1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со разведен/а

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од pocetna, 28 октомври 2010.

?

Дали да стапам во врска со разведен?

  1. Да

    145 глас(а)
    46,3%
  2. Не

    168 глас(а)
    53,7%
  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Едно е да чуеш мислење-совет а друго е да го примениш ако сакаш нормално. Арно ама ти веќе си решила што ке правиш само не си свесна што те очекува. Колку и да велиш дека знаеш и си размислувала сепак не знаеш. Веднаш ке ти кажам дека во старт ќе се сменат многу работи и ништо нема да биде како што е било, ке се соочиш со 1 000 000 проблеми кои нема да знаеш како да ги решиш туку ке влегуваш од еден проблем во друг.
    Премногу си млада и неиживеана за такви големи чекори и проблеми во животот, абе уживај во животот малку, се што лета не се јаде...ок, ти си знаеш....
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Чекај чекај малку....ти веќе си одлучила да бидеш со него,каков совет уствари бараш од нас?????? Или сакаше само да чуеш нешто што тебе ќе ти одговара за да може да не чувствуваш некоја грижа на совест или вина што можеби си направила катастрофална грешка.Епа млада и зелена девојко според мене си направила,нема ниту да те тешам ниту да ти викам браво од само една причина.

    Кога ке ги тргнеш тие розеви очила штро си ги ставила,кога ќе видиш дека си на Земјата а не на седмо небо и дека се соочуваш со реалноста СЕГА И ТУКА,можеби и ќе се освестиш.На толку млада возраст се силиш дека ќе превземеш таква одговорност епа бујрум....само да те исправам нема да го пеглаш и переш и готвиш него туку Нив,цела фамилија!!Па кога ќе дојдат и твои деца лелеееелелееее што мислиш дека ке правиш бре?Па што ќе се случи ако на крај те фрли како некоја истрошена роба си размислила ли ти или убедена си дека со него за век и векови ќе бидеш!

    Имаш цел живот пред тебе да му се радуваш,да го уживаш,да учиш ,да створиш кариера,да направиш нешто квалитетно и корисно а ти одлучуваш да бидеш нечија измеќарка....пу бе јазк,кај го пративте мозочето што би трбало да ти биде у главата?
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    ако чувствуваш дека тој е она што ти треба за да бидиш среќна, биди со него, ама кога ке имате дете ке биди комплицирано, бидејќи твоето дете треба да дели се со неговите деца и + тој сигурно ке плаќа алиментација за децата, па така да парите што ги заработва пола и можи поќе ќе бидат за неговите деца, а остатокот за вашето дете, сметки и сл. среќно
     
  4. Antonij

    Antonij Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    28
    Ако се ставам во негова улога, да имам 29 години и да имам 3 деца од претходниот брак.... хммм.. Срцево ми вели дека ќе барам некоја со која ќе сакам да бидам и која ќе биде среќна со мене. Ќе ја чувам, ќе ја пазам затоа што би знаел како е да бидеш разведен и сл...

    Но, од друга страна, разумот ми вели нешто друго :)
    Млада си! Според твоите постови можам да заклучам дека сеуште не размислуваш со своја глава. Ако сметаш дека вреди да си со него, повторно не брзај. Отидете на одмор, види како ќе ти биде. “Пооди“ уште некој месец...

    Искуси го животот. На 20 годишна возраст сеуште не размислуваш со разумот, туку со срцето.
     
  5. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    јас никаде не спомнав дека брак со него планирам сега,веднас... сакав да слуснам мислења,мозеби и искуства кои ке ми помогнат да одлуцам
     
  6. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    поЧетна би ти рекла немој да продолзис да бесе само разведен ајде де ке терас некако ама има деца а кај сто има деца и ако се мали....зената се врака (мајката им е потребна) ама вистинската сто ако после некое извесно време они се смират? тебе сега децата не ти се проблем но покасно ке ти бидат и тоа голем проблем позз
     
  7. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
     
  8. ni23

    ni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    стапот има два краја , не се знае зошто точно се развел... љубовта прави чуда , љубовта те одржува во живот.... но сепак 3 деца е голема одговорност...сега децата не се проблем но кога ќе имаш свои деца тогаш ќе ја видиш разликата...не се залетувај многу во оваа врска дај време да си ги запознаете убаво карактерите .....бракот е лотарија или ќе се погоди или не... пред се сакај се себеси потоа другите.
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Baby1994

    Baby1994 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Ако дечкото е сега разведен размисли дека можеми ти си причината за уривање на тој брак!Како им е на децата кога не живеат во семество т.с. со мајка и татко?Колку што разбрав човекот има 3 деца кој од мој аспект никогаш нема да те засакаат а знаеш зошто?Бидејки тие секогаш ќе те гледаат како пречка за ,,Мама'' и ,,Тато'' повторно да бидат заедно :devil: !!!Се ќе беше полесно ако дечкото немаше деца!!! :worried:!Ова ти го кажувам од искуство зошто и моја братучетка се најде во иста ваква ситуација!Се земаа но за 4-5 месеци се оставија зошто децата не ја прифатија а мајката цело време им ја полнеше главата со глупости!Така да размисли бидејки во тој живот секогаш ќе има 1 жена плус!Поздрав :)
     
