1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во светот на паметните

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од batori, 16 февруари 2012.

  1. batori

    batori Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Епа вака едно прашање?
    Како во одредени моменти да со одредени луге (во неизбежни ситуации) прават тие да се оние паметните нај добрите, нај убавите и се нај нај! а всушност се.... да не се изразам лошо а морам ГРЕВОВИ ама мнозинство се и главни се! а ти си никој и ништо, едноставно не постоиш!!!
    И шлагот на јаготката тоа да ти е нај слаба точка, некој да ти се прави паметен? каде, до кога со таквите :devil: :D help me someone :angel:
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Во светот на паметните!!!!

    Воопшто не ни е лесно нас.
    Со нас секаде и секогаш!
     
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Во светот на паметните!!!!

    Aхххх ваквите ''паметни'' ги има со лопата да ги ринеш |( А што е најжалосно па убедени се бре дека се се нај нај :!: Страшно!Како со ваквите?Хехе никако игнор,не вреди да се нервираш јас самата се уверив.Смеј си се и свиркај си,нека мислат дека се нешто најневероватно на земјава,таквите кога и да ќе се треснат од земја и тоа опасно.
     
    На dolly.doll и crazylady им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Со вакците терај си по патот само а ако случајно наидеш на ситуација да мора да соравутавете, и се прави паметна .. Ондак изаргументирај ја ... ;) Ама пред сите :!:

    Па да видиш како ке си наведне глава 8)
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.990
    Допаѓања:
    279.165

    Те цитирам само поради тоа што прашањето беше поставено од твоја страна, одговорот не се однесува лично на тебе или твојата ситуација.

    Но во некои ситуации кога некој е главен па макар и самиот себеси да се прогласува за најпаметен, може има причина зошто он е во мнозинство и на врвот а другиот не постои. ;)
    Некогаш треба туѓите, но некогаш и сопствените ставови, постапки и размислувања да бидат преиспитани.
     
    На Someonespecial, imelda, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lalala.1

    lalala.1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    јас па неможам да ги сфатам тие кои што се стварно паметни а прават толку глупави работи просто да им се чудиш . Познавам една девојка која што навистина прави глупави и не правилни работи , на пример иде со женет маж веќе со месеци , а стварно се гледа дека е паметна со начинот на кој што се изразува , и секогаш знае што да каже и на било кој начин да ја испровоцираш знае да ти го плесне најјако и во која ситуација и да е знае да се извади , читана е и со факултет и неколку јазици знае ама некои постапки стварно ме вадат од такт
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Не сум најсигурна дека го разбрав добро прашањево :lol:
    Според мене до одреден степен е добро човекот за себе да има високо мислење ,бидејќи ако самиот не си се цениш ,никој нема да те цени. Еве јас за себе мислам дека сум паметна,убава,добра и да не набројувам. Во одредени ситуации ,во некое х друштво чувствувам дека можеби сум најпаметна или имам најголемо искуство и тоа можеби ме крева на погорно ниво (не ми го храни егото) и не гледам зошто некој треба да се чувствува загрозен. Се наоѓам некогаш и во обратна ситуација и тогаш само добивам волја за надоградба ,а не се фрустрирам ,или пак доколку мислам дека дотичниот/ната тресе глупости на маса вадам аргументи. Ако не можам ни со едниов ,ни со другиов начин најверојатно би го напуштила друштвото/мастото и никогаш повеќе нема да се вратам . И што би рекла баба ми Таму нема леб за мене !!!
     
    На imelda, crazylady и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Па во одредени ситуации и друштва се случува да си најпаметен/најинформиран за одредено нешто и нормално дека сакаш да дискутираш, анализираш, да си дадеш свое мислење и гледиште.
    Ако некој поради тоа се чувствува загрозен, исфрустриран и маргинализиран - негов проблем, земи, отвори книга, научи, продлабочи го мозочето, па бујрум, ќе зборуваме.

    Мене ми е особено ќејф и задоволство кога сум во друштво каде што некој се остакнува со одредено знаење, од одредена област - историја, архитектура, уметност... и зборува и објаснува со живост и жар, да те заинтересира и заинтригира... тогаш молчам и слушам и учам и мило ми е што постојат такви луѓе и што ги запознавам.

    А остатокот да речеме ја потценува таа личност - Ааааа, уста не затвори, го/ја слушаше ли, па напор, па сака само да се истакне, да се направи важен...
    Па кој ти е крив сестро што дискусиите не ти одат подалеку од тампони и маникир, па се друго ти е досадно и претенциозно?

    А кога дотичната личност очајно сака да се прави паметен/тна и по секоја цена, со сила се обидува да демонстрира знаење и ум, а треска глупости, јас ги опоменувам.
    Не станувам да си заминам, туку отворено му/и кажувам - ова нема врска.
    И би сакала и некој да ме опоменува мене ако јас тресам глупости.

    Па така се учи.
     
    На Angie1432, tranquila, strangewoman и 13 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Да, кога некој е информиран за одредена област и сака да си дискутира и мене ми е задоволство да слушам, ако не сум толку информирана и да научам нешто. Ама што правиме со оние кои се погрешно информирани, а упорно се докажуваат? Му укажуваш дека не е така, ама не бре брате, он е најпаметен и се знае. Е јас со тие не можам да се сносам и богами или прекинувам дискусија или си заминувам. Едни од луѓето кои не можам да ги поднесам во друштво.
     
