Враќање

Дискусија во 'Разделби' започната од Jecichka, 9 декември 2013.

  1. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    20
    Имав 1 ипол годишна врска, типот ме набеди за мн работи кои ги немав направено и ме остави пред точно една година. Јас се помирив со тоа, не го преболев целосно но времео ги бледееше чувствата. После една година се враќа не за да сме заедно туку бидејќи сакал да ми биде пријател. Кога го видов му кажав не сум јас на закачалка па кога ќе му текне него, го нема една година тоа е голем временски период.. Му реков јас него неможам да му бидам пријател, жалам ама неможам му објаснив дека периодот без него ми бил ужас додека да се навикнам, дека неможе туку така да дозволам се да ми се врати. А гледајќи го него нормално мене се ќе ми се врати, он можел да ме гледа како пријател јас него не! Би сакала да ве прашам дали сум во право, искрено се двоумам да не се каам еден ден дека не сум го прифатила предлогот пријател, ама од друга страна пак каков пријател би ми бил кога би ме кочел да одам даље во животот, кога кажувањата негови дека има некоја нова мене ме болат. Мн ми е тешко искрено, вака е најправилно по мое мислење ама пак на душа друго ми лежи а тоа ако го направам знам дека после па бетер од ова ќе е а ова кад тад ќе помине. Ве молам за совет
     
    На anagjorgjievska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Мое мислење е дека правилно си постапила. Не дозволувај да ти се врати во животот и да ти направи проблеми. Не ти треба баш бившиот за пријател, можеби и други му се намерите, можеби само сака да ти создаде болка. А за помирење мислам дека нема потреба да ти кажувам сама ја знаеш содржината и крајот на прочитаната книга.
     
  3. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    20
    И јас истото го мислев, пак исто ќе заврши имамвме една кратка разделба во врската се смиривме џабе резултатот беше ист.. Јас лрива за се, он правиот. Простор за да му се објасниш никогаш недавал, само неговото мислење важи и крај. Фала ти помислив и на тоа дека има скриени намери дека со тек на време ќе доаѓаат на виделина, ама боље воопшто да немам контакт со него како што и досега немав. Зошто еве пак истото, си плачам, имам тежина. Така да нека не се враќа... Може е најпаметно.
     
  4. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Биди силна и не попуштај. Не ти треба таков, ќе се појави некој кој што ќе те направи среќна само трпение.
     
    На Jecichka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    20
    Фала ти! Ќе биде порано или подоцна ќе си дојде се на своето. :)
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.390

    После врска тешко,па и невозможно е да бидете пријатели.
    Ти правилно си постапила,тој е истиот тој кој ти ја намалил самодовербата,не те почитувал доволно,не те ценел..
    Ако во врската не бил добар и примерен,како сега ќе биде добар пријател?

    Мислам дека знае дека имаш чувства уште за него,и затоа на ваков начин ти се приближува.Не попуштај.
     
  7. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    20
     
  8. sunny89

    sunny89 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не знаев каде точно да го сместам мојот проблем па решив да го ставам тука.Имав врска стабилна и сериозна со повремени караници скоро 1 година.Во таа година откривав многу работи кои ми биле правени зад мој грб пишување со девојки според него пријателски на кои им кажува дека нее со мене,па зборење дека не ме сака,бившата открив дека стои во именик запишана со те сакам и уште многу работи кои ме повредија,разговаравме за тоа се вадеше на изговорот дека сакал да се направи фраер и дека немал намера да ме подгази мада се осејкав лошо секако.Помина и тоа после една година типот ми се јавува еден ден и ми кажува дека подобро ке било да сме се разделеле имал многу проблеми не му бил среден животот и нејкел девојка за сериозно.Тешко ми беше со после се таков испадна али ок реши да ми раскине преку мобилен пошо сме од различни градови,не ме удостои ни да ми го каже тоа во лице.Поминаа две недели го барав му пишев го убедував да си дадеме шанса упорно стоеше на неговото дека не ме заслузувал и немал што да ми пружи.Од тогаш јас се повлеков се помирив со се не бива не бива.Почнав да излегувам и моја другарка случајно ме запозна со нејзин другар,се дружевме со дечкото месец и пол после тоа ми предложи врска иако не го имав преболено бившиот ресив да си дадам шанса да пробам затоа сто него го немасе никаде.Поминаа 2 и пол месеци бившиот почна упорно да ме бара да му дадам шанса се сменил и незнам ти сто,јас направив муабет со тој со бев му кажав дека за жал не сум успеала да го засакам и дека ке пробам пак со бившиот,бидна со бидна се смиривме,но тој што бев некако успеал да го најде на бивсиот сега веке сегашен и му изнапишал се и свашта за мене.Од коа допреа до него тие муабети страсно ми се налути ме изнаврега и ми кажа како јас сум го лазела и со ли не затоа сто не сум му казала се до детал сто било со тој со бев додека него никаде го немасе.Сега ме обвини ми каза дека ке ми даде санса но дека незнае дали некад ке ми верува...И после се знам дека не ме заслузува но го сакам сто да правам,сега незнам како да ми верува повторно..Ми треба совет Фала унапред
     
