1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во која фирма посакувате да работите?

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 6 февруари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сите си имаме желби и копнееме за работно место во некоја наша фирма или фирми.
    Која е таа? Каде би сакале да видите оглас, во која компанија?
    Дали сте аплицирале некогаш во таа или ако се повеќе во тие?
    Дали можеби и сте биле на интервју?
    Можеби некој и работи во фирмата во која во минатото посакувал.
    На кое работно место се гледате таму?
    Мислите дека тоа може еден ден да ви постане реалност?
    Што посебно ве привлекува во таа фирма?


    Да видиме кои наши фирми се најпосакувани за работниците. Дали се тоа големите фирми, дали е тоа државната администрација, дали е тоа претставништво на странска фирма, дали е тоа некоја позната мала фирма итн. :)

    Имам читано анкета за ова прашање и 4-5 фирми се вртеа и речиси сите посакуваа таму да работат :)
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.193
    Допаѓања:
    235.195
    Мојава желба не е фирма, ами МВР :wasntme: .
    Посакувам да работам таму, поточно аналитика.
    Професија од соништата.
    Или детектив, овај инспектор за организиран криминал или трговија со дрога.
    Оглас до сега немам сретнато, но знам дека тешко се влегува на ваквите места.
    Плус се работи за ризична работа и си под постојан притисок, но го сакам тоа.
    Се надевам дека еден ден ќе ми се оствари желбата, и ќе ја работам работата од соништата.

    Засега се усмерувам за адвокат, стажирањето штотуку започнува, па година до две сум таму.
    Секако, и во оваа област би сакала да работам со најдобите адвокати од областа на кривичното право, ама за жал условите не го дозволуваат тоа.
    Но вољата за успех е голема, амбиците се овде, па во иднина кој знае, може и во МВР ќе ме гледате, во аналитика или како гонам криминалци 8) .
    Или како некој добар адвокат ;) .
     
    На Hiii и nela.oh им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Немам пикирано ниту една одредена фирма, не знам зошто, но мислам дека поголемиот дел во Македонија се крш, во поглед на коректноста и фер односот кон вработените.
    Мои блиски другарчиња имаат работено во фирмишта како Џонсон Мети, ајде уствари да не испадне невкусно, нема да набројувам, но јаки фирми од различни бранши - кондиторство, фармакологија, адвокатура, трговија и сите биле незадоволни.
    Некому не му била погодена платата, на друг работното време, односот со претпоставените, непријатната работна атмосфера, останување прекувремено за без потреба, просто лош и нечовечки однос...
    Мислам крајно време е фирмите кај нас да заличат малку на оние од Запад и Америка, дали нашиот народ е навистина толку лабилен и прост, па уште го сметаат овца за стрижење и го јавнува кој сака, па сме до ова дереџе, не знам искрено...

    Да скратам - не сум помислила ниту посакала да работам во ниту една фирма, единствено сметам дека оние во банкарството и на аеродром се во блага предност.
    Што е до мене да сум во можност, би играла - сам свој газда.
    Не е воопшто лесно, и ни најмалку исплатливо на почетокот, но сам се трудиш, сам организираш и поставуваш правила и САМ си одговорен за својот успех / неуспех.
    Би сакала да имам своја PR фирма или маркетинг агенција, и ќе си ја крстам "Исто како дома", за почеток внатрешнто уредување ќе ми биде од сите вишоци на мебел низ дома - маси, столчиња, милиња, слика-репродукција на девојчето што плаче, итн.

    Деца, пазете, :!: ако некој ми ја украде идејата ќе тепам!
    :D

    edit: Кои се тие фирми од соништата Роси, чисто онака ме интересира... :?:
     
    На LilBaby, Ariel, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Spring17

    Spring17 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Во банка или во некоја голема фирма.. Во Прилеп-ов ништо не остана... само Витаминка е. Па би сакала да работам во Скопје во некоја банка,или нешто што е поврзано со економија,сметководство.. и такви ствариии :)
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не е фирма, институција
    Но многу нескромно од моја страна
    Стразбур, Хаг или ООН-Њу Јорк :D
    Знам, знам in your dreams 8)
    Ете нескромна сум :D
    Се шегувам тоа ми се луди и никогаш остварливи желби
    За некоја можеви пореална, Хелсиншки комитет во Скопје, ама после последните вести гледам дека и тоа било некоја илузија.
    Можеби во некоја адвокатска канцеларија каде ќе им треба меѓународен правник, или пак во Министерство за Евроинтеграции :)
    Би аплицирала но дали ќе ме примат, сега не, нормалано кога ќе забрши целиот мој процес на образување.
    Поборник сум за човекови права, сум строго против смрттната казна, сакам да имам верба дека еден ден работите ќе се средат.
    Имам желба да ја видам еден ден мојата држава дел од сите оние големи сили, моќна, успешна праведна, силна. Сакам да им помагам на оние кои немаат, кои се дискриминирани, и во непожелна ситуација. Можеби па некоја меѓународна организација, за борба за правата на човекот.
    If only my dreams can come true :wasntme:
     
