Здраво, Ќе ве замолам, доколку некој/а се има пријавувано по огласите од Агенција за Администрација, да ми одговори на неколку конкретни прашања: 1.Ако на одреден оглас не се пријават кандидати или пријавените не исполнуваат одредени критериуми, дали тој оглас повторно ке биде објавен? ако го објават за колку време? 2.Како се добиваат бодови од првата фаза? по кој метод? 3.За втората фаза, каде се полага ипитот, дали на испитот треба да се пријавам или по дифолт ми се одредува термин за полагање? 4.За третата фаза, дали поставуваат стручни прашања? 5.Дали е возможно да бидеш одбиен после интервјуто? 6.Ако ги поминеш сите фази, дали сигурно ке бидеш вработен или тоа зависи од директорот/секретарот на институцијата? 7.Што се подразбира под работно искуство во струката? Дали ако имам работено а не сум бил пријавен дали се важи тоа искуство? Ви благодарам P.S. за поедноставна комуникација, прво напишете го бројчето на прашањето и потоа дадете одговорот или коментарот за одреденото прашање.
Здраво Видов оглас за вработување на Агенцијата за администрација и сега ме интересира, дали единствен начин да се пријавам за таа работа е преку страната, односно пријавата што е ставена на Агенцијата за администрација? Нели може да се најде тој оглас и да се пратат документи на поштенска адреса? И доколу мора преку пријавата што ја има на страната на Агенцијата за администрација дали мора профилот да ми е 100 % потполнет? Значи ми бараат Уверение за здраствена способност, добро тоа лесно ќе го извадам, но не ми е јасно дали е задолжително сертификат од познавање на англиски јазик, сертификат од полагање на TOEFAL, не ми е јасно како да го добијам тој сертификат каде се полага?
Дали некој знае каде може да се најдат или пак да ги сподели прашањата од втората фаза, за полагање на испит за Административен работник?