  9. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    3.436
    Нема што да му даваш објаснувања на човек кој не бил тука кога ти требал, а уште помалку да глуми жртва. Видел дека имаш некој нов и сега ај да те врати, да види дали може, а во врска со сегашниот стварно не му требало тоа. Ти немаш што да враќаш доверба, не си го излажала само си преќутела, мислиш дека тој ти има кажано се што правел за тоа време. Тргни се и од двајцата, ти треба некој што ќе ти верува и нема да те осудува и да ти бара да му се правдаш. Кога ќе сакаш некого искрено не те интересира минатото, посебно не рекла-казала, туку само сегашноста и заедничката иднина.
     
    На sunny89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sunny89

    sunny89 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Фала ти од се срце на одговорот и јас тоа го кажав,нема шо да ти се правдам тоа со било било кога тебе те немало никаде си уживал додека јас сум патела,и тоа нема везе со изневерување сум пробала да продолжам напред но ете не сум успеала затоа сто сме имале стварно преубави спомени за таа 1 год како и иденје јас кај него и он дома кај мене.Му кажав или премини преку ова и да го заборавиме да се трудиме да бидеме ок натака или секој по свој пат,али се вади ме сакал не можел без мене и дека му требало време да заборави,инаку предходниот :!: не само со му изнапишал се и свашта на овај него и слики заедницки му пратил,чак и пред да се видам јас со бившиов ме замарасе као другарски да сум се јавела,се јавив да видам со сака арно ама типот паметен го сликал повикот со саат датум и таа слика ја пратил исто кај него,со муабет дека ете јас сум му се јавила за да се видиме а немаше благе везе тоа,али ете заради тие работи и тој повик со не му бил кажан дека се случил сега сум во оваа каша во која што сум.Од дента го блокирав типот пошо сватив дека си има некој голем проблем со главата и не се разбира со збор али и покрај тоа што е од сите страни блокиран сеуште замара и пише као ете ми докажал дека бившиот мој не ме сакал да ме сакал ке проголтал демек се,а он као не се откажал и ме сакал.Ми го загорчи животот ми внесе немир во врската за која со толку се трудев и направи да изгледам најгрда личност во очите на онај со го сакам..сепак се надевам дека за брзо со божја воља работите ке се средат и ке биде се во ред :* :*
     
