1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со професор.. за или против?

Дискусија во 'Врски' започната од daddyslittleprincess, 12 октомври 2013.

  1. daddyslittleprincess

    daddyslittleprincess Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    па сигурно во секое училиште се наога по некое убаво професорче.. во моето има еден преубав и млад професор па често си правам филмчиња хаха.. ме интересира ваше мислење за врска со професор.. ЗА или ПРОТИВ
     
  2. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Прашај го директорот на училиштето. Да видиме што ќе каже.
     
    На meckicka, kLem23, Vip83 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Јас сум строго против, од една едноставна причина... Има големи шанси децата да бидат убави на него, а паметни на тебе, а самата помисла на тоа ме плаши :x
     
    На Pretty Woman, Cloud95, Animali и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Имав врска со еден професор, но никогаш не ми предавал мене, тој беше професор во едно средно училиште, а јас веќе студентка, бевме околу 7-8 год. разлика, но не потрај баш многу .. околу 3 месеци и секој со обврските .. јас заминав Америка од факултет, тој тука и тоа е тоа. А со мој лично професор не.. не би се осудила а и овие универзитетските сите може дедовци да ми бидат ... Мислам дека со професор што ти предава, не би требало да започнуваш врска, прво не е убаво за тебе и може да леташ од училиште а со тоа и од дома, а второ тој на коцка си ја става работата. Значи со професор што лично ми предава или ми предавал сум ПРОТИВ...
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478

    Ај седи си мирна,не си стварај главоболки беспотребно.
    Инаку,против.
     
    На teressa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    За. Освен кога сум против. Не сум секогаш за, понекогаш сум против. Ама ако не сум против, тогаш за... пошто професорите воглавно се безврска.
     
  7. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Јас сум против тоа.... :^)
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.307
    Пол:
    Женски
    ПРОТИВ!!!! Кратко и јасно :)
     
  9. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    На 15 години фантазираш за некој што е најмалце 10 години постар од тебе и ти предава? А да почнеш да учиш нешто, некое дело да прочиташ, ќе ти треба во живот.
    Против, против и пак против.
     
    На teressa и LalitaGrosa им се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Да фантазираш како се љубите ОК, но немој да ти текнало да имаш врска со некој професор.

    Одвратно е. Ќе те искористи и ќе те фрли празна. Претпоставувам!
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    48.173
    Пол:
    Женски
    Едно е симпатија и фантазија друго е конкретен чекор да се превземе нешто во врска со ситуацијата. Сите сме имале некоја симпатија особено ако е некој помлад професор или професорка.На средношколците како што им вријат хормоните да им се погоди некоја помлада професорка која е убава и држеча тешко дека некој ке замижи пред нејзе и нема да си сврти некој филм во глава.

    Но тука има едно големо НО. Јас никогаш не сум гаела симпатии према професори бидејки сите биле поприлично постари но конкретно на факултет асистентите и демонстраторите мх мх мх. И не само јас сите сме имале по некој асистент и демонстратор што ни бил симпа.Чак можам да кажам дека тие често и се мотивација за посетеноста на предавањата. Барем јас сум имала неколку такви предмети каде во главно сум ги следела со внимание без исклучок само ради тоа што асистентот ми бил симпатичен.И баш ради тоа многу повеке сум научила на тие предавања отколку на некое друго каде мрзоволно сум седела и сум чекала да дојде време за пауза.

    За врска со некој професор никад не сум размислувала бидејки како што кажав се доста постари од мене ,а такви стари типови никогаш не ме привлекувале.Покрај тоа некако чудно ми е да бидам со некој кој на некој начин ми е претпоставен и не ги гледам како личности со кои би можела да имам поинаков однос отколку оној што го налага образованието студент-професор. Се имам плеткано со асистент од мојот факултет но не ми предаваше мене туку на друга група. Тоа ми беше мотивација неговиот предмет да го научам како Оче наш бидејки не сакав да мисли дека сум со него за да извлечам некоја корист во тој поглед. Односот на факултет ни беше службен како и со секој друг студент,надвор од факултетот си бевме тоа што бевме. Врската траеше кратко но во секој случај некако чудно ми беше на едно место да го персирам да го гледам како супериорен во однос на мене а на друго место да е сосема обична личност со која се смеам се пијанчам и се глупирам.

