1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сум. Ама секуларност не значи да ја браниш само слободата на атеистите и ЛГБТИ пропагаторите, туку и на верниците, кои бај д веј се мнозинство. Секуларна држава не значи атеистичка држава. Грешка у поими срц :)
    Еве ти директен линк од Белата Куќа:
    https://www.whitehouse.gov/briefing...trump-stands-religious-freedom-united-states/

    Читај што вели доле за слаткарот:

    • it supported baker Jack Phillips’s right to operate his bakery in accordance with his religious beliefs.
    И пред да го плукате Трамп, тој ништо ново не измисли, само го подигна првиот амандман од уставот на САД, го зачисти од прашината и го осветли со фенерче да го видат дојденците кои заборавија на какви темели се основаа Соединетите Американски Држави.

    Почитувам што велиш дека не е за тужба и суд случајов, ама ај размисли да не случајно двајцата хетерофоби заслужуваат неформална осуда од општеството заради подмолно рчкање и атак на првиот амандман од уставот на земјата во која живеат? Ако не им се допаѓа САД, ајт сиктер, никој не те држи со сила таму. А ако ти е добро на гзенцето у таа земја, епа има да го почитуваш нејзиниот устав, а не да праиш галама и проблеми таму.
     
    На ladyySi и Vitaly им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А ти да одиш в црква и да не се замараш со ЛГБТ? м?
    По можност во црква во САД, кај што оди Трамп.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Значи, кога збориме за Македонија и спомнеме дека православните се мнозинство, добиваме одговор од тебе: "Па што дека се мнозинство, знаеш ли што значи секуларност?".
    А за Американците друга приказна :?:
    Двојни аршини, двојни аршини насекаде :D
     
    На Nausicaa, Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Цитирај каде и во која ситуација сте ми спомнале дека правосалвните се мнозинство и на што точно јас сум приговорил околу секуларноста во врска со тоа? Во спротивно ова останува на обична клевета.

    Јас сум за секуларност секаде, и во Македонија и во САД. Секуларноста ја боли уво кој е мнозинство, а кој не. Ако веќе те интересира зошто го спомнав тоа, муабетот е дека секуларност не значи да малцинство да му дадеш слободи и привилегии на сметка на ограничување на слободите на мнозинството, туку на сите подеднакво.

    И уште нешто. Изразот „бај д веј“ значи „патем“ или нешто што е настрана од главната тема на муабет и е спорадично спомнато, а ти од целиот реферат се најде баш тоа да ми го цитираш офтопик и да правиш драми од тоа :D
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ете ти го и одговорот на муабетот за ЛГБТ.Гледаш како си паметен :)
    Правниот систем е функционален, кога сите се еднакви.
    Во моментот, хетеросексуалците имаат привилегии во однос на ЛГБТ.
     
    На candy.cane, lovestoneddd, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не ме терај да барам, еј :D

    ЕДИТ: https://forum.femina.mk/threads/Мачеништво.28326/page-2#post-3701876

    И те молам без реплицирање, да не ја тераме дискусијата во оф топик

    Па нема потреба да дискутирам работи кои веќе ги разрешивме, нели?
    Што од претходното мислење ти е ново и никогаш претходно некажано?
     
    Последна измена: 9 мај 2018
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, на какви темели? Кажи си де, Америка е христијанска држава.
    In God we trust и one nation under God се воведени 1954-56 само како противтежа на комунистичките држави. Тоа што претседателите даваат заклетва над Библијата со зборовите so God help me, е нивен личен избор. Никој не е обрврзан да помине религиски тест пред да заземе некоја функција во државата (од Уставот, Article 6, Section 3)

    Ако зборуваме за основачите, Томас Џеферсон кажал многу работи против христијанството, нешто што не би го правел да се тврдеше дека Америка е основана на христијански темели. Исто така, самиот Џон Адамс (вториот претседател), иако христијанин, има кажано дека владата на САД на никој начин не се темели на христијанската религија. И тоа е важното. Дали основачите биле христијани не влијае на тоа дали Америка е христијанска држава. Според Првиот амандман кој го цитираше погоре, Америка е секуларна држава и во документите на нејзиното основање, никаде не се спомнува the Lord and Savior Jesus Christ.