  11. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    И јас пред некој ден се смирив со бившиот, но набрзо прекинав. Ќе ви раскажам отпочеток бидејќи е заплеткано, се надевам ќе можете да ми дадете објаснување и совет доколку е потребен <3
    Имав дечко, но на почетокот од нашата врска го запознав Него - другар на моите сестри којшто излезе од никаде додека јас со сестрите и друштвото се нервирав заради дечкото којшто доцнеше и сакав да му раскинам. Ме бутнаа во него за совет бидејќи само тој бил доволно паметен. Тој мислеше ме бутнале за да не` местат, беше лут и не ми даде некој совет. Сакаше да ме смува, но дечко ми дојде од никаде и ништо. Продолжив со дечко ми, но "другаров" го аднал и му пишал дека сакал со мене, но дека се повлекува достоинствено нз таму што, ама почна да си доаѓа кај нас во друштво наместо кај моите сестри, му кажуваше на дечко ми дека дошол заради мене, ќе се избацеше со глупав коментар на објава од дечко ми на мој ѕид на фб и сл. Сите ми велеа како се топам пред него, а спрема дечко ми сум онака, дури и дечко ми ми рече дека со другаров повеке си одговарам но јас мислев дека е само пролазно... Јас се заљубив во него и сите го знаеја тоа - освен јас :( По 2 месеци раскинав со мисла "Да не ме отсака другаров случајно" но не мислев ништо посебно. По некое време се фативме, но врската беше катастрофа! Ме извиси, го изневерив, ме замоли да му се вратам, му се вратив, правеше се исто како претходниов, но од лошите работи... Ме нервираше многу. Почна да ми се дере за се` нешто, да ме обвинува демек сум го изневерувала, а кога бевме договорени за на виноскоп, јас му реков да дојде во 10 за да имам време да ја откачам мојата предосадна сингл другарка којашто исто така го свиѓаше едно време и едвај бевме сами од неа... Бев глупа за тоа, знам... Но, дента дојдоа другари на другарка ми од друг град, па цел ден бев со нив. Дечково ми се јави, ми дојде во 8ч. наместо 10ч. зашто после морал да оди на друго место, му дошле стари пријатели и почна да ми се дере пред сите затоа што сум носела шорц. Раскинав. Ми се закачи следниот ден на една забава, но не се смиривме тој ден. Се видовме пак, но ни тогаш не се смиривме.
    Поминаа 5 месеци, другарка ме охрабри да му пишам од нејзин фб само за да видам како е, ништо друго не сакав. Тој одоколу збореше дека знае дека сум јас, па следниот ден дојде маскиран кај моето школо, го познав по нозете, носот и ноктите на рацете... Како и по неговото вообичаено - точакот бмх. Беше со црн превез на очите, црвен шушкавец и возеше околу моето школо, он таму живее... Кој би возел со превез на очите??? Помина покрај мене, не можев да згрешам. Но, после тоа јас не сторив ништо, затоа он ги прати неговите најдобри другари да се пуштаат на сестра ми. Почнаа да прашуваат глупости за мене, знаеја дека сум на 2 мобилни мрежи, затоа јас намерно го аднав едниот којшто сестра ми го знаеше само по име - да знаат дека знам кој е и од кого е пратен. По 2 дена овој бившиов знаете се виде со сестра ми, но јас си фатив дечко кој ми објави срциња на ѕид и бившиов ме избриша истиов момент. Му пишав зошто и да скратам ме викна да се видиме. Направи да биде исто како и нашиот прв состанок, ме потсетуваше на се` демек онака си праиме муабет, па после почна да си збори за се` ко да сме заедно, ко да не сме ни прекинале... Ми кажа дека се дружел со моите другари, но тие не ми кажаа, само го оговараа... А ми беа "најдобри другари"! Едниот бил заљубен во мене, затоа со нив не му успеало да се смириме. Веќе 4от ден откако се смиривме не ми зборуваше, му пишав на фб додека е уклучен, седеше 6 минути, па ми врати по 3 саата... Си помислив, воопшто не се притресол кога сум му пишала, не му било гајле, со мене е онака... Го прашав дали е лут, рече не, дали се кае што се смиривме, рече дека не и ми се јави одма. Му раскинав велејќи дека не ме сака итн а тој не одрече; го прашав зошто е со мене, ми рече А зошто да не; му кажав да заборави зашто се срамам од смирувањето бидејќи ништо не му значам, ми кажа не можел да заборави, сме имале преубави мигови, сакал да биде со мене, му реков да прескокне се`, рече дека ни тоа не можел, после пак ми понуди да ми биде другар, немало да праиме ништо, нели се` такви другари сум имала, да продолжел да ми се јавува ко со сите мои другари што сум се слушала и коишто не се лутеле кога ќе сум им кажела дека сум со дечко (дур се шетавме, ми се имаше јавено другар и му кажав демек работам на случајот не можам да зборам) и сл. После видов дека другар ставил мои слики на ѕид сликани од негов телефон и пишал срциња, па после и јас си имав пишано во коментар, па некоја пишала зете (а јас таа не ја знам, таа е другарка на девојка му, тој мој другар има девојка). Сфатив дека е љубоморен... Но зошто не ми кажа дека ме сака, што да правам, дали ме сака??? Кажете ми, некако не се јавува, 2 дена поминаа :'( Го немам изневерено
     
  12. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Два пати прочитав и мислам ако прочитам трет пат ќе се дозбунам.Дај попрецизно напиши. Тој,таа,тој другиот,другарка на другар, девојка на другар што не ја знам...Брееее овде ликови повеќе од шпанска серија.Ако треба користи и имиња (нормално не вистински) за да разбериме кој што кажал/направил за ако ти треба совет
     