    На M.V131993 и girl.23 им се допаѓа ова.
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    претиснав ДА бес да прочитам дека има деца...мила слусшај едно е да е разведен а бес деца друго е со деца...и јас сум разведена ама бес деца а дечко ми никогаш не е бил во брак немав а и немам пороблем од негова страна за тоа...ама едно ке ти кажам; самиот ми призна да доколку сум имала макар едно дете не би бил со мене....немој да мислиш дека е лесно да прифатиш туги деца,и една моја пријателка вака заљубена како тебе викаше дека не и е проблем неговото дете ама сега и те како и е...кога додека спиете или сте кај твоите му звони бившата недај боже некое дете се разболело или за трошкови или за било што кога има деца со неа она ке биде нон стоп во вашиот живот...како ке ти биде кога пример треба да одете некаде со твоите и он ти каже: е треба денес децата да дојдат неможе да идеме?
    Размисли млада си не брзај мој совет ти е дека треба подалеко да бидеш од него...ти допрва треба да имаш деца а он веке си направил 3
     
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Јас и не би се осудила за вакво нешто,мислам дека грешиш сепак по друго би било да немал деца,а и плус скоро 20 години е постар од тебе
     
  12. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Голема разлика во години.. океј не викам дека не е можно ама кога би било тоа единствен проблем. Деца.. 3?! Разведен. Знаеш зошто се развел со жена му ? Кој е причината..? Сигурна си дека и тебе нема тоа да ти се случи? Не викам дека мора да значи ама постои можност. Колку си сигурна дека е искрен? Ние не можеме да ти кажеме да продолжи или немој.. Ти сама, прво одговори си ги овие прашања и после види што ќе правиш понатаму :)
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    како прво драга моја зошто бараш мислење кога ете мене ми остави впечаток дека ти си решена да останеш со него. Јас како и повеќето сметам дека не би требала да стапуваш во таква врска брак или било што друго. Да гледањето на дете не е лесно а камо ли три, и ајде ок го сакаш и се ќе трпиш. Избираш да бидеш на твој 22 години домаќинка наместо успешна жена. Планираш ли да бидеш во вистинска смисла мајка и дали сте разговарале на таа тема? Какви ви се условите? Затоа што вака ќе бидеш само Х-особа на тие деца. Тие деца никогаш нема да ти речат мамо, колку и да им дадеш се никогаш нема да бидат задоволни. И пред се едноставно размисли си самата не летај, не е битно што ќе кажат другите и јас не живеам за другите живеам за себе битното е што ќе одлучиш ти.
     
  14. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Душичко,размисли убаво.....разликата во годините е голема....ке дојде ден кога лјубомората негова ке руши се пред себе....тој возрасен,ти млада.....во повекето случаи е така.....те молам уште еднаш добро размисли и прочитај ги горните мислења....верувај не се злонамерни.... :worried:
     
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Се склучуваат бракови,ама се случуваат и разводи.
    Разводот е нужен крај на брак кој не функционирал од икс причини.
    Дали се запраша и дали воопшто си запознаена кои се причините за развод кај избраникот твој?Ама вистински причини,не онака уз пролаз кажано.

    Развод со три деца ,не е мала работа и навистина треба да има добра/јака причина за да се дојде до тој степен.РАЗМИСЛИ!

    Децата се најмалку виновни за се,ама тие раснат и како и да е ,каква и да е нивната мајка секогаш ќе биде нивна и подобрата.А ти колку и да се трудиш околу нив,колку и да мизеруваш финансиски за нив-пак нема да бидеш добра.

    Да не спомнувам дека по старост кога ќе почнат да се делат имотите ,ќе имаш бајаги нервози (ама рано е уште сега да се зборува за тоа)

    И сега,замисли си кога ноќе ќе почне да ви ѕвони бифшата-ова,она дете болно-да го вика да оди кај нив,да ти ги пушта децата кога најмалку ти ги треба(ќе има и такви моменти).

