1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со разведен/а

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од pocetna, 28 октомври 2010.

?

Дали да стапам во врска со разведен?

  1. Да

    145 глас(а)
    46,3%
  2. Не

    168 глас(а)
    53,7%
  1. Lucrezia

    Lucrezia Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Има некогаш нешто што го тера човек да смени се од корен и да оди како што му вели срцето. И јас се заљубив во разведен човек. Има едно дете, кое јас не го осеќам како пречка меѓу нас. Проблемот се нели моите. И општеството... На моите им е битно како ќе реагира општеството, нели како ќе им се смеат сите. Немам добар однос со нив никогаш не сум ни имала, ама ова веќе ги помина сите граници за нормално однесување. Запнале и запнале дека нема да бидам среќна со него, зошто тој бил човек со обврски. А јас вистински се пронајдов со него. Ама еве моите ме гушат, не можам да се видам со него на раат, мора да е со криење, кавги и закани имаме дома нон стоп.... Ми се смачи веќе од ова што го доживувам. Сакам да сум среќна и да имам подршка и разбирање од нив. Дали е вистина дека ваквите врски тешко успеваат заради околината во која живееме? Можно ли е да сме толку стереотипни?
     
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Jас мислам дека ти самата треба да одлучиш, ако го сакаш јас не гледам проблем. И ние разведените имаме право на живот нели? И јас сум разведена, но имам врска со слободен дечко и ми е супер, а имам и дете. А тоа кој што ке рекол, воопшто не се замарам, гледам мене да ми е убаво не на другите. Ако го сакаш и ако мислиш дека ке ти успее врската, тогаш бори се и биди срекна.
     
    На tessie, Glasna и makedonkamak им се допаѓа ова.
  3. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Доколку е он скрос слободен дури е со тебе и се сакате, ич не му ја мисли...Да си бидеш со него и да не ти чуе што зборат другите...Поготово да не се замараш со луѓе што патат од предрасуди...Не правиш ништо срамно и погрешно во случајов...Моја братучетка е вдовица со 8-годишно дете и пред неколку месеци се омажи по вторпат со слободен дечко (ерген) и еве сега и од него си чека детенце и си живеат прекрасно...
     
  4. Lucrezia

    Lucrezia Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Знам дека има луѓе кои што ме подржуваат, па макар биел и на форум. Ама еве од моиве не можам да се откачам. Одат до таму што ме следат во секој чекор кај одам и што правам, се само да не сум со него. Толку ли не можат да разберат дека среќата не е нешто што се добова по дефиниција, дека мора да си среќен само доколку најдеш некој каков што бара општеството. А толку ми е убаво кога сум со него, немам зборови како да го опишам тоа. Дали вие би направиле се за љубовта? Сериозно мислам да се иселам од дома, да оставам се и да не ги погледнам повеќе. Ако го направм тоа нема враќање назад. Зошто мислам дека тие нема никогаш да се премислат во врска со него.
     
  5. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Значи за да направиш чекор и да си заминеш од дома, мораш да бидеш сигурна дека ке бидеш срекна со него. Јас би те советувалла да поразговараш со него, да размислиш уште еднаш дали можеш да го прифатиш тоа дете, па дури после со бистра глава и срце да одлучиш што сакаш. Јас искрено би направила се за вистинската љубов, и ти посакувам срека.
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Мене ме интересира дали неговото дете/девојче те прифати?
    И како би реагирале ако цело време ве одбива, ви тера инает, ви збори лоши работи, ве навредува или командува? А вие сепак мислите дека тоа е човекот на вашиот живот, како феминката погоре?
    Како реагирате ако одлично ве прифатат? Дали повеке се зближувате или стоите на некоја дистанца?
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Би можело да успее ама сепак родители, што ќе каже комшијата и неговото дете би можеле да бидат пречка.
    Родителите може на самиот почеток ќе им пречи посебно ако тој има детенце, но верувам дека со тек на време ќе прифатат. Комшиите се знае секаде си го навираат носот. Е сега овде останува неговото дете. Најголема пречка е ако детето е повозрасно и сфаќа некои работи. Мојата братучедка имаше околу 11 години кога се разведоа нејзините и сеуште се гледа со мајка и ама подобро да не се гледа. Оди таму мајка и и зборува глупости, доаѓа тука баба ми исто така. И детето е нешто измеѓу, на средина. На моменти втората жена на вујко ми ја почитува (и тоа е ептен ретко) на моменти се инаети, навредува, и се дере и слични работи. А оваа пак не смее уста да отвори оти не е нејзино дете. Кога и да сака нешто со добро да и каже братучедка ми погрешно сфаќа или барем така се прави.
    Така да ако тој нема деца тогаш добро. Но ако има дете посебно повозрасно треба сериозно да се размисли на оваа тема. Дете како дете денес те прифаќа зошто воопшто и не сфаќа што се случува ама по 2/3 години ќе почне да има лошо мислење и дека таа е причината поради која неговите родители не се заедно. Некогаш колку и да објаснуваш залудно е. А мажот ќе треба некаде на средина да дојде, има
    жени кои може ќе трпат детето да вика да ги навредува кога мажот не е таму ама има жени ќе и прекисне ќе си ги собере работите и ќе замине. А мажот ако веќе е на средина да бира најголема е веројатноста дека детето ќе си го одбере. Разведен како разведен, секако веќе не е женет ама ако има дете треба сериозно да се размисли дали сето тоа ќе може да се поднесе.

