1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Времето кога нè облекуваше мама

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 18 ноември 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Eдна тема кај што ќе се навратиме на најубавите спомени, спомените од детството :)

    Ова е една тема кај што ќе си раскажеме како не облекувала мама.
    Дали кога ги гледате сликите од детството се смеете на вашата облека? :lol:
    Имавте ли омилени парчиња облека?
    Дали чувате дел од вашата детска облека сеуште?
    Се сеќавате ли на вашите фризурчиња од мама?
    Имавте ли некои си акцесорис носевте ли алки, ланчиња, ташни?
    Колку броја поголеми ви беа чевлите? :rofl:
    Менувавте ли облека со сестрите, па и браќата :D , со братучетките? Додуше поубаво да речам ја наследувавте ли облеката? :)
    Дали мама или баба ви плетеше и шиеше облека?
    Купувавте ли облека па ја чувавте со месеци, на пример за новогодишна вечер, за прв училишен ден, за приредба?
    Сметате ли дека сте биле модерни женЦки :D
    Носевте повеќе фустанчиња или бевте мушкоданки..
    Помните ли дали често одевте на шопинг, продавници од кои сте купувале со мама и сл.
    Дали бевте од тие што секогаш ја слушавте и верувавте во изборот на мама или бевте бунтовно дете дури и за облека.
    Имавте нешто што мразевте да носите?
    Дали бевте од оние деца што се дотерувавте и за играње ластик во маало?
    И последното прашање кога почнавте да и се буните на мама и да почнавте сами да се облекувате? :)

    Секако слободно напишете си се што ќе си се сетите од детството ваше и од миговите кога мама владееше со вашиот плакар :)
    Сите имаме спомени од комбинации 2 броја поголеми, кловновски комбинации, теткински комбинации, кога ќе се сетам на зимските комбинации каде само очињата ни се гледаа :lol:

    Детство, најубавите спомени, каква и да е облеката, мама сакала најубави да сме :wasntme:
     
    На Trendafilka и crazylady им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Тоа беа најубавите денови од мојот живот, бев безгрижно детенце кое трчаше низ дома плачејќи за штиклите на мама :lol:
    Се сеќавам дека во лето нон стоп бев облечена во фустанчиња, мама си ја бидува за шиење па ми шиеше фустанчиња, а со секое фустанче имав и стегач за коса и чевлички.
    Се сеќавам во забавиште имавме приредба па мајка ми ми соши долго шарено фустанче со шешир :lol:
    Зимно време носев панталонки и блузички, на сe морав да имам розов детал инаку не сакав да го облечам.
    Облека носев од братучедките, кога ним им беше мало а добро сочувано веднаш доаѓаше кај мене.

    Обожавав да ги носам штиклите и ташните на мама, се шминкав од нејзините шминки и шетав како грофица низ дома :D
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    И јас исто! :$

    Инаку никогаш не сум сакала да носам панталони, секогаш суќна и во зима! :lol:
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    Oбожавав да ги носам ташните,суќните а најмногу штиклите на мама :$ :)
    Мајка ми секогаш ми купуваше шорц и маица комплет (луда сум била по шорцевите :$ )
     
  6. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Mамичка секогаш се трудеше да сум убаво облечена :inlove:
    најмногу фустани носев,што сега е реткост за мене,а на зимо најмногу мразев кога
    ке ме натрупа облека...и секогаш носев некои интересни плетени капчиња :D
     
  7. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Не да сум била женЦка - женцка ипол :lol:
    Секогаш си се радувам кога си гледам слики од малецка, секогаш дотерана од глава до пети, со палмички на главата фатени си интересни стегачи или пак летно време обавезно шеширче, права дама (многу сум се шмизлала како малецка) :D Ах да, имав и неколку пара еспадрилки, па со шеширче и имам една слика со лепеза во рака, абе што да ви кажам :D
    За шминки секогаш ме снабдуваше една моја тетка, многу сакав кога ќе отидам кај неа на гости, ме оставаше цо нејзиниот несесер и си буричкав, а од кај неа обавезно си одев со некое карминче или пак некој акцесорис - детска радост :)
    Баба ми ми има сплетено неколку комплетчиња што се стварно убави и уникатни. А за менување/наследување облека баш и не сум имала многу, имам постар брат така да ништо од него, а за од братучетки не ми текнува такво нешто :^)

    Како и да е, убави ми се спомените кога си ги гледам сликите од малечка, а нешто на коешто се радувам е дека мајка ми ми ги има сочувано најубавите работи па здравје може ќе имам ќеркичка, па ќе ја правам кукличка како што ме правеше мене мама :)
     