    Па на какви темели била основана Евангелос?
     
    На DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Абе само за извртување зборови те бива :D Ја обратното го зборев...

    Христијаните не одат во штабовите на ЛГБТИ да бараат да се рчкаат и провоцираат, туку хетерофобите насочени од ЛГБТИ пропагаторите одат во слаткарите на христијаните и бараат од нив да им прават дизајни кои се косат со нивните убедувања и потоа се дрзнуваат да ги тужат.
    Значи хетерофобот има слобода да отиде во било која слаткарница, но тој инсистира торта дизајнирана баш овој слаткар со цел да изврши атак на неговите верски убедувања. Тој не ја користи својата слобода за да живее слободно, туку за да ја загрози слободата на другите. И ова е заштитено со уставот на САД.

    Затоа претседателот Трамп мораше да реагира, бидејќи виде дека ЛГБТИ здруженијата таму си земаат повеќе права и привилегии и сила врз луѓето со поинакви убедувања од нивните. Мислам не само за тоа, ама и тоа беше една од главните прични, а тоа се гледа од тоа што случајот со слаткарот е спомнат во извршната наредба.

    @Lella , кога реков „заборавија на какви темели се основаа Соединетите Американски Држави“ мислев на темелите на слободата на изразувањето на религијата и религиското практикување, јавен говор, печат итн. т.е. токму онаа слобода која хетерофобите од ЛГБТИ сакаат да ја загрозат на останатите. А ова е дефинирано во Првиот амандман на уставот на САД.
    https://en.wikipedia.org/wiki/First_Amendment_to_the_United_States_Constitution

    Затоа велам, ако не им се допаѓа САД, ајт сиктер, никој не те држи со сила таму. А ако ти е добро на гзенцето у таа земја, епа има да го почитуваш нејзиниот устав, а не да праиш галама и проблеми таму и да покренуваш тужби кон неистомислениците само затоа што не веруваат у твојата ЛГБТИ идеологија.
     
    Последна измена од модератор: 9 мај 2018
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    Дечки, темата по некоја случајност е споена со веќе постоечка во подфорум врски, ама задржете го нивото на коментирање и задржете се на темата :)
    И уште еднаш ќе напоменам, не анализирајте членови на лична основа со цел да ги навредите..Држете се до нивните искажани мислења.

    Благодарам на разбирањето.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Евангелос, геј пар кој бара декорација на торта на никој начин не го спречува слаткарот по работа да оди да чита Библија или да клечи на колена. Тие што ги нарекуваш хетерофоби барале торта за свадба, при што биле одбиени. Тоа ли е тенденциозно наметнување лгбт пропаганда? Ти кажав, некој може да дојде во моја слаткарница и да побара торта со нацртана сланина и јас да извадам светена вода и да ги отерам упм. Бидејќи ми ја загрозиле религиската определба демек. :D

    Патем, за да се нарекувани хетерофоби, треба да бидат идиотски настроени спрема сите хетеросексуалци, евентуално да тврдат дека хетеросексуалците не смеат да стапат во брак и да посвојат деца, да прават чунди изрази на лицето кога ќе видат хетеросексуален пар на улица, да одат во коментари на хетеросексуални парови на јутјуб и да коментираат дека ќе горат во пеколот, и така... Затоа, прекини со изигрувањето жртва, игнорантно е и звучиш како белците кога се жалат дека имало расизам и против нив. Душички тие, сигурно им е потешко од на робовите на нивните прадедовци.

    Она кога си толку privileged, што најмал насочен фокус кон маргинализирани групи мора да го насочиш како напад и опресија кон тебе лично.
     