    Ocenzi додека детето е помало лесно е да бидеш блиска со него ќе му купиш една чоколада, една играчка едно мече и детето ќе те сака најповеќе од се. Ама како што расте детето се дружи со деца, оди на школо, излегува слуша разни муабети голема е веројатноста да почне да те "мрази" на некој начин. Кога ќе сфати дека татко му е оженет сега со друга жена ќе си мисли дека таа е пречката што неговите родители не се заедно. По 10 години кога ќе наполни 18 пример може и ќе може реално да ги согледа работите и да сфати дека за развод се потребни двајца. Ако родителите измеѓу себе се почитуваат и сакаат и во семејството им е се ок ја нема таа жена која ќе ги раздели. Ама најголемиот проблем е додека детето е тинејџер. Конкретно за мојата вујна ќе зборувам инаку братучедка ми има 15 и ја навреудва со разни зборови, ја брка од куќата додека вујко ми не е дома а таа си молчи, се обидува со добро да и појасни оваа така се понаша и никого не слуша. А да се жали нон-стоп на вујко ми па и не бива. Ако веќе дојде на средина да се бира јасно е дека братучедка ми како негово дете ќе биде на прво место.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Kако и во темата со свекрви и снаи и тука диригентската палка ја има разведениот маж. Треба да е доволно зрел за секому да му го посочи местото во тој дом за да нема злоупотреби и непријатности од ниту една страна. Отворени карти и без давање лажни надежи од старт е најсигурниот чекор.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Одамна е пишувано ова, можеби и се омажила со него, ама јас ќе напишам нешто за сите вакви случаи.
    Не е лесно да си омажена со разведен човек, а ти девојка. Мислам дека во обратна комбинација е полесно.
    Детето и да те прифати, секогаш ќе чувствуваш љубомора кога на него ќе му посветува внимание, па дури и кога ќе имате заедничко дете. Ако пак не те прифати ако е поголемко тогаш тешко тебе, ќе ти прави разни сопки и ете ти расправии.
    Каде е тука мајката на тоа дете?
    Не знаете каква е мајката на тоа дете, ако е некоја сељандура и зборува се и сешто детето неа ќе ја слуша нема тебе.
    Тој ќе мора да комуницира со неа поради детето, а тебе ќе ти е криво.
    Џабе не се рекло, разведен со разведена, вдовец со вдовица, ерѓен со девојка.
    Добро размислете пред да направите таков чекор.
    Можеби не сум во право не знам, секој си знае за себе што е најдобро.
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    eloves мило, знаеш дека овие прашања ги поставив, поради твојот случај, односно случајот со вујко ти, за кој разговаравме пред некое време. Ти кажав и за случајот со вујко ми. И пак ќе кажам. Таткото е виновен, што се му дозволува на детето. Мислат дека ако се разведени и ако им попуштаа повеќе на децата, дека тие ке се смират, но тука е најголемата грешка. Таквите деца се збеснуиваат, командуваат, навредуваат ( како што ми раскажа оној пат) и за тоа најчесто остануваат сами. Мислат дека истото можат да го прават и во друштво и со дечко итн. Но, на улица е друго и никој не трпи такво однесување и лигавење.
    Знам за таков татко кој се му дозволува на детето, а тоа дете нема ни П од понашање. Тоа дете ке скршне од патот и тешко дека ке се врати некогаш во нормала. Исто проблем се и мајките на тие деца, што им ја полнат главата со злобни работи ( како што и прават на сегашната твоја сакана вујна) и мислат дека втората жена е виновна за нивниот личен неуспех. Децата се искористени од таквите безобразни мајки. Незнам дали и треба таквите да се наречат мајки.
    Еве ќе зборувам конкретно за твојот случај ( бдв и јас сакам вујна како твојата нова)
    Девојчето на вујко ти ( братучедка ти), ја понижила и тоа многу, ја навредила и тоа премногу. Вујна ти иако бремена, се грижи за неа ништо да не и фали и на крај пак ете ја оде... со тоа што и го кажа.
    Додека биолошката мајка -бившата твоја вујна ја искористува братучедка ти, со тоа што прави проблеми дома, а не разбира дека така ствара гнев и омраза кај ќерка и, па наместо таа да има мир и спокој и да е задоволна со тоа што сегашната ја прифатила како своја и се и дава, таа прави секојдневни војни.
    И тогаш ти кажав и сега ќе ти кажам, тука е виновен само твојот вујко ( а и баба ти), што не и кажува каде е местото на детето, а каде е местото на сопругата.
    Никогаш не сум за тоа да родено дете се отфрли ( како бившава ти вујна), но и малтретирање на некоја недолжна жена не оправдувам. Вујна ти е бремена и сигурна сум дека братучедкати нема да го сака тоа дете/девојче и сугурна сум дури сега ке има проблеми.