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Мамичка секогаш се трудеше да бидам убава облечена и дотерана.Јас сега имам свој стил,а таа различен.Но ми го знае стилот и сеуште ме облекува прекрасно.Мајката секогаш се грижи за своето дете,некои сега им е многу смешно порано како мајките ѓи облекувале.Секоја мајка се труди детето да и биде средено,чисто и педантно.Па така се грижеле и за облеката.Можеби еден ќе го имаме истиот стил како нашата мајка,но не значи ако имаме различен и да се исмејуваме како порано таа не облекувала.
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мајка ми е перфекционист и се уште се грижи за тоа како се облекуваме. :wasntme:
    Кога немале пари со татко ми, на сестра ми нонстоп и шиела фустанчиња, комплети некои, и човече кога ги гледам мислам купени се. Алал да и е. Дури и во таква состојба сестра ми не смеела да носи нешто што не одговара едно со друго или пак да не е модерно. Никако!
    Кога го отвориле првиот Бенетон (мислам) трчале да не остане покуса фраерката.
    За мене немаше таква љубов. :D Јас бев слаба како стап, одвратно слаба и неубава и за мене немаше многу мерак да ме тинтра, ама сепак убаво ме облакаше само не со толку задоволство. Бев височка, а слаба и со долги раце и се ми беше широко за да ми ги покрие рацете. :(

    Од секогаш сме биле со плетки на нас. Љубовта за плетење и понатаму и остана љубовта и е многу вешта. Со мерак плете имавме преубаво изработени џемпери, елечиња, капи, шалчиња, пелерини.
    10 техники во еден џемпер, таква волница, ваква волница. А јас и татко ми се мечувавме со иглите па не караше што и ги виткаме. :(

    Секогаш ми оставаше она што да носам за на училиште и имав еден комплет тренерки, некој дебел убав материјал ама човече колку не ги сакав тоа е чудо едно. Она гледа да ми е топло, а јас сакам да изгледам шик како останатиот дел од класот. Не успеав да победам. :D
    Паметам еднаш само ме остави сама да се облечам и рипав од радост. Ги облеков омилените тегет ѕвонарки и жолта ролка со tweety и рипав од радост. Ама рипав.

    За разлика од повеќето девојчиња што сакаат нежни бои, јас сакав сива. И јас се облакав во сиво.
    Уште и го памтам на мајка ми погледот кога ќе ме видеше како ќе се фатев за нешто во таа боја и знаеше дека морам да го имам.
    На слики не знам дали можам да се смеам. Сигурно има 2-3 на кои им одминала модата претерано многу, ама на повеќето сме спастрени, средени, ништо не ни фали.

    Носев кики како мала, и имав мој моден тренд и редев штипчиња во форма на цветче на горниот дел од главата. Шарени, во сите бои. И да, така одев во град. Со главата надолу мора да шетале со мене. :D
    Секогаш носев патики со лепенки, затоа и се уште не знам да врзувам патики па и тие сега што ги имам се со лепенки. :D
    Никогаш не ми даваше да менувам облека со никого, и се уште не практикувам да го правам тоа. Откако пораснав дали 3 пати сум позајмила на кратко нешто и истиот ден ми било вратено, освен секако со неа или сестра ми.

    Омилено парче хмм..Имав еден комплет со коала како игра кошарка и многу го сакав. Ми го донесе од Германија кога имав 2-3 години и од што бев слаба понатаму (а до 3-4 годинки пуничко како што треба) го носев уште години години понатаму. Можеби до кај 6-7 години.
    Ау да. Имаше во Полини едни кломпи на штикла. Лаковани со цветови. Лелееее.
    Па таква радост не сте виделе. Само тропав и идев нагоре надолу. :D Другарките се караа која да ги носи, а јас мутава им ги давав.

    И многу сакав долг фустан.
    Братучетка ми е на моја возраст и бевме неразделни, ама она беше доминантна, јас глупиот потрчко и за нејзиниот роденден зашто беше и во клас главна нејзините и купија долг принцески зелен фустан и така славеше. А јас намерно за роденеднот имав купено црн светкав комплет, доста шик и одвај чекав да го облечам ама ми ја зема славата она. :(
    И моите немаа излез ми нарачаа фустан за деверуша во праска боја. Го носев еднаш на маскембал и толку.
    Ама :!: мојот фустан беше убав. Нејзиниот беше сатенски. Ете така.

     
    На Trendafilka, senza.parole, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Пааааа, беше тоа одамна. Или ... сепак не беше :lol: :angel:.

    Земајќи го во предвид фактот дека јас сум голем инат и премногу сум тврдоглава и своеглава за да дозволам некој друг да одлучува нешто за мене, не дозволував мајка ми да ми осмислува комбинации за било кој настан. Секогаш јас бирав, спојував, комбинирав и може да се пофалам дека дворски шутови не ми беа рамни, нели? :D

    А некогаш кога бев во дилема дали оваа или онаа блуза, често знаев да и пријдам и да и речам: ,,Мамо, која блуза од овие две да ја облечам?'' - И она ако ми речеше едната, јас секогаш другата ја облекував. Морав едноставно да контрирам, инаку не бев жива. Така е и ден денеска :devil:.