    На Vidi Vini му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    важи, ке го пратам истово, ама со лажни имиња :3
     
  14. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    И јас пред некој ден се смирив со бившиот, Кристијан, но набрзо прекинав. Ќе ви раскажам отпочеток бидејќи е заплеткано, се надевам ќе можете да ми дадете објаснување и совет доколку е потребен <3
    Имав дечко, Филип, но на почетокот од нашата врска го запознав Него, Кристијан - другар на моите сестри којшто излезе од никаде додека јас со сестрите и друштвото се нервирав заради дечкото којшто доцнеше и сакав да му раскинам. Ме бутнаа во Кристијан за совет бидејќи само тој бил доволно паметен. Тој мислеше ме бутнале за да не` местат, беше лут и не ми даде некој совет. Сакаше да ме смува, но Филип дојде од никаде и ништо. Продолжив со Филип во врска, но Кристијан го аднал гФилип и му пишал дека сакал со мене, но дека се повлекува достоинствено нз таму што. амИако кажа дека се повлекол, почна да си доаѓа кај нас во друштво наместо кај моите сестри, му кажуваше на Филип дека дошол заради мене, да си пази, ќе се избацеше со глупав коментар на објава од Филип на мој ѕид на фб и сл. Сите ми велеа како се топам пред Кристијан, а спрема Филип сум онака, дури и Филип ми рече дека со Кристијан повеќе си одговарам, но јас мислев дека е само пролазно... Јас се заљубив во Кристијан и сите го знаеја тоа - освен јас :(
    По 2 месеци му раскинав на Филип со мисла "Да не ме отсака Кристијан случајно, премногу се труди за мене, ако се измори што ќе праам" но не мислев ништо посебно. По некое време се фативме, но врската беше катастрофа! Ме извиси, го изневерив, ме замоли да му се вратам, му се вратив, правеше се исто како претходниов, но од лошите работи... Ме нервираше многу. Почна да ми се дере за се` нешто, да ме обвинува демек сум го изневерувала, а кога бевме договорени за на виноскоп, јас му реков да дојде во 10 за да имам време да ја откачам мојата предосадна сингл другарка Анабела којашто исто така го свиѓаше едно време и едвај бевме сами од неа... Бев глупа за тоа, знам... Но, дента дојдоа другари на другарка ми Стефи од друг град, па цел ден бев со нив... Секако дека дојде и досаднава Анабела, но со овие машки некако не и се седеше, изгледа стварно со дечко ми Кристијан си сакала. Кристијан ми се јави, ми дојде во 8ч. наместо 10ч. зашто после морал да оди на друго место, му дошле стари пријатели и почна да ми се дере пред сите затоа што сум носела шорц. Раскинав. Ми се закачи следниот ден на една забава, но не се смиривме тој ден. Се видовме пак, но ни тогаш не се смиривме.
    Поминаа 5 месеци, една другарка ме охрабри да му пишам од нејзин фб само за да видам како е, ништо друго не сакав. Кристијан одоколу збореше дека знае дека сум јас, па следниот ден дојде маскиран кај моето школо, го познав по нозете, носот и ноктите на рацете и по неговото вообичаено - точакот bmx. Беше со црн превез на очите, црвен шушкавец и возеше околу моето школо, он таму живее... Кој би возел со превез на очите??? Помина покрај мене, не можев да згрешам. Но, после тоа јас не сторив ништо, затоа он ги прати неговите најдобри другари Кире и Дамјан да се пушта Кире на сестра ми, а Дамјан демек за мене. Почнаа да прашуваат глупости за мене, знаеја дека сум на 2 мобилни мрежи, затоа јас намерно го аднав едниот којшто сестра ми го знаеше само по име - да знаат дека знам кој е и од кого е пратен. По 2 дена Кристијан се виде со сестра ми, но јас си фатив дечко кој ми објави срциња на ѕид и Кристијан ме избриша од фб истиов момент. Му пишав зошто и да скратам ме викна да се видиме. Направи да биде исто како и нашиот прв состанок, ме потсетуваше на се` демек онака си праиме муабет, па после почна да си збори за се` ко да сме заедно, ко да не сме ни прекинале... Ми кажа дека се дружел со моите другари, Виктор и Никола, но тие не ми кажаа, само го оговараа... А ми беа "најдобри другари"! Виктор бил заљубен во мене, затоа преку нив не му успеало да се смириме.
    Се слушнавме следните 2 дена по телефон, но само еднаш, он ми сврте. Јас не му вртам често да не бидам досадна, нз зошто ама мн ми е страв да не го оладам на тој начин, така е со повекето. Третиот ден беше уклучен на фб, бев и јас, но тој не ми пиша. Ај си реков јас да пишам, но тој не ми врати, седеше уште 6 минути, па по 3 саата се уклучи и ми врати... Си помислив, воопшто не се притресол кога сум му пишала, не му било гајле, со мене е онака... Му вратив на неговото, пишуваше ладно, со по 2 збора, си реков толку, не ме сака, не е она идеалното што си го имав умислено во глава, јас не можев да го отсакам зашто си мислев дека целово ова време јас сум крива, а се смирив со него зашто си мислев дека и тој ме сака како него јас, само заради тоа. Да знаев дека не ме сака одамна ќе го преболев, сум се излажала. По некој саат пак му пишав (бидејќи цело време беше уклучен на фб) го прашав дали е лут, рече само No, па го прашав дали се кае што се смиривме, рече дека не и ми се јави одма. Му раскинав велејќи дека не ме сака итн и тој замислете не одрече; го прашав зошто е со мене, ми рече А зошто да не; му кажав да заборави зашто се срамам од смирувањето бидејќи ништо не му значам, ми кажа не можел да заборави, сме имале преубави мигови, сакал да биде со мене; му реков да прескокне се`, рече дека ни тоа не можел. После пак ми понуди да ми биде другар, немало да праиме ништо, нели се` такви другари сум имала, да продолжел да ми се јавува ко со сите мои другари што сум се слушала и коишто не се лутеле кога ќе сум им кажела дека сум со дечко (дур се шетавме, ми се имаше јавено другар Диме нека се вика ај, значи друг другар е ова, многу другари имам јас, со машки се дружам претежно, и тогаш јас на Диме му кажав демек работам на случајот не можам да зборам), дека ова што сум се решила да прекинам не е зашто сум се засекирала туку зашто некое машко ми го испрало мозокот и сум направила нешта коишто не би требало тој да ги гледа (тој ден требаше да се видам со Диме и му кажав за тоа на Кристијан, но му кажав за да имаме доверба не за да си умислува). После видов дека Јане, еден другар со којшто имавме излезено ден пред да се видам и смирам со Кристијан, ставил мои слики на ѕид сликани од негов телефон и пишал срциња, па после и јас си имав пишано во коментар, па некоја пишала зете (а јас таа не ја знам, таа е другарка на девојка му, Јане си има девојка). Тогаш сфатив за Кристијан дека е љубоморен... Но зошто не ми кажа дека ме сака кога зборувавме по телефон, што да правам, дали ме сака??? Кажете ми, некако не се јавува, 2 дена поминаа :'( Го немам изневерено со ниеден другар, со ниедно машко воопшто
     