    Тешко е во вакви комплицирани бракови, но тешко е само поради родителот кој не си го воспитува детето и биолошката мајка која го труе. Да стои таа на страна и да не ја труе братучедка ти, а вујкоти јасно да и стави до знаење, каде е нејзиното место а каде на сопругата, тогаш и таа нема да биде таква и таа ке биде смирена.

    Нели биолошката мајка не го зеде девојчево, поради тоа што наводно немала доволно финансии. Јас мислам дека права мајка не би оставила дете и мислам дека со тоа сака да го казнува вујко ти, кој јас лично не го гледам кривец за нивниот развод.
    eloves мило немој да се лутиш за се ова што го пишав, а и за мојот вујко имам доста пишувано, но и пак ке пишам, за да може и другите да прочитаат.

    Немам ништо против врските со разведен маж или жена, но само ако нема проблеми од ваков тип и ако тие како родители си ги воспитаат правилно нивните деца. Се друго ми е малтретирање и без иднина.
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ocenzi кога ќе се разведат родителите најголема грешка што ја прават и двајцата родители а воедно и роднините и сите од страна е тоа што го буквално лигават детето. Демек останало без мајка (па мајка му не е умрена бог да чува), да не се чуствува осамено, да не го чуствува отсуството на мајка му и му дозволуваат на глава да им се качи. Ако на едно дете му одиш по газот шо се вика и му ја исполнуваш секоја желба тоа не значи дека тоа нема да го чуствува отсуството на мајка му. Пред се иако е дете треба реално и отворено да се зборува за се, за да нема недоразбирања подоцна како во случајот на вујко ми. Отворено да се каже дека тој/таа пак ќе може да ја види мајка му кога ќе посака и ништо нема да се смени само повеќе не живеат заедно. А самото дете кога ќе порасне ќе сфате дека има и други такви деца дека не е единствено. Е сега се зависи од мајката. Ако мајката е некоја растурикуќа голема е веројатноста дека ќе му ја полне главата на детето со глупости. А тоа понашањето и културата се друга работа. Ако родителите незнаат да си го воспитаат детето и му дозволуваат да каже се и сешто без да го попменат дека е погрешно детето ќе ги продолжи мислејќи дека е правилно. А некултурното однесување кон постар навредување или слично е веќе и непочитување. Ако детето дома сопствените родители не ги почитува, некој од улица сигурно дека нема. Таквите деца најчесто запаѓаат во лоши друштва, бркани се од школо и слично.