    На candy.cane, lovestoneddd, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Секуларност значи одвоеност на религиите (сите присутни) од државата и државните работи. Не е само рамноправност на сите религиски припадности, туку и ова. Изјавата од Белата куќа дека Америка е земја на верници е целосна спротивност на секуларност.
    Твое право е и да бидеш против тој принцип (секако и наше да ти покажеме зошто е тоа погрешно), ама за да не звучиш лицемерно - немој да го тврдиш спротивното и да го користиш кога ти одговара :)
    Аман среди се со поимиве човече, побогу :D
    Хетерофобија би бил обратен случај - да појде стрејт пар во слаткарница и геј слаткар да одбие да им направи торта за нивната традиционална стрејт свадба.
    Во поголемиот дел од светот стрејт браковите се тие што се единствено дозволени, а во слаткарниците низ светот којзнае колку вработени геј луѓе може да има. Дали има еден ваков случај каков што ти опишав? Ископај го, секако и него ќе го осудиме. Забораваш дека сме ние стрејт in the first place, не сме мазохисти :)

    Луѓево едноставно не си ја вршат својата работа поради дискриминација од религиозни причини и тоа е тоа. Како што реков, можеме да разглабаме само за нивоа на дискриминација и реакција од дискриминираните :)
    Мене на пример многу посериозен тип случај ми е оној кај нас пред неколку месеци, кога докторка од муслиманска вероисповед - дипломиран и вработен гинеколог одбила да врши абортуси од религиозни причини. Ама ниту за тоа ќе се согласиме, ниту пак е темата тоа :)
     
    На DAngel и Lella им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182

    Што цитираше жити се'? Не пишав такво нешто... Рамноправност е зборот ист за било која правна форма. Многу убаво разбра што сакам да кажам.
    А дека христијаните се организираат и прават глупости, сите го знаат тоа. Па на погреб на човекот му отидоа да протестираат бе! Нормално е тоа? За 'Бог' луѓе се убиваат и самоубиваат секојдневно.

    Не е можно да си до толку... Си велам
     
    На lovestoneddd и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сакаш да кажеш дека во Америка на христијаните им е дозволено да бидат христијани само во ѕидовите на црквата, а на секое друго место треба да се водат по идеологијата на ЛГБТИ и атеистите? :D
    По 4-ти пат ќе потсетам дека првиот амандман од Уставот на САД им гарантира на сите луѓе слобода на религијата и религиското практикување. Никој не може и не смее да наметнува свои убедувања на друг, макар тоа било христијанин, муслиман или припадник на ЛГБТИ. Христијанинот има право да си живее согласно христијанските верувања и во слаткарница, и на плоштад и во музеј и во трамвај и во авион и кај сака. А и ЛГБТИ и хетерофобите си имаат целосни слободи, ама не смеат да ги наметнуваат своите убедувања на другите, ниту па да ја ограничуваат слободата на изразување на неистомислениците.

    Едноставно е: Влагаш у слаткарница, прашуваш дали прават таква торта и ако кажат не, фала пријатно, си бараш друга слаткара. Што не е јасно? Ако имаш комплекси или се фрустрираш што цела Америка не ја подржува идеологијата на ЛГБТИ, тогаш пакувај си куферите и гитла да те нема од САД. Нема сигурно за тебе да ги менуваат темелите на кои што е изградена државата.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Изјавата на Белата Куќа не е дека Америка е земја САМО на верници. Има разлика нели? :) Верските слободи биле под атак и Белата Куќа потсетува дека Америка е земја на верници и дека на тие верници треба да им се обезбеди слободата не верското изразување согласно првиот амандман од уставот на САД.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Од кога барање од некој да направи нешто за што е платен е загрозување слобода на религиско практикување? Ова е баш како случајот што го спомна @Someonespecial.