  6. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Многу слични амбиции имаме. :)
    Одсекогаш се замислував како вработена во МВР, во некој од одделите за криминологија, без разлика кој.
    Адвокат многу не ме влечело али ми е резервен план.

    I hope this will come true... :$
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Многу точно кажа бидејки има фирми кои толку убаво звучат, кои претставуваат фирма од соништата да не речам, а во неа работниците велат дека нималку не е совршено. Еве ќе ја спомнам исто фирмата што и ти ја кажа Џонсон, знам 2ца, едниот е презадоволен, другиот незадоволен. Едниот има супер шеф, другиот има ѓавол од човек за шеф. Не е само името, не се само условите, многу значат и надредените, бидејки најчесто од нив зависи како ти ќе се чуствуваш како работник.
    Има фирми кои се баш по некој западен терк и мерак да му е на човек да работи.
    Мене многу ми се допаѓа што во последниве години има анкета која е анонимна и се обираат најдобрите работодавци во Македонија.

    Од анкетата? Макпетрол, Алкалоид, Окта, банки и фирми од областа на телекомуникациите.
    Знаеш голео звучно име, голема фирма, се слуша повисоки плати имале и таму се мисли дека е перфектно.
    А постојат помали подобри и помалку звучни фирми, но ретко кој ги спомнува првично нив.


    Инаку од лично искуство ќе кажам дека работев/ам во фирми кои на некој начин се многу посакувани.
    Од едната плачев кога одев дома, значи стварно плачев од што ја мразев работата и толку примав негативна енергија, да и јас самата ја ширев. Тоа беа најлошите месеци во животот. Ебате плата, ебате работа, ебате високо име на фирмата кога никакво беше од услови, до надреденост, до колегијалност, а со таков ентузијазам со таква насмевка влегов во фирмата, да со насмевка и си излегов дека конечно беше тоа крај.
    А на второво освен статусот мој неопределен можам да кажам дека речиси совршенство да постои :)

    А си имам уште неколку фирми на списокот кои би сакала да ги имам во CV, времето ќе покаже :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    153
    Сакам да работам во моја сопствена фирма еден ден..сам да си бидеш газда..и убавини и грижи ќе видиш ;)
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ја би државна институција, пред приватна фирма.
    Државна работа, барем плата и остали приходи и доходи ќе ти бидат во ред.
    Ја љубам дипломатијата, па МНР ми е симпатично, од друга страна сакам криминологија и истражување па и МВР доста ме влече.
    Неможам да се одлучам за овие две исто и УБК т.е. ДБК, шионажа и разузнавање, ама ова е веќе сон, сепак се надевам дека некогаш ќе ми се укаже шанса овој сон да стане јаве.
     
    На blond, LilBaby, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Најголема желба ми е да имам своја биохемиска лабораторија..
    Но на страна од оваа желба, ако веќе треба да работам за некого, тоа би сакала да биде Систина, Ремедика, Алкалоид.. всушност, секаде кадешто ќе бидам соодветно платена и опкружена со нормални луѓе. Тешко е тоа денес
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.489
    Пол:
    Женски
    Најголема желба ми е да работам во некоја модна куќа, еве за почеток би почнала во Елена Лука, а потоа би завршила со нешто свое.
    Би работела и во некое модно списание или би си отворила свое.
    Всушност секогаш кога размислувам за иднина замислувам нешто свое.
    Во последно време се повеќе се интересирам за туристички агенции, па би сакала да работам во некоја или здравје да имам своја.
    Но, би работела и во банка (затоа ми се и ми поделени мислењата за постдипломски), би работела во некоја телевизија.
    А, да би сакала да работам и во библиотека. Мислам дека можеби не е многу платено, но е одлична работа.
     
