pocnav da se muvam so decko sto se znae so bivsiot moj ama ne se drugari se znaat poso se od ista naselba, nekako nezgodno mi e da se druzam so negovite drugari da ne me zborat vidija so ovoj pa so ovoj . ama nekako ubavo mi e posle tolku razocaruvanja pocna da mi bide znacajno se so nego...on se trudi da mi udovoli mi se javuva titka me vika da izlezeme ama ne znam nekako ne mozam da se opustam . mi vika "jas te svigam uste koga te vidov kaj **** u kola i togas si rekov koja e curava"ne znam ni kako da se odnesuvam ni sto da pravam . ako ima nekoj so vakvo iskustvo pls neka mi pise....pozz
abe uzivaj si. ako ti se sviga i ako ti e ubavo-dozvoli si da ti se desi ubava ljubov. da bea apla drugari-ne bi bilo zgodno, ama poznanici od ista naselba a sto da recat devojkite od ist grad kade sekoj so sekogo se znae
jas ne znam so kako ama ne znaete kolku mi e sexy bratot na mojot bifsi..uuuu... si piseme i na fb,taka prilicno bliski stanavme Znam deka ne e bas najpravilno ama ubav e duri i poubav od bifsiot mi decko...neka mi pise nekoja ako i se ima nes sicno sluceno...
Случајот на baby87 го оправдувам. Ќе ја цитирам newring86: A ан-е, тоа што го кажуваш ти не е баш најправилно, туку е СОСЕМА НЕПРАВИЛНО. Да дека е твој изборот со кого ќе бидеш, но нема да ти биде незгодно? Замисли ситуација: да бидеш во врска со братот на твојот бивши, па таа врска спонтано да стане сериозна, да се приврзете и да одите долго. Нема да сака да те повика дома? Како ќе се чувствуваш? Како ќе ги погледнеш твојот бивш и неговите родители в очи? Некогаш, претпоставувам, те знаеле како девојка на едниот син, а сега да те знаат како девојка на другиот син. Биди сигурна дека нема да им оставиш добар впечаток. А згора на се, дали не ти е малку глупава помислата да одиш со брат на твојот бивш?! На браќата сеедно ќе им е што делеле иста девојка во различно време? Ќе се соочиш со твојот бивш како брат на сегашниот дечко? -И уште мнооогу вакви прашања постојат кои треба да си ги поставиш и самата реално да си ги одговориш. Можеби многу филозофирам, но мислам да се тргнеш понастрана од него, не е единствен на светот.
Не знам зошто не можеш да се опуштиш, а самата кажуваш дека дечкото така се труди. Доколку гледаш и поважно - чувствуваш дека би можело да има нешто, мој совет е да си дадеш шанса, и нему и себе и да се опуштиш, полека, без брзање. Живееле во иста населба и си викале едно рандом здраво? Голема работа. Убаво кажа една девојка, а тие што живеат во помалите градови, се знае секој со секого, што треба да направат? Можеби ќе излезе нешто убаво, можеби не. Никогаш нема да знаеш, ако не пробаш, а ти веќе си пишала, тебе ти се допаѓа. Факт е дека народот зборува и ќе си зборува и без и со причина. Никогаш никому нема да можеш да му удоволиш, секогаш ќе има некој што ќе зборува, ќе те гледа накриво, чудно. Секое чудо за три дена. Мој совет - нека воопшто не те оптоварува тоа што ќе речат другите. Другите ќе дрндаат секако, тоа е ментално хоби на нашата нација. Ти гледај тебе да ти е убаво и ти да се усреќиш како што мислиш дека ќе е најдобро. Позз
ова не е ништо е што деца од иста населба голема работа неможеме ние да си ги бараме дечковците ајде сите од различна населба. искрено ти си раскинала со бившиот и што има везе со кој ќе се фатиш уживај ама воопшто не грешиш. и да се фатиш со дечково и да се гледаш низ насеба со бившиот само здраво и толку само кажи му на овој што се муваш дека имаш бивши не криј
Pa mozda da vo pravo si megjutoa uste nisto ne se slucilo samo velam deka me privlekuva A tolku so ke kazat ostanatite ne me interesira bidejkji jas i on treba da odlucime...Kako i da e ne sum planirala nesto da se sluci samo onaka prasav dali bi go opravdale toa.I da se sluci sekako deka toa ne bi bila nekoja seriozna vrska Fala vo sekoj slucaj
ан-е, доколку родителите на твојот бивши појма немаат која си, а врската не ви била сериозна, воопшто нема ништо лошо во тоа да ти се свиѓа брат му. Јас така гледам на тоа. Во спротивно, би било незгодно. Барем мене би ми било.
^^Другарка ми се мувала со братот на сопругот на времето Па сега се зафркаваат за тоа, ако него не му смета, и секако ако НЕМАЛО НИШТО ПОВЕЌЕ ОД БАКНЕЖ тоагш и не е толку страшно...штознам можеби... не ме судете
Da se soglasuvam i mene bi mi bilo isto.Megjutoa prethodnta vrska i ne mi bese mnogu seriozna,ne do toj stepen da gi zapoznam negovite roditeli! Fala vi vo sekoj slucaj
Познаник Да- ама роднина или брат? посебно ако била сериозна врската јас не би можела да одржам таква врска или да стапам во брак со таква личност . Имам познаничка која на времето имала сериозна врска 3-4 месеци , запознаена била со родителите и се тоа со братот на сопругот . И сега си имаат деца ,деверот не е женет и невработен е, а исто и таа . Значи сами се дома по цел ден со децата .И што сега кога ќе се сами ако им текне да се потсетат на старите добри времиња или да мавнат една шема Таа како размислувала ако воопшто размислувала. Многу ми е чудно како можел сопругот да си дозволи такво нешто, да земе за жена бивша од брат му Чудни луѓе ,никако неможам да ги разберам .
