1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработувања во индустриските зони во МК

Дискусија во 'Барање работа' започната од decko46, 23 септември 2014.

  1. decko46

    decko46 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    30
    Здраво дечки.

    Секој ден се повеќе инвестиции се најавуваат во нашата државичка. Се тоа е убаво и за пофалба. Е сега, јас како млад ентузијаст, млад човек желен за работа сум заинтересиран како се одвиваат тука вработувањата. Гледам секојдневно нови огласи, не сум бил досега на интервју таму, ама сум решен да аплицирам за некоја работа таму. Темата ја отварам за дискусии, искуства од блиски луѓе или лични. :)
    Ако има иста/слична нека се спојат. :)
     
  2. decko46

    decko46 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    30
    Зар нема никој да работи во индустриските зони? Никој нема пријател/роднина што работи таму? :)
     
  3. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Имам роднина кој работи во Германската Дрекслмаер како оператор во производство и многу и е тешко прашање на време е кога ќе напушти.Се работи 6 дена во неделата (понекогаш и недела по потреба) во три смени имаш пауза од 5 минути и пола саат да јадеш, 8 часа си на нога за бедни 10 000 денари.Имаш ненормална норма ти шефуваат неписмени инаку повеќето што работат како оператори се со факултет или магистри а шефовите им се со основно или средно па види ти сега.Катастрофа е.Немаш шанси да влезеш во администрација без врски или партија.Тоа е во кратки црти.поздрав
     
    На decko46 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Двајца од мојата поширока фамилија работат во Џонсон Мети, двајцата влегоа преку врски, работат како оператори или не знам како ги викаат, на ленти. Се понашаат како советници на премиерот да се и нема шанси да ти помогнат за работа таму, нели дека е многу тешко, денес е се преку врски.
    На почетокот ептен се кренаа на висока штикла, демек џонсон ехееј јака фирма, плата. Ама таа работа е многу напорна, работат во униформи од кои само очите им се гледаат, работат со радиоактивни материјали и секој месец имаат проверки на крв. Еден од двајцата дури се мислеше да откаже поради ризикот за здравјето ама парата го лаже човекот, или го тера и да ризикува.
    Во администрација на таа фирма можеш да влезеш само ако имаш некој "јак" човек што работи таму, поинаку нема шанси. А и слушнав дека некоја шефица имале од Велес, па се од Велес ги изнавработила, се шпекулира демек за помала плата, ама битно ги вработила, не знам колку е точно.
    Точно е тоа што беше споменато погоре, дека неписмени ти се надредени. Иако во огласите се бара да се знае англиски и работа на компјутер, сите што ги вработија немаат поим ни од јазик ни од компјутери, ама ете што прават врските. А па тие што се вгнездиле како административци, не се ништо поарни, ама така е обично, неписмените шефуваат.

    За другите фирми во индустриска зона Бунарџик верувам дека е слично. Најголемиот дел се партиски вработувања, огласиве ги пуштаат само формално, да помине процедурата.
    Сега брзо дознав од овие што работат во Мети, дека во Ванхол ќе имало 150 вработувања, а јас никаде по огласиве не сретнав таков оглас. Обично има за две-три вработувања и тоа автолакери, лимари и сл.дејности или нешто како специјалист за човечки ресурси :^)

    За фирмата Продис одамна немам слушнато за некој оглас, на почетокот кога ја отворија и беше поактуелна имаше по некој оглас, ама сега не сум видела.

    За Џонсон Контролс мислам дека е исто како и во Мети.

    Ако сакаш да се вработиш во овие фирми, пробај партиски или барај некој постабилен човек таму.

    Нека кажат и другите нивни искуства, ова е од моето поблиско опкружување.
     
    На decko46 и kataleja1 им се допаѓа ова.
  5. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    На поубавите места-по партиска и интимна линија само. Сами си ги донесоа инвестициите-сами си се сладат со кајмаците. Чат пат и ќе пикнат по некој несреќник (исто така партиски ама демек од понизок ранг), за по 8-9 000 за да после му ја вадат душата да вика на митинзи, да лепи плакати и слично. Се знае тоа кај нас како оди. http://vesti.mk/read/news/3214579/11406 ... vo-markart