  15. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Е добро е.Ме фати инат сакав да разберам кој кој е во приказната. И после трет пат читање јас имам прашање до тебе. Што е толку Кристијан посебен? Ме мрзи да копирам текст и да ти селектирам реков/кажала/ напраивме/бевме...
    Вашете се сведува на следново: На првична взаемна хемија.меѓу вас. Ти раскинуваш со Филип.Се со Кристијан,па се карате,се варате. Па пак се смирувате.Па пак проблеми. Па сеа сте другари. Не е спорно дека си заљубена во него.
    Но ако нешто сакаш (како во случајот Кристијан ) мораш да си сигурна и да одиш на сигурно.
    Доколку не сте зборнале сериозно на оваа тема зборнете.Седни го , кажи му вака и вака.
    И дека сакаш да бидеш со него.
    Ако он не сака,не можиш со сила.
    И јас имам машки другари.Некако по пријатно ми е во машко друштво но мн,ептен ретко да некој помисли дека прам нешто со моите другари.Мој совет ти е кога имаш дечко да го седниш и да му кажиш тој и тој ми се другари не правам ништо со нив и така натаму. И тој да ги почитува исто како што би почитувал твои другарки а не да испадне на крај дека другари ти се пуштале па проблеми ради тоа. ЈАс имам најобри другари тројца со два од нив сум над 10 години другарка,а со третиов 5-6.
    Кога постој машко-женско пријателство истото бара начин да се најде да се објасни и долови на партнерот дека тие луѓе се дел од твојот живот и дека не представуваат проблем во вашата врска.
    А мое мислење,може и да грешам е дека Кристијан можеби го изгубил интересот или па повеќе сака кога и повеќе те посакува кога не сте заедно.
    Не знам кој колку години има ама не би требало некој во случајов да има повеќе од 21-22.
    Мислам дека малку ти помогнав :)
     
