Здраво на сите не најдов ваква тема а многу ми треба ваше мислење па затоа ја отворив темава.Вака има 13 год живеам во кисела вода и оваа година завршувам 7 одд .Другата година ке бидам 8 ама догодина се селам во Ѓорче и сега незз што да правам дали да останам во ова училиште во кое што учам или да учам во училиштето во Ѓорче бидејки ми е последна год незз што да правам .Ќе ве замолам да дадете некој совет што да правам
Па останиси во тоа училиште кое си учела до сега,јас мислам дека не би требало да ти е проблем за уште една година.
Зависи колку ти се драги оние со кои што учиш во моментов. Доколку имаш навистина добри другарки таму, мислам дека не вреди да се префрлаш. Е сега јес да школото ќе ти биде далеку, ама па сепак последна година ти е од основно и што знам поубаво е да ја прославиш полуматурата и сите тие работи со нив. Сепак ова е мое мислење, а ти си знаеш како ти е подобро.
Се работи за една школска година...патувањето со градтски автобус не е ништо страшно...и онака најверојатно тоа ќе те чека за во средно школо...познавам и помали од тебе што патуваат за во основно училиште. Мој совет ти е да си го завршиш училиштето таму каде и што си почнала.