Мојот дечко се познава со бившиот, и да. Непријатно ми е кога го гледам него со друга и јас сум со друг, кога пред една година овој период, бевме најсреќни на цел свет, а тие двајца беа само познаници наши. Многу нагла промена ми дојде, нешто кое никогаш немаше да ми падне на памет. Јас со човек кој не го приметував дека постои додека цело време излегуваше со нас, тој со девојка која ја викаше ку*ва додека бевме заедно. -.- Сепак, било што било, сега е така и не сакам да се преоптерам со непријатностите. Поважно е да уживам во овие мигови.
нека не ти биде незгодно според мене нема зашто..јас се наоѓам во иста ситуација како тебе дури и полошо зашто мојот сегашен дечко беше ептен добар другар со мојот бивши меѓутоа мене не ме интересира тоа можеби изгледа себично но сепак не треба тој да ти биде поважен од самата себе.ако ти е убаво со овој продолжи си и не му ја мисли
Бившиот мој е многу добар другар на дечко ми. Кога одев со тој бившиот, сегашниов дечко ми беше само познаник и заедно одевме на плажа во парови (тој со девојка му, јас со бившиот) Да ми кажеше некој тогаш што се' ќе ми се случи, слатко ќе се изнасмеев. Арно ама ја немаше баба Ванѓа да ме предупреди... Е сега е обратно, бившиот мој си има девојка со која се заедно неколку години па често се дружиме и излегуваме заедно. Не ми е ни малку непријатно нити чудно, ниту пак на дечко ми. Едноставно многу кратко време одевме со тој бившиот а и немавме некоја здрава и зрела врска. Едноставно кажано-бевме сеуште деца
имам едно мало проблемче...се надевам ќе ми помогните ...се скарав со дечкото веке 3 недели от ко се разделивме..сега тој има друга девојка...контактирав со еден другар негов шо се заедно во друштво..сега от ко се скарав со него..другар му ми кажа дека ме бендисвал и дека сакал да има нешто поќе со мене..ми се бендисва..ама стварно не знам што да правам...не знам дали ќе биди во ред то да имам нешто поќе со него..нејќам да се зборат лоши муабети за мене дека ги свртив двајцата другари и сл...ве молам за еден мал совет...позз
запрашај се што сакаш ти а не што ќе зборат другите. Зар само за да не зборат ти може би ќе ја испуштиш љубовта на твојот живот? Прави онака како што ти кажува срцето, но само ако го сакаш или еве ти е симпатичен, но во никој случај не го користи само за да му се одмаздиш на бившиот. ако ти се допаѓа мислам дека не е срамно да си со него, и друго еден мал совет од мене биди малку претпазлива со типот за да не те искористи во случај бившиот да му има зборено абе лесна е можеш да ја имаш и само да му бидеш играчка. Ваквите авантури во принцип ти се меч со две острици. Но ако осетиш дека детето има навистина добри намери сепак ти го знаеш тогаш биди со него.
Може другарот негов да е љубоморен на него,па сака да му врати на нешто со тебе...внимавај убаво,еве јас имав таква ситуација кога другар на бившиот ми се пушташе и откако раскинав со дечко ми ми кажуваше грди работи-демек што ги зборел тој за мене...кога се смирив со бившиот му кажав и овој пред цело друштво му рече,а овој се вцрви и незнаеше шо да каже,,,оттогаш не зборуваат никој од другарите со него,оти видоа дека уствари не им бил другар......... мој совет тие што подалеку од другари на бившите
Хм еве лас лицно верувам и во таква лјубов зосто да не,се родила симпатија дури мозе и несто вистинско да излезе од тоа јас не го познавам децкото и немозам да тврдам ама сакам да ти биде јасно дека најпрво ти треба да размислис дали вреди да се впустас во таа романса и тоа не поради лугјето туку ради самата себе,ти сигурна ли си дека ке се осекас подобро ако продолзис со тој децко дали ке ти биде убаво на дусата или само потсвесно ке си ги лецис комплексите и старите рани со некој сто секој ден ке те потсека токму на бивсиот.ти секој ден ке размислувас за тоа како бивсиот ке реагира а и дали околината ке остане рамнодусна,дали си спремна да го поднесес се тоа онака на свој грб,да не ме сватис погресно јас само вака од друг агол те наблјудувам и пореално размислувам,еве ли4но ти посакувам се нај нај ама мој совет ти е дај не брзај нека оладат малку сите врели глави биди си блиска со децкото ама најпрво размисли дали навистина го сакас тоа или се тоа само некои минливи страсти знаес потсвеста наса забранетото,онака мозеби и не би го ни забелезала ...незнам дај да не филозофирам ти посакувам срекицка и узми или остави а ваквите предизвици изискуваат храбри девојки кои мозат да зивеат и со конзиквентс
Фала ти Butterfly ..јас него му реков дека сакам најпрвин убаво да размислам..оти сега само што раскинав со другар муу..и стварно одма нејќам да имам нешто повеќе со него...