Форумџика на годината

Вредносни бонови ваучери

Дискусија во 'Образование' започната од nedzma, 21 септември 2012.

  1. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Донесен е Закон за вредносни бонови - ваучери за набавување на компјутери за потребите за редовните студенти државјани на Р. Македонија. Вакви ваучери можат да добијат студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби, семејства корисници на социјална парична помош, право на парична
    помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа или семејствата во кои вкупните месечни приходи не се поголеми од 12.000 денари.
    Вредносните бонови ваучери се издаваат во вредност од 15. 500 денари.
    Колку знаете за овие ваучери?
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    http://www.mioa.gov.mk/vaucheri/?q=node/32
    Документите најдоцна до 15 октомври да си ги дадете на студентски прашања. Мене оној забеганиот ми вика законот е залепен на вратата, ама јас не сум го читал и не знам ништо. Како пишува така прави :x бог да чува, работат само ради реда така. А еве што пишува во Законот:

    Заинтересираните студенти до студентската служба на матичниот факултет треба да достават барање и доказ дека се од социјално загрозено семејство (потврда издадена од Центарот за социјални работи или уверение издадено од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи од претходната година за двајцата родители или старатели на студентот поединечно и за самиот студент), односно потврда дека се евидентирани како лица со посебни потреби најдоцна до 15 октомври 2012 година, по што ќе следува постапката за доделување на вредносните бонови.

    Значи, до студентската служба на матичниот факултет, т.е. до студентски прашања на вашиот факултет.
     
  3. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Некаде прочитав дека требало да се пополни некоја електронска пријава за ваучерите. некој да ми даде линк?
     
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.971
    Пол:
    Женски
    Девојки, да ве прашам нешто за ваучерите за комјутер...

    Значи вака, моите не се вработени ама и во Агенција за вработување не се пријавени.

    Можат ли да ми прават проблем во Центарот за Социјални работи?

    :?:
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Па на некои факултети веќе добиле ваучери, но бројките не се енормни. Дали малку студенти се пријавиле во првиот циклус-не знам, но откако го продолжија рокот бројката се зголеми ненормално. Сите поддаваат, е сега колку ќе добијат не знам, но беше кажано дека сите што ги исполнувале условите ќе добиеле ваучер со сигурност 100%. Резултати ќе има после 17ти декември.
     
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.971
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Ако има некој земено од ваучерите за компјутери, нека ме контактира по ЛП, молам.
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.971
    Пол:
    Женски
    Женски, можам ли Уверение за остварени приходи од УЈП и Потврда од центарот за социјални работи да извадам од Скопје (не сум од Скопје инаку) ?

    И дали мора и двете или може и само едно од двете?
     
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мора да извадеш од таму каде што живееш. Сите колеги што не беа од градот каде што студираат се враќаа каде што живеат и од таму ваѓаа. Затоа мислам дека не може.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. wild.wild

    wild.wild Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    Општи прашања

    за ваучерите за компјутери, освен молба, потврда за редовен студент, копија од државјанство, потврда од ујп, нешто др треба?
     
  10. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Едно прашање: Дали важат овие ваучери за студенти на постдипломски студии? Една другарка сега е на постдипломски, праша во министерството и кажале дека се однесува за студенти на високообразовни установи. И ај сега? :?: Дали знае некој??
     
  11. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Општи прашања

    Здраво!
    Сакам да прашам кои точно се документи се потребни за поднесување барање за Ваучер за ова лап топиве што ќе ги даваат на студенти?
    Фала ви многу.
    Убав ден.
    :hai:
     
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ќе морам уште еднаш да пишам мислење едно по друго, но навистина е итно. Рокот е уште два дена, па дали некој знае? Да не и пропадне ваучерот доколку навистина и следува. :doh:
     
  13. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Нека праша на факултетот утре..Иначе јас подадов документи -уверение за годинишен приход од родители и од мене државајнство барање за ваучер и потврда за редовен студент ( ги земав од факултет) и сега чекам резултати после 15 декеври и сега ме интересира како ке знам дека ми го одобриле дали на факултет на интернет ке има објавено или во министерство?
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ќе објават на факултет листа. И на веб-страната од факултетот објавуваат.

    Ема, нека си ја проба среќата другарка ти бидејќи има доста студенти кои се на пост-дипломски студии а се пријавија за ваучери.. :)
     
    На Emma89 и candise20 им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ема, една другарка со која моментално разговарам ми кажа дека некоја нејзина познаничка на пост-дипломски студии пробала нели со документите но и кажале дека не може, значи доколку си на магистратура не можело.. Баш испаднавме сега на тој муабет па ако веќе не аплицирала другарка ти, кажи и дека на оваа другава ја одбиле притоа и кажале дека може да се аплицира до апсолвент значи последна година. После тоа не дозволувале критериумите.
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Од каде ви е информацијата дека на 15ти ќе има резултати?
    Јас само знам дека ваучерите до 19ти најкасно треба да се подигнат.
     
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    После 17ти ќе има резултати. Значи до 17ти нема да се знае кој ги исполнува условите. А за тоа на 15ти прв пат слушам. Отупеа со рекламата еден месец дека резултатите ќе се објават после 17ти
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Општи прашања

    Луѓе, оние ваучерите од 15 000 што ги даваат за студентите, ги даваат на сите што поднеле документи или само на некои? Како оди тоа, знае некој?
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    11.616
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Мислам дека одеше годишни бруто примања помали од 180 000.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Општи прашања

    Знам дека месечните примања треба да бидат под 15 000 месечно. Само не знам дали сите што поднеле барање, ќе добијат ваучер. Тоа ми беше прашањето, една другарка ме праша, она поднела барање, па вика дали да се надева на тие пари.