    Никој не ти пречи во практикувањето на религијата, но на работно место се прави она за што си платен. Ако сметаш дека работното место од тебе бара работи кои се против твојата религија, тогаш зошто побогу си го избрал тоа работно место?

    Што ќе беше ако одеднаш сите почнеа да тврдат дека им се загрозува слободата? Водоинсталаторот ти вика имаш зелени цевки, тоа е против мојата религија. Пожарникарот вели на куќата има вмровски симбол, тоа ја загрозува мојата политичка слобода. Докторката вели абортусот ја загрозува мојата религиска слобода. Oh wait... тоа веќе се случува.
     
    На Someonespecial, LollySky и DAngel им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Уште по "чекај на работа си или во верски објект" ситуација е што кога влегле новинарите кај докторката за да ја интервјуираат, истата ја затекле како се моли.
     
    На Lella, Someonespecial и LollySky им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Слаткарот е газдата на својата слаткарница и тој си е платен да прави торти, а не да дизајнира геј симболи. На кој не му се свиѓаат неговите торти, никој не го тера со сила да ги купува. Затоа постојат и повеќе слаткарници. Тоа ти е конкуренција и разноврсност на пазарот. Никој продавач не може да им угоди на сите купувачи, ниту пак сите купувачи одат кај сите продавачи.
    Еве на пример Target супермаркетите дозволија жени од машки пол ( :D ) да смеат да влегуваат во женските тоалети. Заради ова, многу луѓе кои не веруваат во жени со пениси ( :D ) одлучија да не пазарат во Таргет, туку си одат во Walmart или други супермаркети. Никому ништо. Штом не ти се свиѓа едниот маркет, си одиш во друг и чао пријатно. Нема што да го тужиш маркетот што газдата не го уредил според твоите вредности и верувања.

    Наведуваш смешни и нереални примери, но сеедно, ќе го земам реалниот промер: Ако во некоја држава, сите лекари не подржуваат абортус и тоа го сметаат за убиство на бебиња, а ти сакаш да извршиш абортус, тогаш можеби таа држава не е за тебе. Во тој случај треба да размислиш за пакување на куферите и преселба во држава која ќе одговара на твоите вредности и верувања. Америка сигурно не е за таквиот човек. Ако ако има барем еден гинеколог кој извршува абортуси, тогаш ти ќе си отидеш кај него, а не да ги тужиш другиве кои не сакаат да убиваат бебиња затоа што тоа се коси со нивните верувања. Се надевам сега е појасно.
     
    На Petra777 и sjdgo им се допаѓа ова.
  18. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Во случај на таков брак kој ќе биде мажот а кој /која жената?:P:D:D
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Ok @EvAngelos , еве ме интересира, како тоа се преобратуваат гејовите? Ќе кажат десет пати Оче наш и потоа почнуваат да се палат само на женски?
    Точно, знам и јас многу луѓе во Скопје што биле геј а сега се женети со деца, ама тоа го направиле исклучиво ради околината/родителите.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Најдобро е да ги прашаш нив. Али штом имаат деца, веројатно се запалиле и на жените нивни. Не биле ваљда со маж, па да го чувале семето и вештачки да го инјектирале во жената своја. Не знам, еве прашај ги нив најдобро.
    Јас моите екс геј пријатели сум сигурен дека не глумат љубов со жените свои, туку искрено си ги сакаат, гушкаат и уживаат во љубовта со нив. Еден што имам прашано, ми има признато дека знае да му прелета понекогаш геј мисла, ама тоа е тоа, не дозволува животот да го раководи според прелетаните мисли, разузданите страсти и сл. Особено му помогнало тоа што престанал да гледа порнографија.
    На бившиот алкохоличар може и кризи за алкохол да го фатат, ама нема да иде да пие, затоа што иако телото му го бара тоа, разумот му вели дека е погрешно.
     
    На A.27 и sjdgo им се допаѓа ова.