маса а јас со детето на прошетка(facepalm)
    Кога мора и е неизбежно да се појавиме некаде со малата (пр роденден), најчесто се тоа кратки седенки и со душа чекам тортата да се сечи па да си одиме дома. Напорна е ептен и мачење за сите ако од неа бараш да седне на едно место и да се занимава. Нема шасни!
    Сеуште е мала за да можам да се радувам на локалите кои имаат лулашки и игротеки, и таму не може сама да се игра па мора возрасен со неа. Така да. ќе чекам да потпорасне па да седиме некаде како нормални луѓе за да пиеме кафе или јадеме.
    Дотогаш ќе се шеткаме во парк, ќе се луламе на лулашки и ќе си играме во игротека заедно со малата.
     
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    62.698
    Пол:
    Женски
    Дур беше бебе малата без проблем седнувавме сегде пошто беше многу мирна ама кога беше периодот на проодување низ нос ми излагаше и кафе и се па се откажав тој период од одење по кафичи и ресторани.Откако прооде а досадно и беше по кафичи одевме по игротеки па таму на раат седевме и пиевме кафенце дур она си играше а цело време ми беше на видик.Е сега последнава година без проблем одиме секаде,не прави проблеми,не досаѓа,сака само шлагче да и нарачаме и она е мирна и ужива :)
     
    На Miss.Sweet, joy1 и redmama им се допаѓа ова.
  8. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Не ризикувам да седнам некаде затоа што знам дека цело време ќе треба да трчам по него.Кога беше помал си седеше во количка и си дозволувавме такво нешто пр.кафе испиено на раат.Некој спомена одмор претходно мислам толку се изморив што заборавив дека сум на одмор.Јаде мм јас си играм со него па после не сака без мене да си игра мора заедно ,па ќе се убедиме некако колку да се јаде нешто.Еднаш не седнавме заедно да јадеме. Додека во игротека може да си игра и да заборави дека постоиме па тоа е единственото место каде може да поуживаме и ние и тој.
     
  9. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    Sega za sega sme samo vo igroteki na raat kafe inaku nema sansi na drugo mesto,a so drugarki ili nekogas so mm samo sami moze, imavme nekolku obidi ama bezuspesni so nego se prevrtuva za sekunda miren e ne los i slusa se,ama e zivec neviden mesto ne go drzi :)
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.350
    Допаѓања:
    24.167
    Само јас ли немам мир ниту во игротека?
    Моево дете не се дели од мене. Дури и во игротека и на лулашки, било каде, секаде е залепен за мене. Морам да го лулам, возам, играм...
    За кафичи и ресторани не зборувам воопшто, no way.
     
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.972
    Пол:
    Женски
    Од искуството со син ми не ни пробав со ќерка ми да одам во ресторани и кафичи. Одиме на места кај што има храна и кафе ама и играчки и ок се и двајцата.
     
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.444
    Po kafici odime so malata i mm. Kafeto ni trae okolu 30-45 min. Za zanimacija obicno solenki gricka, i i davam slamki nekolku vo raka i se zaigruva so niv. Vo restoran ne sme bile. Vo igroteki si igra so topcinja mali,lulaski.... Zasega dobro stoime na toa pole.
     
    На Miss.Sweet, zuto и joy1 им се допаѓа ова.
  13. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    10.163
    Пол:
    Женски
    Исто и ние одиме но само со едната и по кафичи и по ресторани и добро е за сега не ни прави галама за од сега незнам како ке е
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Маж ми вели мене по кафани не ме носеле, и баш ми е незгодно кога некои пријатели не викаат ви кендашки во кафана што не е приспособена за деца. Или по слави и родендени со деца одат и децава седат, а ја неможам да го приберам моево од бељи правење! Мислам дека моево дете е најлошо од сите!
     
  15. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    14.572
    Пол:
    Женски
    Кога беше помал син ми 7-8 месеци во количка имаме отидено во пицерија 3-4 пати но и тогаш не сакаше да седе во неа па мораше во раце.Потоа откако прооди отидовме уште еднаш се изначекавме па пицата ја носевме дома ја јадевме,не му се седеше на малото.На кафе со другарка отидовме пред некој месец , почна да вика да си збори нешто да фрла се по земја,мислам сите во нас гледаа,На брзина испивме и си кренавме.Значи се по него да одиш,а немам на кого да го оставам ни 5 минутки.Тоа е.
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.155
    Допаѓања:
    65.160
    Пол:
    Женски
    Od koga e roden do sega 14m glas ne pustil vo kafic/kafana, pa zatoa i cesto si odime so nego sekade. I da eci muzika, znae da si zaspie i gajle nema :D sedime niz skopskive kafici, kafani, no cesto znaeme da zabegame nekade i vo drug grad. Novo poseteno mesto ni e Etno Vila Vesnica, Cardak i mestoto e preubavo so detsko katce nadvor za igranje :)
     
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    24.855
    До скоро не се осмелуваваме, ама оваа лето правиме обиди со малата да седниме некаде!
    Тоа се најчесто кратки седенки, бидејќи и здосадува и започнува да се опушта малце повеќе па и белји сака да прави. На маса со нас седи кратко време, а потоа шетка таму-ваму (досадува по др. маси и непријатно ми е (facepalm)), ја ограничувам дека не смее да излезе надвор со причина дека минуваат автомобили (а ептен почитува да не оди по улица)...
    Ама ич не сум слободна и дури напната сум па не ми се седнува многу.
    Во игротека е многу возбудена и занесена во игра и воопшто не ме слуша ниту се замара дали сум до неа. Еден од мене и сопругот мора да биде до нејзе за да ја варди, а другиот сам седи на маса... И не ми е убаво така.Јас најубаво минувам со малата во парк, ќе ја пуштам да се истрча и пак ја враќам во велосипедот па си одиме дома.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.587
    Допаѓања:
    232.417
    Во кафуле не сме биле.
    На жалост пристапот до истите е најчесто комплициран и просторот меѓу масите е прилично тесен. Тоа ми е од суштинска важност, не само за да влеземе, туку и брзо да може да испадне барем едниот од нас во случај малата да се вознемири.

    Во префинет ресторан истотака не сме биле со нејзе.
    Моја одлука е дека таму каде што се слуша мува како прелетува и е не само услугата туку цената и те како на друго ниво од оние нормални, никој не е должен мое дете да трпи.

    НАјчесто одиме во пицерии каде и така секогаш е гласно, ресторани каде приоритет се дава на дружење, веселење и муабети а не оние од првиот предходно споменат тип, или пак најново летни тераси ни се сега најчест избор.
     
    На irena.1, ♡BuBaLe♡, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    16.938
    Пол:
    Женски
    Sin mi pak,e kafanski covek. Koga sedime vi kafule,onaka na kafe,znae da si igra so sekjerot za kafe,obavezno vo rance mu nosam nekoja igracka pa se zanimava i so nea,ili ,,gostin,,e po drugitr masi(najcesto pri kraj koga mu zdosaduva i vednas stanuvame zasto ne sakam da bideme dosadni nekomu)
    Za kafana,obozavatel e :)
    Dodeka go donesat jadenjeto,nestrpliv e i ceka hrana :) poracuvame za nego ona sto bi mozel da go jade i uziva.
    Najcesto odime na mesta kade sto ima prostor,kade sto znaeme deka ima i drygi deca i vo soodvetno vreme.
     
    На mama31 и joy1 им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.167
    Пол:
    Женски
    Често ги носиме децата со нас. Ретко седат мирни. Еднаш поголемиот син отиде кај шанкерката и и помагаше околу работата.