1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска меѓу родител-деца

Дискусија во 'Канта' започната од waterland, 17 април 2020.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. waterland

    waterland Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Доколку постои ваква тема префрлете ми го мислењето. Чувствувам како мајка ми да е многу поповрзана со брат ми отколку со мене. Имам 21 година а тој 26. Секогаш сум јас таа што помага по дома, чисти, прави јадење, помага а брат ми само си ужива и не се замара. Покрај тоа мајка ми секогаш повеќе се интереира за него, кои му се пријатели, од кај се, кај искача и што прави. Пред некое време седевме во дневна и некако се започна разговор за кога сме биле мали, сите спомени кои она ги спомна беа поврзани само со брат ми, ништо апсолутно не кажа за мене и ова многу ме повреди, се чувствував како ништо значајно.. Често кога седам од нигде ми кажува што направил он, кај бил како си прошол без воопшто да прашам. Стварно ме повредува и се чувствувам како да служам по дома за само да помагам и више не сакам да мрднам со прст бидејќи ова се повеќе ми се насобира. Како да се справам со ова, дали некој бил во слична ситуација?
     
  2. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е природно да го сакаш едното дете дури е и невозможно , но да можеби е повеќе наклонета кон брат ти, причината може да е различна ... можеби дека е машко, прво дете, можеби е понежен, понеснаодлив, може свесна е дека ти можеш се ... немој да се осеќаш така. Можеби е добро да и дадеш дознаење дека тоа те повредува на пример речи и кажи ми нешто сега и за мене , доволно слушнавме за бате можеби несвесно го прави тоа. А на крај можеш и отворено да и кажеш ми фали твојата љубов и внимание ... тоа не е страшно :)
     
    На smile:), candy.cane и Dessa им се допаѓа ова.
  3. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Мајка ти е, седни со неа и разговарај. Кажи и сè што напиша тука.
     
    На WildMk, Dessa и LoLa96 им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.775
    Пол:
    Женски
    Да беше тинејџерка ќе ти речев дека веројатно погрешно ги согледуваш нештата, бидејќи како помлади сите сме имале мигови на љубомора кон сестра/брат и ни се чинело дека на нив повеќе им се посветува внимание отколку на нас.

    Но бидејќи како што кажа имаш 21 година, верувам дека не си во таа фаза па би сакала пред се' да те прашам дали генерално си блиска со мајка ти, дали разговарате, дали споделуваш со неа доста нешта или никогаш не сте имале таква врска?

    Ако чувствуваш дека може да ѝ го кажеш размислувањево без да ти рече дека тропаш глупости и веднаш да го отфрли, кажи ѝ и разговарајте за тоа како се чувствуваш.
    Доколку пак сметаш дека нема да те разбере, за почеток би ти рекла да не правиш нешто кое само ти го зголемува незадоволството и фрустрациите т.е кога нешто средуваш или помагаш направи го тоа само ако и тебе ти е ќеф дека си помогнала.
    Второ нешто кое може да го сториш е да разговараш со брат ти. Кажи му дека начинот на кој постапува мајка ви, прави да се чувствуваш нескано и отфрлено. Па можеби следниот пат кога таа ќе почне да зборува за него, тој ќе може да ѝ рече „Аман бе мамо, доста раскажуваш за мене. Ајде малку сестра ми озборувајте ја“.

    И уште едно нешто.
    Се извинувам однапред ако чепнувам во болна точка поради одредена причина, но доколку имаш можност зближи се со татко ти.
    Верувај дека и цврстината на врската татко-ќерка може многу да ти помогне и да те изгради како стабилна личност во животот и уште повеќе да ти ја зголеми самодовербата.

    И најмногу од се', доколку мајка ти одбива да воспостави поголема близина со ќерка си, таа губи највеќе.
    Ти ќе излезеш од сето тоа посамостојна и попаметна за тоа кој го заслужува твоето внимание, а на неа еден ден ќе ѝ недостасува времето кога можела да ти биде пријател.
     
    На Ketchup, candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.317
    Допаѓања:
    31.376

    Нема шо да се замараш, да разговараш и слично.

    Едноставно престани да слугуваш по дома, глеј да си создадеш свој живот, и мајка ти коа ќе остаре ќе и каеш брат ти да си ја глеа.
     
    На Marina*F, Snow-Star, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    @waterland Не се секирај мила, кај мене е слично во делот каде брат ми прави што сака, а јас на мои скоро 24 години не можам. Знам колку е тешко.
    Разговарај со мајка ти, биди искрена види што ќе ти врати.


    До сите мајки: Ве молам да го воспитате детето да ве гледа како најдобра другарка, посебно тие што имате ќерки.
    Не бидете премногу строги, да не се плаши ако извади 3ка по математика, зборувајте за се, не бидете конзервативни. Многу влијае тоа во понатамошниот психички развој на детето.
     
    На Ygritte, candy.cane, marija305 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Мајка и' ако досега не научила дека децата не се делат, нема девојчево што да ја учи и да збори
     
    На Mantub и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.686
    Допаѓања:
    283.162
    Најди си работа и иссели се од таму.
    Нека се 'думкаат' дури се живи, ако им е толку ќеиф.