    Гледај си ја младоста,најди си човек без багаж(жалам што мора така да кажам),а овој чов ек нека ти остане во спомен .
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Драга млада девојко,ти се сеуште премногу неискусна и многу незрела.Зошто си ја скратуваш младоста,убавините на животот.Кога си девојка,се е розево,друштво,менуваш дечковци,под заштита на родителите живееш,а ти по се изгледа сакаш да го отфрлиш сето тоа.За некој разведен :fubar: ,што ни го знаеш ни познаваш....Лесно е некој што те гледа 2-3 саата на ден да те исполни,фини муабети,но секојдневието е друга работа.Дали тој човек гледа сериозно на тебе,дали те сака,тоа допрва испитај го.Зошто се развел од сопругата,кога има и три дечиња?Размислуваш ли како ќе те доживуваат тие тебе?Како ќе го прифатат ова твоите родители?Неговите?Една љубов да биде цврста,треба да е поткрепена со дела.Бидејќи инсистираш,ајде отиди да живееш со него,да речеме само пример.Ако издржиш,продолжи.Не сакам да те разочарувам,но тој човек не е за тебе.Ќе избегаш од него кога ќе увидиш колку проблеми може да ти направи неговата бивша сопруга,а камо ли пак децата :x .И после тоа ќе бидеш отфрлена и машките нема да те гледаат со исти очи ако дозволиш да те манипулира една неуспешна личност.Тоа остава дамки ,и тоа никој не го брише.Само не избрзувај...Јас така имав еден дечко се залетав по него,на зборови жена ќе му бев,ме сакал,3 години утепав со него,за на крај на еден збор од мамичка тој да се сврти против мене.Тоа ти е мое искуство...Првин размисли што сакаш од животот,бидејќи љубовта може да дојде во секој момент.Ти бирај,но бирај со памет,а не на површни впечатоци .На денешно време секој си гледа своја корист,а љубов и машко се два различни поими.Ако тој човек ја оставил сопругата со три деца,се прашувам што е во состојба да ти направи тебе :tmi: .
    Не сакам да бидам сурова,но размисли убаво и не брзај,бракот е животна одлука
     
  17. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Овој човек носи товар на грбот кој ако останеш со него ке ти го товари и тебе... Не мислиш ваљда семејство да градиш со него?! :o Плус тој си има живот пред тебе веќе изграден, дел во кој те нема тебе и секогаш ќе ја чувствуваш таа празнина помеѓу неговиот живот пред тебе и овој што као ке го градите заедно хах.. Мислам дека си премногу млада за да воопшто трошиш време на човек кој веќе има семејство а не па да размислуваш животот да си го уништуваш со него. За него е само иста како него со 3 деца развод позади неа !

    Инаку немој и тебе да ти направи 3 деца па да си фати патот под нозе па да си бара некоја без деца за да и го упропасти животот ! :^) Позз
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Јас лично сметам дека многу е тешко, сега викаш дека не ти сметаат неговите три деца, ама кога и ти ќе родиш негово дете, па тој се‘ што ќе заработува ќе треба да дели на 4ри дела (може и повеќе, ако имате повеќе од едно дете) и тогаш одма ќе настанат проблеми.
    Ова го кажувам, зошто познавам повеќе такви случаи. Тој, викаш бил нежен, те исполнувал и се‘ тоа ама па тоа сметам дека е пролазно, бракот не е исто што и врска. Почнувам од фактот дека има три деца, тоа мене лично ме кочи многу во твојов случај. Ајде да имаше едно и вака и така, ама па од старт неговите можности за семејството кое еден ден ќе го оформите вие двајца ќе бидат скратени.
    Да не зборувам за другите проблеми кои би настанале, пошто ние жени често знаеме една бивша со која бил во врска месец или два да ја спомнеме онака иронично, не пак бившата жена со која бил во брак и со која има деца, па ќе треба да се среќаваат со неа поради децата цел живот, па проблеми нивни да решаваат и се‘ тоа ќе ти смета. Јас мислам дека не постои некој на кој не би му сметало тоа.
    Ограничени ќе бидете во се‘, нема да сте слободни да уживате и да правите што сакате, пошто има тој други некои за кои треба стварно да се грижи, тој веќе е татко и секогаш ќе им биде потребен на неговите деца.

    Се извинувам ако некој навредувам со мојов пост, пошто нели има секакви случаи, само го истакнав моето мислење околу проблемот на девојкава. :)
     
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Е навистина не ми се верува во ова што се изначитав. Извинете феминки ама од кога човек со тоа дека ќе се разведе го губи и правото на повторна среќа и љубов?. Не зборам за конкретниот случај на феминкава, искрено мислам дека овде разликата во години е таа која е минус фактор до некаде, ама навистина не е фер разведен човек да се осудува предвреме, посебно не во стилот - не ти треба таков товар. Секој со својата судбина. Никогаш не знаеме што ни спрема животот, затоа мислам дека мора малце да олабавиме со предрасуди од ваков тип.
     
  20. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11


    Извини ама не се во прашање никакви предрасуди, туку животот на девојката која е на чекор да појде по погрешен пат ! И не никој после развод не го губи правото на љубов, но од љубов не се живее и нема да и е товар тој туку неговите деца,бившата и незнам шо уште не .... Поздрав ;)