На TLC игра ова тв шоу, се пријавуваат четири девојки „шопингхоличарки“, има четири судии, судиите им задаваат некаква тема како треба да се облечат, онаа која е најдобра шопингхоличарка победува и ги зема сите доттогашни комбинации. Го гледа ли некој ова шоу? Мене интересно ми е неодамна полнав да го гледам. Спојлер Ако има ваква тема слободно клуч, јас барав не најдов
Го гледам понекогаш и да, многу е интересно. Сите шопингхоличарки се сами на себе конкуренција, да се докажат која е подобра, а и побрза во избирањето гардероба за соодветната зададена задача. Ја имаат напнатоста и натпреварувачкиот дух, сепак бесплатна облека е во прашање. А и судиите се доста компетентни за таа работа, ми се допаѓаат нивните мислења и тоа што понекогаш се без влакно на јазикот.