    Во меѓувреме, кажи и' го ова и престани да слугуваш.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    30.590
    Пол:
    Женски
    Не си прва од која ова го имам слушнато. Искрено, јас немам ниту брат ниту сестра и баш никогаш не сум ни посакала да имам токму поради таквите поделби. Често слушам жалби и поплаки од другарки како нивните родители се наклонети према друго дете и тоа очигледно го покауваат во многу ситуации. Близок пример до мене е колешка која има ќерка и синче. Синчето од уста не го вади, многумина мислат дека има само едно дете. Баш ми е жал за девојчето. Да сум во таква ситуација мислам дека би ги замразела родителите и би гледала што е можно побрзо да се одделам од нив. :devil: Нема што да се прави тука, ми се чини дека кај вакви луѓе ни разговор не помага, ќе ти се правдаат само дека не си у право и дека еднакво ве сакаат. Се врти тркалото, еден ден кога многу ќе им требаш, препушти ги на брат ти.
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.060
    Пол:
    Женски
    Треба да знаеш дека родителите не треба да го сакаат едното дете повеќе затоа што по дома чисти, готви и слично. Сакам да кажам, престани да мислиш дека треба да направиш нешто екстра труд за мајка ти да се понаша исто со тебе како и со брат ти. Родителите треба бескрајно да ги сакаат децата без разлика на се. Родителската љубов треба да е безусловна. А не со услов - ако исчистиш ќе те сакам.
    Кажи и на мајка ти како се осеќаш чисто заради тебе, за ти да си ги вокализираш чувствата, малку да ти олесни. Не велам дека нешто сигурно ќе се смени, затоа што не треба на родител детето да му посочи дека се чувствува запоставено во однос на другото дете за родителот одма да смени понашање, и да смени веројатно ќе е краткотрајно, ама ти треба да знаеш дека ако родителот не умее двете деца да ги сака еднакво, или барем да не дозволи никое дете да се чувствува запоставено, треба да знаеш дека тоа е огромна грешка на родителот, а не твоја. Родителот треба да се освести и да се измени, не можеш ти ништо да направиш екстра за да ја 'заслужиш' љубовта. Секое дете ја заслужува родителската љубов со самото тоа што се раѓа. Муабетите "јас за тебе што не направив, ти вака ми враќаш" се чисто манипулаторски и себични муабети. Јас не раѓам дете за да ми чисти и да ме гледа на старост. Или да ми роди внуци да им се радувам. Ништо во моето родителствување не треба да трга од мене. Не што ме прави мене среќна, туку што го прави детето среќно. Тешко е да се сакаш себе си кога мама која е поим за љубов мислиш дека не те сака доволно. Ова е за никогаш да не се прашуваш што не е во ред со тебе. Се е во ред, проблемот не е кај тебе.
     
    На thequeen95, Lolipop23, M.B. и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.060
    Пол:
    Женски
    А татко и да се зближи со неа? Да каже жена ми се понаша неправедно кон ќерка ми, дај да и посочам. И да и кажам на ќерка ми да не се чувствува така пошо многу е сакана.
    Прекинете веќе со 'совети' дека децата треба да направат нешто за да го добијат вниманието од родителите.
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На thequeen95 и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.775
    Пол:
    Женски
    Прво не е твој форумов за да кажуваш какви совети јас треба да давам.
    Второ контролирај си го гневот.
    И трето и јас не се согласувам со некои совети тука, ама не скокам да кажувам дека тие се неточни.
    Секој зборува од сопствено искуство или НЕискуство, па затоа и мислењата се различни.
    И мене некои совети ми немаат допир со реалноста, затоа што реалноста е дека не се расчистува толку лесно со сите кои те израснале ама не земам да го објаснувам тоа бидејќи не секој може да го разбере.
    На крај не одлучувам ниту јас, ниту ти кој совет девојката ќе го прифати.
    На неа останува.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа Титово време, машки деца побитни од женски. :swear:
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.060
    Пол:
    Женски
    И ти треба да научиш дека ова е форум и кој сака тој ќе те цитира. А за гнев, не се преценувај толку, на форуми за луѓе што делат вакви "набивање на вина" совети ко твојве 5 пари не давам :D
     
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.775
    Пол:
    Женски
    Слободно цитирај и понатака, ама дека на форумов ќе се пишува она што ти го сакаш и одобруваш тоа малце можеш да го сонуваш.
    Toodles. :hai:
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.042
    Допаѓања:
    33.544
    Пол:
    Женски
    Ти ги прочитав и останатите мислења.
    Мајка ти не ти посветува доволно внимание.
    Дечко ти не ти посветува доволно внимание.
    Мислам дека имаш премногу слободно време. Во октомври 2019 си пишала дека имаш 19 години па значи уште имаш 19 по некоја логика. Треба или да си на факултет или да работиш така што ќе немаш слободно време да размислуваш до толку. Имај свое хоби, прави работи што те прават среќна, напредувај на секое поле во животот.
    Вака добивам впечаток на љубоморна особа или особа со премногу слободно време.
    Поработи и на самодовербата.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Првото од јули 2019, второто октомври истата година:drunk:

    @gjoker4e
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.042
    Допаѓања:
    33.544
    Пол:
    Женски
    Одела со двајца истовремено. :rofl:
     
    Последна измена: 20 април 2020
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.