Сега се нешто подобрени, информираат кој е примен на огласот а порано ни тоа не правеа. Аплицирав на еден, ми вратија кој е примен, го проверувам истиот на linkedin и испаѓа дека тој веќе работи таму 3 години.
за ЕВН подребни се следниве работи за да те примат: 1 партиска книшка 2 дебела внатрепартиска врска 3 одредена сума на евра во кеш за да почастиш над 3000€ во зависност од работното место 4 ако си албанец уште подобро
Имам комшии, стариот се вработил таму кога дошол во градов, сега е пензиониран, син му исто работи во ЕВН, уште не беше ЕВН кога татко му го вработил... претпоставувам се чека внукот да дипломира А вака лоши и неписмени човечиња се, не дека исполнуваат критериуми за административна работа.
Не си губете време со ЕВН. Јас заради нив изгубив драгоцено време. Пријавена бев уште крај на февруари, почеток на март бев на тестирање, средина на март прво интервју и крај на март второ интервју. Тогаш ми рекоја ќе ти кажиме за две/три недели и сеуште ништо ми немаат кажано, а јас од друго место разбрав дека веќе избрале некој друг.
Имам аплицирано повеќе пати, ама од интерни информации дознавам дека кандидатите се веќе избрани, па потоа е отворен огласот. Тешко е да се влезе во ЕВН ако немаш човек кој ќе те пикне.
Толку време го бираа кандидатот за отчитувач на броила и сега дознав дека си дал отказ па ме интересира дали пак исто толку време ќе бираат или ќе повикаат некој од претходно пријавените
Пред 10тина дена имаше тестирање во ЕВН за вработување на Правници, но сеуште јас немам добиено инфо за натамошна фаза ило резултати од тестирањето. Дали на форумов има некоја членка што знае како им оди процедурата.
По три недели мене ме имаа викнато за на интервју после тестирање. Ама ова беше пред повеќе од 5 години