    На batori и BoaVista им се допаѓа ова.
  10. batori

    batori Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    се мисли на неизбежни ситуации, пример во стан со цимери, колеги каде што изгледа од некоја преголема слобода што си им ја допуштил и добрина, па си земале за право да бидат главни, НЕ ДА СЕ ЦЕНАТ ТУКУ ДА СЕ ПРЕЦЕНУВААТ! НАЈЛОШО! во стилот јас ке правам што сакам ја за се сум во право сите мои ситуации се оправдани а твојте не!!! алоооо кој си ти /таа на светот!!! :D грев гревосан да не кажам биди што сакаш ама пред се човек, може баш заради тоа што на ПРОСТИ ЛУЃЕ ИМ ОДБИВАШ НА ГЛУПОСТИ НЕ ИМ ЗАМЕРУВАШ баш затоа се слуЧуваат такви работи едноставно си Го дозволил тоа! а после ДА ЗЕМЕШ ДА МУ ЈА УЧУКАШ ЕДНА џабе ќе е!!! ама се тешам со оние другите и мислам ке се навикнам ако не стане уште полошо, зОшто незнам како да реагирам во ретардирани ситуации немам пракса!! :D
     
  11. Pixyy

    Pixyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    мразам вакви луѓе кои мислат дека се најпаметни,најубавии, едноставни тие се прават главнии.
    многу ме нервираат вакви луѓе опколена сум од сите странии.. :(
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Мислам дека секој од нас бара начин да се истакне, и скоро и да нема некој што макар и потсвесно не сака да биде подобар од другите. Мое мислење. :)
    Но сепак иритира тоа покажување и докажување пред другите. Секако, ако некој се разбира во некоја област добро е да го покаже знаењето, да каже нешто интересно. Ама се што е претерано не е добро.
    Колку и да не сакаме, секогаш ќе се најде некој попаметен, поубав, подобар од нас во било која област од животот. ;)

    Често сум во друштво со личности што мислат дека знаат се, и колку и да звучи чудно, обожавам да дискутирам со нив па и да им одам контра ако има потреба. :D
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Батори јас немам искуство со цимери и не знам како одат тие работи ,но имам искуство со одење на одмор со другари/ки . Предпоставувам дека ти овие твои цимери/ки не си ги познавала предходно и сега ви е период на прилагодување едни со други.Сепак сите сме различни ,со различни ставови,навики ,однесување. Можеби треба да си направите еден состанок на кој секој ќе си се изјасни кои му се потребите,што знае и може да прави за вашето заедничко живеење,а исто така и да си направите еден домаќински куќен ред.Можете и да си кажете кај кого што ви пречи и да се потрудите да ги изгладите односите,а ако не бива од јуни секој на своја страна со своја среќа.
    Е сега без да се навредиш би го искоментирала она што си го напишала . По начинот на кој си го напишала јас за тебе добив впечаток дека и ти си мислиш за себе дека си најпаметна,највредна ,најдобра па сега се појавил/ла некој/ја кој/а ти го зима приматот и тебе тоа те прави лута и несреќна и не ти дозволува да се прилагодиш на даденава ситуација.Ова го добив како впечаток од сите навреди кои ги упати на сметка на твоите цимери. Друго не можам да разберам дали ти смета една личност или сите цимери/другари. Доколку е една личност тоа се решава со разговор и или ќе се договорите или ќе останете на еден службен однос. Ако ти сметаат сите цимери е тогаш треба проблемот да го бараш кај себе и да видиш зошто е тоа така. Поздрав и секое добро ;)
     
    На batori и enca.69 им се допаѓа ова.
  14. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Со ваквите не треба да се замараш. 8) Најлесно ти е да им се смееш во фаца кога ќе зборуваат нешто. верувај ми, така многу се нервираат. ]:) и плус! кои се прават најпаметни нај убави и се нај нај?? оние кои се никој и ништо.Се прават такви за да не с епонижуваат самите туку други да понижуваат, ама несе сите како нив глупави. :D така даа со ваквите само не се замарај. уживај си во животот. имаш свои проблеми. нема да се замараш со такви ни на крај памет. :!:
     
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Се прават многу паметни а гревчиња се И ТОЈ ЗБОР е многу за нив деминутив цц кој се тие мене шамар да ми залепат големото црно друштво кога ќе ги видам се смејам замалвам од амеење аха шо ми прам ќе пукнат немат тие мене будала да ме прават ако си мислат за тоа многу ќе чекаат ;););)
     
  16. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    се согласувам со тебе angelche16
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав: Пушти ги другите да бидат во право, а ти биди среќна. Епа тоа. :*:
     
    На honey.11 и boo3 им се допаѓа ова.
  18. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    1.809
    Едноставно кажано: Паметниот човек не се фали, туку го фалат.8)
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Постои една таква категорија на луѓе, “сезнајковци”, на кои што ништо не им се докажува, ниту може муабет да се напраи асално со нив, ама стануваат напорни и досадни, па со тек на време сме принудени да ги игнорираме.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.