    На Ники., WhiteAngel, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Сакам да работам во моја фирма.
    Зошто?
    Затоа што сакам сама да бидам одговорна за мојот успех или неуспех.
    Затоа што сама сакам да бирам со кого ќе соработувам, кога ќе одам на работа и кога ќе се враќам. И кога и колку ќе одам на одмор, а најсреќна би била кога би можела цело лето да не бидам во Скопје :D

    И немам амбиции тоа да биде голема фирма, не сакам вртоглав раст и богзнае колку пари - само плата која би ми завршила работа и да немам многу пречки на патот. Растот влече други проблеми, паѓаш во очи и пречиш некому.

    До пред некоја година сакав да работам во некои од „популарните“ фирми и организаци како УСАИД, Тутунска банка, Т-мобиле... толку. Мислам дека овие се издвојуваат по стабилноста, платите и односите помеѓу луѓето, иако никаде не можеш да бидеш сигурен каква ќе ти биде среќата, т.е. какви луѓе ќе ти се погодат околу тебе. Ама главно луѓето што ги познавам од таму се позадоволни од другите во истите дејности.
    Како и да е ова беше порано, сега веќе немам желба да работам во ниту една од овие, сакам да бидам „сам свој газда“.

    Во државна администрација никогаш не сум сакала да работам. Чудно, отсекогаш сум чувствувала одвратност кон државна администрација.
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Можда си летам во облаци, ама дефинитивно не се замислувам со работно место тука.
    Ако постои фирма во која сакам да работам, далеку е од Македонија.

    Единствено нешто кое што би го работела ако останам тука, е или да отворам адвокатска канцеларија, што соодвестува со мојот факултет, или да направам нешто креативно, како линии на накит, гардероба и слично.
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.193
    Допаѓања:
    235.195
    Јас и ти, еден ден, не би било лошо да бидеме колешки ;) .
    Можеби тешко до вакви позиции, ДБК, МВР, ама зошто и да не.
    И јас си велам, сон е, ама искрено се надевам дека еден ден ќе се најдам овде.
    Дури се и замислувам, а знаејќи се себе си, она што го сакам и го остварувам, така да можеби и ќе се читаме еден ден од канцелариите на МВР, со кафе во раце, заедно со Најубавата 8) .
    Голем оптимист сум, или повеќе би рекла сонувач!
     
    На LilBaby и najubava2010 им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.297
    Порано посакував да работам во адвокатска канцеларија или суд, но на жалост прерано се заситив од таа страст па решив да се преквалифицирам.
    Во моментот сум у фаза на праќање цв и потрага по нова работа, BMW,Mercedes,Audi...да не ги редам :lol: , ама некако многу привлечни ми делуваат :rofl:

    А во иднина дефинитивно се замислувам на пристаниште.
    Да живеам и работам покрај море, секојдневно да ги пречекувам и испраќам бродовите, мултикулти работна средина ....:$
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Не е баш фирма, ама во Југотон, шала на страна. :D Потоа сакам да си отворам и сопствена музичка продавница. :) Исто така и огромна желба ми е да работам во библиотека. :)
     
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Уметноста е онаа што ме влече мене но не се живее од уметност во оваа држава.Од секогаш сум се гледала во продукција за снимање спотови но не некои како "Томато", "Симплисити"...Туку и продукциите во Македонија не се виновни бидејки тешко некој да понуди добар буџет, најчесто се нуди нај минималната сума колку да се изведе некој минимален видео запис а сите сме свесни дека не вреди за ништо...Но ете од секогаш сум била филмаџијка со куп идеи плус од мала се занимавам со танцување и правење кореографии па и успешно ми оди...Но тоа е тоа искрено немам никаква надеж за тоа, одамна се одкажав од овој убав сон :)
    Сега имам друг, поскромен...Страв ми е да напишам бе луѓе, подобро за сега да молчам бидејки гарант ќе ми се урне и овој обично така оди таа работа кај мене штом уста отворам :worried:
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Фирма не е, ама не би било лошо да останам на факултет тука.
    Магистерска оп-цуп убава платичка :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Во Ford Motors,поточно сакам да бидам дизајнер на Ford Mustang.
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Kaj нас ,пробав во Алкалоид.Ме одбија после два месеци.
    Би работела и во автомобилската индустрија.Многу сакам коли.Многу би сакала да работам во некој салон за коли,и иако немам допирна точка,би сакала да работам на маркетинг 8) Пример во некој салон кај нас за Опел,Тојота,Форд....
    И најмногу од се,сакам да работам во БИЛО КОЈА државна институција!