Со новиот Закон вработените во јавниот сектор не смеат да примаат подароци поскапи од 1000 ден. Што мислите вие за ова ? -Мое мислење е, овој Закон наголемо ќе се злоупотребува (кој ќе покажи и докажи дека подарокот вредел 500 ден. или 500 евра?) Кој ќе знае што има во кесето ? Вработениот нема обврска да го покажува кај колегите. -Кога вработениот зема плата, зошто да прима подароци ? -Тоа ќе влијае наголемо на услугата. Секој кој дал нешто ќе е во поголема предност, во споредба со оној кој не сака/нема да даде. -Дека и сега има мито и корупција кај нас, е повеќе од јасно. -Поглупав Закон, амин.
Илјада денари не е малку. А и зошто подарок, дека ја работел работата која и онака треба да си ја заврши, која му спаѓа во опис и попис на работни задачи? Мизерија. Ова како оценувањето на службениците, со оние апаратчиња што ги кријат зад шалтерите, кои немаат ама баш никаква функција, освен таа да си се наградуваат вработените меѓу себе, со меѓусебно зелено лајкнување. Не знам на кој начин ќе дознаваат колку оставила странката кога влегла кај службеникот, ќе стои контролор кој ќе го прашува. Ова ме потсетува на моја претпоставена, ама ова беше поодамна, кога дојде човек и остави две бонбониери кај мене а во моментот и таа беше тука и одби да ги прими , а по некое време се предомисли и рече ајде може до илјада денари да примиме поклон , па ја зема поскапата бонбониера си ја подели со пријателките ама затоа не и ја дадов другата кутија и сокот
Јас мислам дека ова е за учителките, а и така треба зошто па да земаат поклони. Јас кога учев до четврто оделение 32 деца бевме и секое по башка купуваше за учителката. Е па малку ли е. Мислам дека треба да се искорени тоа со поклоните во некои институции а од друга страна поткупи, мито, земање пари за одредена услуга веќе заврши. Сите такви се казнуваат најстрого.
^^ Јас само правев споредба со службениците и семафорот за оценување. А подароците за 8-ми март се друга работа, тука исто така спаѓа и купувањето на оцени. Срамота што носат вакви закони, тоа треба да се забрани а не да се става лимит на сумата одн. вредноста. Спојлер Ова му доаѓа како-сакам да ми влезе, ама не сакам цел, туку до пола. Се извинувам за вулгарностите.
Кој сака нешто сам нека си купи, поклони воопшто не треба никаде да има. Доста го изедоа народот некои несовесни, како на времето доктори, директори, службеници и слично.
Арно им текна, ама јас мислам треба ЦЕЛОСНО да се забрани примање на подароци. На учителките и професорките едно цвеќе и доста е колку ајде да се обележи денот. Се сеќавм како беше кога ќе ги земавме свидетелставата колку деца толку букети. Не им требаат подароци, доволно е што екскурзиите им се гратис. Тие патуваат гратис со картите наменети на децата кои не можат да си го дозволат тој луксуз. Јас сум немала лошо искуство со подароциве, за среќа лижачките убави подароци им бираа на професорките па немавме проблем или ќе ги прашаа што сакаат и тоа ќе им купеа. Ама на мој близок учителката од прво до четврто оделение цело полугодие се изжувуваше врз цел клас, им намалуваше оценки без покритие, им викаше, не им предаваше, ги тераше сами дома да си ги решаваат тешките задачи по математика без да им реши ниту еден пример на табла, затоа што наводно ја усрамиле оти не и купиле подарок скап колку на што биле подароците на колешките што им ги купиле децата од нивните класови и им го скршила цвеќето пред цел клас. И ај за да не ги малтретира и наредната година, на крајот на учебната година собраа повеќе пари и ѝ купија Своч рачен часовник само за да ја смират. За срамота! Е поради вакви работи треба скрос да ги забранат подароците.