    Конкретно за случајот со вујна ми денес баба ми беше кај нас јуфки сукавме и таа кажуваше дека мојата бивша вујна многу се каела што се развела. Па очигледно и одговараше кога ќе дојде јадење направено, се исчистено, исперено таа да спие и во 6/7 приквечер таксито под газот и во градот на кафе. И секој ден така. Епа кој и да е маж нема така да ја трпи. Иако и вујко ми си шараше лево десно одвреме на време ама јас не обвинувам никој оти за развод се потребни двајца. Ама што е побитно ако жената како жена незнае 2 јајца да спржи чека од свекрва и и незнае мажот и детето да си ги сврти околу неа што да очекуваме повеќе. Сега се каела, сакала да се врати епа нека си сонува. И да се врати пак ќе биде истата. Теле се учи, крава не се учи. (ова не е навреда) А баба ми што е виновна, виновна е. Во темата снаи и свекрви читам и се чудам, баба ми изгледа е единствена свркав која и одеше по газот на мојата бивша вујна. Еднаш кога вујна ми поранешната и братучедка ми беа на одмор вујко ми не отиде баба ми тие денови нашла танга гаки во неговата кола. Некоја гаките си ги заборавила, и баба ми ги фрлила. Јас да сум како неа не да ги фрлам кога ќе му се качам горе со земјата ќе го срамнам. Демек да не се карат, да не се карат ама полошо биде.
    Во врска со вујна ми ако немала доволно финансии добро, од некоја страна подобро така отколку да ја влечка по нејзините патишта ама пак со полнење на главата со глупости не и чини. Нивниот брак ако бил стабилен немало да се разведат. Не се лутам што го пиша примерот и мене муабетот ми е да им посочам на девојките кои се во ваква врска или ќе бидам пред да дојде темата брак убаво да размислат.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Штом бившава ти вујна сега се кае и сака да се врати, тоа значи дека сегашнава вујна ке си има многу големи маки. Да видиме што и како ке прави вујко ти.
    За баба ти реков дека и таа има вина, што и таа и дозволува премногу на внуката. А тоа што го криела сопствениот син од жената, јас мислам дека секој родител би го сторил, но сериозно би разговарал за таа работа.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ама јас да сум на нејзино место не би. Да не беше мешањето од нивна страна може и тој брак ќе успееше. Ги читам девојките колку се жалат во темата снаи и свекрви од својата свекрва. А мојата баба ретко кој не би сакал да ја има за свекрва. Таа треба да се жали од снаите. Оти постојано прикриваше затоа и вака испадна. Јас сум била и отсекогаш ќе бидам за живеење во посебна куќа со свекрва, ниту заедно ниту на друг спрат. Ако живееа посебно вујна ми колку и несака некогаш мора да зготви нешто неможе гладна да седи. Колку и да несака мора за испере неможе гадна да оди. И слично. Ама баба ми се на послужавник и сервираше и затоа. Ако вујна ми поранешната вака ја третирала замисли па тек братучедка ми како, затоа и им се качува на глава.
     
  14. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Незнам зошто толку мрачно се гледа и размислува на ваа тема.Секој си бара некој што му одговара, без разлика дали е разведен со деца или не..ако те исполнува како личност те почитува едноставно ви оди..нема препрека, децата си се деца, ќе си пораснат и секој по својот пат.Сите заслужуваме да бидеме среќни а и реално гледано, денес секој 2 е разведен, почнувајќи од моите родители.Јас лично ја почитував нивната одлука.Сакам да бидат среќни па ако не се заедно, зошто да не продолжат напред со некој друг...
    Додека сме млади, голема работа е да одиш со разведен човек, тек па со деца, но со годините, се менува и размислување полека се прифаќа тоа.Сега мислиме дека се е розово, дека бракот е врска благословена со љубов.
    Бракот е разбирање, компромис, почитување.Баш некој што поминал низ тоа ќе знае што овој пат точно му треба и бара, ќе знае да спречи нешто пред да настане голем проблем.
    Јас немам ништо против овие врски туку општеството е тоа коешто однапред осудува и расипува се што би можело да има позитивен исход, зарем не?
     
    На Dentina и Daleron им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    eloves, вујко ти сегашната сопруга кога ја има запознаено? Штом вујко ти бил неверен, ништо чудно братучетка ти неа да ја криви за разводот и да ја мрази поради тоа.
    Исто така, не чистење и не готвење и идењето на кафе со другарки не е исто со изневерување, тие две работи не може ни оддалеку да се споредат и, според мене, баба ти намерно провоцира со муабетот за смирувањето, чисто за да ја раздрма вујна ти и да направи компликации. Ако навистина тој муабет и се случил, тоа таа треба ќе си го разчисти струкно само со син и, а не сега целото семејство да знае па кај и да е, тој муабет да стигне и до вујна ти. Особено што сега жената е бремена, со цел ден се расправа со дрзок тинејџер па уште и фали и поранешната жена да се обидува да и го превземе сопругот.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Тие веќе се во брак, тоа е друг проблем, а темата е врска со разведен човек, ве молам држете се до темата.
     