    Во секој случај кога станува збор за мој професор кој ми предава никогаш не би се нафатила на ништо повеке од чисто службен однос со него.
     
    На Animali и sofijanoka им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Ти ма 15 имаш или 25? Оди бриши таму,бркај врсници и лапајсена големи одмори, нелетај со паметот. Свашта.
     
    На kLem23, tessie, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Овие не се доволно стегнати од дома, затоа вака се понашаат.
     
    На PaLaVa, teressa, kLem23 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Е не се, не се. Коа ќе дојде време да се мажат ке бегаат на страна за да ги земе некој...
     
    На peperutka7, sofijanoka и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Па, добро и јас кога бев во основно имаше еден многу симпатичен и млад професор, кој ни предаваше во петто одделение, и еве не знам една што не рекла "Аи, па колку е убав" или нешто во тој контекст...Ама не слушнав некоја да каже дека е во врска со него, а немаше ништо, сепак ништо не се прочу...Дали знаете дека еден ден кад-тад , сигурно ќе ве фатат, и ви следуваат санкции!? И на тебе и на професорот?
    И мислиш дека би ризикувал работно место, само заради една попалена малолетничка? :^) Сериозно ?Деца бе, ах бе. . . Наместо да гледате да си најдете некој врсник, некој на ваши години , со кого не ви е забрането и ограничено, вие со професори гледате да се сплеткате. :| Земете , фатете книга, подучете нешто.Тој , освен како дете и ученик, тебе не те гледа поинаку.Нека ти биде јасно.Кога ли ќе сфатите !?
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Не! :x :x :x
    Одвратно е.Јас сум за забрана за работа во просвета за тие што ќе се фатат,или за кастрација.Мислам,ова ученичките,ајде до некаде,незрели,попалени вакви такви.Ама професорите бе? :^)
    Со кој памет,со ученички се плеткаат? Не,не,тие дефинитивно не се за во просвета...Катастрофа!
    Знам дури и пример,професорот се сплеткал со 17.18 годишната ученичка,таа оп трудна и сеа си имаат 2 дечиња.Па,плус и таа заврши ист факс као него,и заедно предаваат,во исто школо. :wasntme:
    Ехх,мојата чудесна земја Македонија...
    Каков ни е образовниот систем... :x :x :x
     
    На Vip83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.713
    Допаѓања:
    35.117
    Пол:
    Женски
    Против. На што личи тоа? Сфаќам да се чувствува симпатија спрема професор, ама да се започне врска со него? Тоа е претеризам. Ниту ги оправдувам ученичките, ниту професорите.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Е ова твоево е друг муабет. Друга е разликата во години 20-28 наспроти 15-23, пример. И плус, не ти предавал, туку е дечко кој ја имал таа професија ко шо може да биде и банкар и пекар и лекар.

    А за другово, разбирам, пубертет, хормони, се` повеќе млади професори/ки, и така натака. Ама, не одете подалеку со паметот.
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Ако се работи за професор во средно училиште - јас сум против, барем до завршување на училиштето.
    Постои можност да дојде до пристрасност во поглед на наставата - професорот од љубомора да стави пониска оценка, или тоа така да биде погрешно протолкувано од стр. на ученичката или нешто сл.

    Од друга страна бидејќи сум за либералност и демократија, ја поздравувам политиката по тоа прашање на образовните институции во (мислам) Шведска која вели: дали професор/-ка е во љубовна врска со ученик/-чка тоа е нивна приватна работа, освен ако не дојде до силување или физичко насилство.

    Нашиот професор во средно самиот раскажуваше како 1970-те год. како млад 24 годишен го избркале од незнам кое школо поради взаемни симпатии кон 18 годишна ученичка. Глупости на квадрат. Гарант госпожата директорка го меркала младиот згоден професор а тој ја одбил бидејќи била караконџула со титула постара вештерка, и сакала да му напакости. (ова последново за вештерката така ние се зезавме, незнам детали што било како било)

    Е добро де, можат со професорот да се лапаат во наставничка канцеларија за време на големиот одмор. :rofl:
     
  20. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Сигурно дека сум ПРОТИВ