  16. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Па малку да :) Он има 22 а кога се запознавме имаше 21, а јас иам 18. Знам дека требаше да седнеме да зборуваме за ова и зборувавме, минатата недела кога се видовме по 5-6 месеци зборувавме за се и тој ми кажа дека стварно сака да е со мене и дека сака да се поправи затоа што знае дека многу згрешил затоа јас да му кажам како што да прави бидејќи јас премногу се лутам, а тој немал никакво искуство од врски. Натака кажав, според тоа што не ми врати, јас си прогнозирав дека тој всушност не ме сака, ама оние околу мене велат дека тоа се случило зошто јас сум имала премногу другари коишто всушност не ме гледале само како другарка, туку цело време ми се пуштале само што јас не сум забележувала, а и дека Кристијан си бил таков прељубоморен, во нашата прва врска не ми даваше кармин да носам, а во оваа ми рече ни туш за очи да не користам, дури ни црвена боја не смеам да носам, еднаш еден ме заглеа и Кристијан му зарже како животно... Затоа тука прашав за мислење бидејќи стварно го сакам, а и од него чувствувам нешто такво, ми има еднаш признаено ама јас не му го кажав истото тогаш и се налути, ама тоа пред 5-6 месеца.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.781
    Што и да одлучиш, никогаш немој да му дозволуваш да те ограничува како да изгледаш. Што е следно? Ќе го носиш на фризер за да се осигура дека не ти се секси шишките?
     
    На 123.Maki-first и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.615
    Здраво Феминки. Имав 5 годишна врска, која заврши пред 2 месеца. Причината за завршувањето на врската беше негова, ме излажа за нешто и јас не можев да му простам. Од раскинувањето до сега, бевме заедно неколку пати и тој постојано ме моли да сме заедно. Проблемот е што мене ми е убаво без него, но и понекогаш сакам да бидам со него. Сакам да биде среќен и да продолжи со животот, но во исто време и не сакам. Себична сум? Пред неколку дена зборувавме и тој со неговите солзи и зборувања како ќе се промени, ме убеди да му дадам шанса, но еве денес веќе се предомислувам. Постојано си велам дека ќе ми биде поубаво без него, но понекогаш се прашувам што ако сакам да му се вратам? Не знам што да правам, не сакам да го повредам..
     
  19. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Се е премногу едноставно - ако го сакаш, врати му се... Но, ти не го сакаш нели? :) И не си себична, тоа е нормално, 5г бил покрај тебе, си навикнала на тоа да го држиш покрај тебе, ти да го усреќуваш само, ти да го малтретираш... Сето тоа ќе помине, таа "себичност" постепено ќе ја снемува. А, ако не сакаш да го повредиш, тогаш објасни му како се чувствуваш, објасни му дека не го сакаш, повеќе ќе го повредиш ако сега се смириш со него, па после уште толку повеќе ќе ти се прекинува, тогаш ќе го оставиш и повеќе ќе биде повреден тогаш. Меѓутоа, зошто па да се грижиш дали он ќе биде повреден? Тој не се грижел баш кога те излажал нели!? Остави го тој, супер што не го сакаш, тој цел живот ќе те лаже, можеби еден ден нема да лаже некоја друга, но тоа ќе биде зашто таа од старт не ја лажел. Една личност константно е иста спрема секоја личност посебно, тоа е човечка психологија. Опушти се и прекини, лесно е кога не го сакаш да одлучиш, да го сакаше ќе беше сосема поинаку, а и ќе ти дадев друг совет :*
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.337
    Допаѓања:
    123.604
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека си трол. Ама ако не е така, си го губиш времето. Од дечко на дечко скокаш, си го повредила Филип, па сега Кристијан тебе истото ти го прави. Зарем не мислиш дека кругот се врти?