    Едино ми текнува дека и давав да ми прави ,,фризури''. Кики, репче, фонтана, дека јас бев како фатена во рацете инаку и тоа сама ќе правев :D.

    И имав омилени едни црвени чевлички, многу сакав да ги носам а уствари само на една свадба ги облеков. Битна е желбата :rofl:.

    Во прилог малце да се насмееме и да се потсетиме на деновите од Времето кога (не) не облекуваше мама :D.


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Да се знае кој ќе биде на диета цел живот :!: :rofl:
    [​IMG]
     
    На MaggieTatum, Someonespecial, shushu и 9 други им се допаѓа ова.
  11. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Мајка ми ретко. Јас си влегував во продавница јас си бирав модел, што фармерка ќе одело, како некоја пуфла. Пред секоја прошетка, алиштата ги постилав на спалната, како комбинации и тоа што најмногу ќе ми се допаднеше тоа го носев.
     
  12. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Teмата има различна смисла. Кога сум била јас 9-10 год. каков "стилист'' сум била,но не ме облекувала мама. Затоа :)
    Да се надоврзам. Мајка ми и баба ми секогаш убаво ме дотерувале. Секогаш во тогашната мода. Со прцлиња и шнолки. Јас така белко детенце со фустанчиња... :lol:
     
  13. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    сакам да се врати таа мода..
    додуша, мене не ме баш засега дали е во мода, јас си се облекувам во модата во 80s :lol:
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    За мене трауматична тема. :lol: Кога ќе ги видам сликите, мајка ми вика „кај ми бил паметот, циркус си била“, а замислете јас како се осеќам. :D
     
  15. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Да не се фалам, ама ќе се пофалам. :D Мајка ми најубаво ме облекуваше(гледано од сегашна перспектива- тогаш мразев како ме облекува).

    Сите фустанчиња ми беа во лолита стил. Сега ми се допаѓа стилов но порано го мразев. Еве вакво едно фустанче имав, само што тоа беше сино со бело:
    [​IMG]

    За низ дома немаше проблем со облекувањето дека баба ми ме облекуваше, ама битката почнуваше кога ќе требаше да излегуваме или кога ме носеа во градинка. Ај што не ги сакав фустаните, туку и кога ми облекуваа хулахпки (не од памучните, туку од синтетичките) тоа како раб на прстите сакав да ми е наместено точно под ноктот од палецот, ако не беше така рикав ко да ме колеше некој. :!:
    Исто така врвците на патиките/ кондурите мораа да бидат подеднакво стегнати.

    Како и да е... мајка ми одсекогаш имала добар стил, барем јас така мислам. :)
     
  16. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    мајками во тоа време ме облекуваше убаво барем за неа :D
     
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    За мајка ми ок. Ама баба ми како ме облекуваше БРУКИ |(
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Уф, јас бев право гревче во облекувањето како помала според мене.
    Ако ја прашате мајка ми ќе ви каже дека сум била „многу дотерано дете“ (нема грешка). :D

    Прво, да не заборавам, фамозните фризури на мајка ми.
    Имав шишки како помала, и секое мало детенце кога ќе го видам со шишки ме потсетува на мене. Шишка грл.
    После им се наврте на „фонтаните и палмите“, секој ден ми изникнуваше по едно на глава.
    Мајка ми и ножици... оф боже прости и`, не знаела што прави. |(
    Сама ме кастреше, и секогаш едната страна беше покуса од другата, и тоа не за малку, туку за добар сантим-два. Асиметричен фриз, многу визионерски настроена женичка.

    Мајка ми држеше бутик на времето со роба на Винка Виница, и имаа детска серија Виви шоу мислам се викаше. :)
    Е тука нема збор, навистина бев дотеранко дете, со шарени панталони и јакнички. Негував некој „машки стил“ повеќе, тренерки и патики.
    Имав и неколку фустанчиња и лаковани кондурчиња, обично за приредби купени, зашто го кревав фустанчето, не бев баш некое послушно девојче и дама. :D

    Не менував облека со никого, обично наследуваа многу од мене.
    Не се расправав за облекување, тупавко бев, што ќе ми дадеше мајка ми - тоа ќе облечев, до кај 5 одделение така беше чинам. :)
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Кога бев мала мајка ми се грижеше за мојот изглед. Сега кога ги гледам сликите сфаќам дека и не се грижела толку. :lol:
     
  20. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Мајка ми супер се грижеше што облекувам :D Најчесто купував шорцеви со маички комплети
    И убаво ми ги комбинирала работите
    Ама баба ми |( кога ќе ги разгледам сликине срам ми е Бруки аман бре кажете дали воопшто одговара
    жолто-зелена маичка со сино-розови шорцеви :tmi: :fubar:
    И маичката и шорцевите од различни комплети, што ќе и дошло при рака тоа ми го облекувала |(
    Глупости :tmi: