1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање на одземено градежно земјиште

Дискусија во 'Правни совети' започната од stojan32, 28 април 2013.

  1. stojan32

    stojan32 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во 1995 година со Решение на име на мојот родител му се одзема градежно неизградено земјиште 420м2 за изградба на улица и за тоа е добиен надоместок со спогодба.
    На истото место е изградена улица а е останато уште 200 м2.На тоа место со генералниот урбанистички план не е предвидено засега ништо, а деталниот урбанистички план следува до крај на година.
    Ме интересира дали имам право да го повратам делот од 200м2 во мое владение и која е правната основа т.е постапката со која можам јас да бидам сопственик на тоа градежно земиште.Напоменувам дека на тие 200 м2 веќе 18 години нема ништо изградено или предвидено.Ве молам за правен совет.
     
  2. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Стојан наведете го полниот назив на тоа Решение, дали се работи за решение за експропријација ???
     
  3. stojan32

    stojan32 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Значи се работи за решение кое гласи:


    Врз основа на чл.15 ст.1 од законот за градежно земјиште сл весник на РМ бр.10/79, 18/89, и 21/91, Министерството за финансии одд за имотно правни работи ---- по предлог на ОЈП го донесе сл.
    РЕШЕНИЕ
    Се одзема од владение градежно неизградено земјиште во корист на РМ за изградба на улица----------- во град--------------согласно урбанистичкиот план на град__________-со КП ХХХХХХХ со површина од 420 м2 следува образложение.

    Ако има потреба ќе ви го напишам и образложението.
     
  4. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Стојан, по овие податоци кои ги наведе, станува збор за Решение за експропријација, донесено од страна на управата за имотно-правни работи, како орган за експропријација, а по поднесен предлог од страна на овластен предлагач на експропријација (ојп)...
    Постапката пред органот за ескпропријација завршила со СПОГОДБА за надомест (порамнување).
    Градежното неизградено земјиште е одземено со ПОТПОЛНА експропријација, а заради постоење на утврден јавен интерес (изградба на улицата), а со тоа престанало и правото на сопственост на твојот родител врз тоа градежно земјиште. Со спогодбата (која претставува правна основа за стекнување на право на сопственост на корисникот на експропријацијата) е определена и висината надоместокот кој твојот родител го примил, во висина на пазарната вредност на недвижноста во тоа време.
     
  5. stojan32

    stojan32 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Да се согласувам дека тоа до тука е така , но моето прашање е:
    Дали имам право со Барање, молба до ОЈП или тужба или било каков начин, заради неискористеност на останатите 200м2 нив да си ги повратам секако со надомест бидејќи тие не опфатени со детален план таму нешто да се гради веќе 18 години. На останатите 220 м2 пред 18 години е оформена улица и толку беше неговата употреба.
     
  6. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Според Законот за експропријација, правосилното решение за експропријација ќе се поништи ако корисникот на експропријацијата и поранешниот сопственик ЗАЕДНИЧКИ го бараат тоа.
    По барање на поранешниот сопственик на експроприраната недвижност, ќе се поништи правосилното решение за експропријација во целост или ДЕЛУМНО, ако во рок од ТРИ години по правосилноста корисникот не изврши ПОЗНАЧИТЕЛНИ работи во врска со објектот, односно работата поради која е експроприрана недвижноста. Ова барање може да се поднесе во рок од ДЕСЕТ години од денот на правосилноста на решението за експропријација.
    Во твојот случај НЕ МОЖЕ да дојдат до примена овие одредби !!!
    По правосилноста на решението, правото на сопственост на твојот родител ПРЕСТАНАЛО, односно преминало врз корисникот на експропријацијата.
    Единствено, доколку корисникот има волја да ти го врати тој неискористен дел, за соодветен надомест, меѓутоа не верувам.
    Обрати се до нив, со писмено образложен предлог, па ќе видиме.