1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во чие друштво се чувствувате пријатно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Simonna7, 13 јануари 2011.

  1. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Со кого ви е најпријатно да си седнете и разговарате или едноставно САМО седнете во друштво на некого..? Дали се тоа домашните, некои роднини, другарки, дечко, баба, комшија? :) и зошто.

    Јас лично обожавам да сум со татко ми. Тој знае да биде доста сериозен за некои работи, па да ми кажува за нешто што го видел, прочитал, доживеал. Ама и колку што тој може да ме насмее - никој друг не може :). Исто така уживам да бидам со двајцата родители, обавезно доаѓа до некое подбуцнување и зафркавање меѓу нив, а мене ми се продолжува животот со смеењето :lol: :rofl:
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Најпријатно во друштво на..

    Cамо тројца луге имам кои најмногу ме исполнуваат:керка ми :makeup: мажот ми :inlove: и сестра ми :hug: Eдноставно ме исполнуваат со своите насмевки,присуство и лубов :)
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Најпријатно во друштво на..

    Убаво се осеќам во друштво на другарка ми... разни муабети, прераскажување на случки, жалење, советување, оговарање, секс муабети... ма нема шанси да ми биде непријатно бидејќи се надополуваме една со друга и во нејзино присуство сум скроз опуштена!
    Го сакам и друштвото на дечко ми... Иако не важи за многу зборлив тип, сепак со него и тишината знае да биде и те како пријатна! Плус пријатно се осеќам со него и додека се прават ,,други дејствија,, :tmi:
    Пријатно друштво ми се и цимерките... тоа присетување на убавите денови од факултет ми го продолжува животот! И со нив имам голема близина, се познаваме комплетно па разговараме за различни теми! Уживам во времето поминато со нив!
     
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Најпријатно во друштво на..

    Мајка ми, сестра ми и дечко ми..

    Тоа се луѓето кои ме исполнуваат со кои најмногу се смеам, на кои им се доверувам, кои ме советуваат, ме подржуваат и само сум нив сум искрена и отворена 100%!
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Најпријатно во друштво на..

    На прво место мажулето, потоа мајка ми и татко ми, другарка ми која има детенце и онаа другарка што нема дечко :D

    едит: баш сеа ја се навратив да си го редактирам мислењето и да прашам дали се важи, ама си ме преварила Жоли :)
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Најпријатно во друштво на..

    само со либето, најопуштено, пријатно и 100% јас. сите други ме замараат со непотребни прашања или присуствувам на муабети кои не сакам да ги слушам. и внук ми го обожавам тоа дете.

    другарки.... речиси и не ги гледам сите се оддалечиа работа ова она, има еден другар наш само со него ми е пријатно ...

    и да мн ми е пријатно со Блонд на МСН во последно време(ако се важи ова мислам) :D :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    776
    Најпријатно во друштво на..

    Најпријатно во друштво со моите роднини кои ги гледам два пати годишно :)
    Кога сум таму со мама,тато и сестра ми тотално заборавам на Македонија,мојот град,другарките ..
    Уживам во тие моменти и ништо не ми недостасува :)
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Најпријатно во друштво на..

    ...луѓе кои шират позитивна енергија. Ме замараат луѓе кои само се жалат и кукаат. Арогантни нафурани фаци исто така не трпам во мојата околина.

    Освен семејството и роднините, обожавам кога сум искочена со моите пријатели и пријателки. Често пати ме боли дури стомакот колку се смееме, кој од кој се поодлепени и знаат ептен да ме исполнат со позитивизам и среќа.
    Овие работи се priceless, за се друго употребете мастер кард.
     
    На IndieGirl и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Најпријатно во друштво на..

    да надополнам :$ и секако се чуствувам најнај пријатно во друштво на фемина и нејзините феминки :* :)
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Најпријатно во друштво на..

    најпријатно се чуствувам во присуство на:

    ФЕМИНА-и феминките
    татко ми
    мајка ми
    другарките(особено едната е секогаш смешко, и знае да ме насмее)
    момчето со кое сум сега во врска-пријатен, миличок, сонценце
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.006
    Допаѓања:
    135.982
    Пријатно ми е со многу луѓе, ама со еден човек ми е најпријатно. Со сонцето мое. И да зборуваме, и да правиме други работи, и да пиеме кафе, и да јадеме, и да пиеме вино, и коњак, и да се журкам, и се, се се, нема момент кога не ми било пријатно со него. Со него ми е совршено. Слободна сум како да сум сама со себе. Сама со себе до душа не ми е до толку пријатно :D
    Штета што животот е таков каков што е, па не можеме да сме заедно толку колку што сакам да сме (читај: 24/7).

    Ајде, да редактирам, има уште личности што навистина заслужуваат да бидат спомнати тука.
    Кумот- секоја минута помината со него е скапоцена. Особено уживам во разговорите за животни прашања :)
    Една од другарките. Со сите ми е убаво, ама со неа ми е како да сум сама. Живееме во тотално различни светови, ама заедно ни е совршено.
    За децата мислам дека нема потреба ни да спомнувам. Ми полнат батерии како никој!

    Со моите, само после извесно време секогаш доаѓаме до совети како да си го подобрам животот, кои на драго срце би ги избегнала :D

    Со една поранешна колешка. Ретко ја гледам, ама квалитетно :)
    Една друга поранешна колешка која жицее во друг град, па ја гледам ептен ретко, ама ксекогаш и се јавувам кога имам некаква криза. И секогаш знае да ме извади.

    Сите овие се страшно позитивни луѓе без кои не можжам да замислам да функционирам.
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.339
    Допаѓања:
    90.417
    Пол:
    Женски
    Можам да се пожалам дека не се многу, но да се пофалам дека се прекрасни.
    Дечко ми- речиси секој момент со него, понекогаш и кавгите се симпатични :lol: Баш пред некој час му кажував што се ми недостига со него, но голем ќе биде постов ако продолжам за него :)
    Другарка ми В. - секоја нејзина постапка, секој нејзин збор е толку мил и пријатен.
    Мајка ми - кога е расположена, има прекрасна смисла за хумор.
    Сестра ми - која ме изненадува во последно време со разговорите. Има прекрасен глас и зборува литературно.
    Во последно време и Фемина- тука има девојки кои навистина се пријатни и со некои можам да разговарам со часови, а пак други да ги читам по цели денови.
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    6.405
    Најчесто ми е напријатно да сум само со еден човек. Вака со друштво.. некако се губам. Сите нешто зборат, а јас ко риба си молчам. Таква сум некако.. А кога сум во друштво со таа, една другарка можам потполно да откачам, т.е и двете, а можеме да седнеме и најсериозно да разговараме. Многу ми е пријатно со нејзе. Можам се да и кажам без да се срамам за ништо. Еве јас имам две најдобри другарки, па на нив неможам да им кажам се што и кажувам на оваа, иако не ми е баш во моментов најдобра другарка, да не се лажеме, ми беше, ама сепак.. Си имаме ние нека тајна веза. :lol:
    Исто пријатно ми е да си седам со вујко ми. Топ човек, иако неможеме нормално се да си кажеме, ама многу ми е детинест и фин. Ќе дојдам кај него на гости, па го замарам да ме тренира, па си играме игрички заедно, си гледаме филмчиња или цртани.. Осекогаш сум го сакала и многу сум била приврзана кон него.
     
  14. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Можеби ќе делувам како заљубена будала, што не е далеку од вистината, ама во друштво на дечко ми ми е најубаво. Можеме дури и со саати да си седиме, да ќутиме и пак да ни биде убаво :inlove:
    Со татко ми кога си правиме муабет за струката ни наша ми е интересно. :*
    Баба ми си ја сакам најмногу на свет, уживам дури ми раскажува за нејзината младост :hug: :hug: :hug:
    Мајка ми ретко кога можам да ја истрпам, премногу сме различни :tmi:
     
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    5.850
    Кога сум со брат ми најпријатно ми е и највеќе се смеам.
    Со татко ми бидејќи можам да му кажам некои работи, но онака заобиколени.
    Кога сум со една другарка постара е од мене.
    Братучед ми кој престојува кај мене.
    И вујко ми. Легенда човек иако ретко да го начекаш дома.
     
  16. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Со маж ми дефинитивно..без никаков притисок или стрес,со саати можам да зборувам и секогаш ќе доага некоја нова тема .. :inlove:
    Со баба ми, иако тогаш таа повеќе зборува и раскажува а јас потврдувам :nod:
    Со другар ми кој секогаш има нешто ново и до смрт смешно :lol: Го обожавам!
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.314
    Допаѓања:
    22.129
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми секогаш ми е најпријатно. И кога зборуваме на најразлични теми, и кога гледаме филм, шетаме, излегуваме, одмараме, јадеме, буквално секогаш.
    Со брат ми, кој иако е 3ипол години помал од мене, успева да ме насмее квалитетно. Во последно време чувствувам дека се зближивме и баш ми е мило заради тоа. Зборуваме на теми кои порано не ги ниту спомнувавме.
    Со другарките порано ми беше пријатно да сум во нивно друштво но веќе не. Се оддалечивме ептен, речиси ништо не знаеме една за друга. Кога се гледаме (што се случува многу ретко), правиме онака бош муабет, ради реда.
     
  18. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Уф и двајцата најдобри другари како само можев да ги заборавам. Шејм он ми :$
    На нив стварно можам буквално се да им кажам. Во другарките немам толкава голема доверба како во нив. Знач секогаш се тука за да ми дадат совет поврзан со секс ако ми треба. Исчукани се ептен и многу си ги сакам дека се такви, понекогаш им се чудам како може секогаш да знаат што би го израдувало дечко ми :o . Ама стварно се срцки, со нив можеш да се газиш од смеење цеееееееееел ден и нема да приметиш дека ти поминал денот. Поздрав до нив :* :hug: :hug: :hug: :hug:
    Башка сингл се и двајцата, ако на некој му треба дечко некапише лп :P ;)
     
  19. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Најубаво се чувствувам коа сум со другарките :D , но сепак посебно е чувството коа сум со личноста што ја обожавам :inlove:
     
  20. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    имам другарки но само со две од нив си правиме така опуштен муабет и можеме се да си споделиме во другите немам многу доверба,дечкото исто така ми е и најдобар другар за се ме разбира и ме подржува и се разбира моите родители и сестра ми