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    UnknownLadyDi не се гледа и размислува мрачно туку реално зборуваме за оваа тема. Посебно ако човекот има дете, а дете како дете се знае како ќе биде. И исто така зависи другата страна каква е. Има некои жени кои воопшто не се замараат со ништо и не ми е гајле ама има жени кои му ја полнат главата на детето со глупости. А дете како дете тешко да препознае како е правилно а како не и за се ја обвинувата втората жена/девојка на таткото со надеж дека ако не е таа неговите родители ќе се смират. Иако тука зборуваме за врска секако таа врска еден ден ќе премине во брак, што и не мора да значи. Ако ти го сакаш партнерот неговото дете нема да ти пречи ама сепак треба да бидеш подготвена на тоа дека нема баш најдобро да бидеш прифатена. Тоа е сепак дете и секако ќе го почиствува отсуството на мајка му, колку и да се гледа со неа не е исто. А неможеш да очекуваш од едно дете да има разбирање 100% и да сфати навистина што се случува. И да не должам повеќе. Немам ништо против вакви врски па и бракови, зошто да не. И самата рече ќе си пораснат, проблемот е додека пораснат. Ретко ќе наидеш на дете кое има разбирање и не и прави проблем на маќеата. И не осудувам ниту јас, ниту некој друг не сфаќај погрешно веднаш само отворено зборуваме што се може да се случи. Треба да бидеме искрени нели, не е работата да се лажеме.

    Nausicaa за темата околу вујко ми имам доста за пишување ама да не должам тука да не испадне озборување или нешто ќе кажам во кратки црти. Бракот на мојата поранешна вујна и вујко од страна гледано беше ОК затоа што реално гледано и двајцата си шараа лево десно а баба ми и дедо ми беа тие што ја гледаа братучедка ми затоа и ден денес е ваква лигава. Друга работа е тоа што живееа на друг спрат ама баба ми постојано готвеше јадење, ги переше сите алишта, чистеше горе и на нивниот спрат. Значи ниту вујко ми, ниту вујна ми не се замараше со ништо. За некој тоа може да е ок и совршен брак, некој ќе си помисли дека секој таква свекрва ќе посака ама тоа е голема грешка. Ако една жена незнае да спржи 2 јајца и на прво место и е излегување, облека, козметика и слично, а не сопругот и детето тогаш што повеќе? Од страна гледано бракот им беше ок, ама во затворени врати помеѓу нив двајца којзнае што се случувало. Сеедно таа совршеност мораше да пукне некаде. Братучедка ми ми има кажано дека вујко ми уште тогаш бил со сегашната жена ама колку да верувам незнам оти братучедка ми си прави доста филмови против сегашната вујна. Сеедно темата не е врска со женет туку со разведен. Ако веќе се работи за сериозна врска мора да се размислат некои работи.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    И тоа е еден вид врска, разликата е во официјализацијата, сега не мора и за тоа да се отвара тема. Кој си има мака, нека си ја каже, па ние по наш памет ќе го советуваме.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Точно дека децата се деца и дека еден ден ке пораснат, но периодот на нивното растење и долг и исцрпувачки. Некои деца се со наполнети глави од нивните мајки и сга новите сопруги на таттковците не ги поднесуваат, ги малтретираат, ги навредуваат, намерно им прават бељи и се што е во нивна моќ.
    Тоа е тешкиот дел, а потепко ке биде уште кога новата ке роди дете, е тогаш уште поголеми работи и проблеми доаѓаат. Не можеш детето од мажот да го бркааш, а не можеш ни своето на раат да го оставиш 5 мин. Секакви работи има.
    Разведените татковци им дозволуваат се на нивните деца, затоа што мислат дека така ке им надоместат. Децата пак си земаат преголема слобода и им се качуваат на глава на макеите. Еве во предходниов случај, макеата е предобра со тоа девојче, ја советува, ја пере и пегла, ја чува и купува и малата пак ја навредува. Е тоа е прблемот односно прашањето КАКО ДА СЕ ПОСТАПУВА СО НИВ?
    Ако не го погледнуваш, тогаш си лошата вештерка, ако се грижиш за него ке ти рече си ороспија и дека не си му мајка. Ако се понашаш со него како да ти е фамилија, тогаш тоа ке те брка од дома, ако се понашаш како пријател, тогааш ке има преголеми очекувања. А ако му се пожалиш на дечкото или сипругот од неговото дете, незнаеш како може да те разбере. Може ти да бидеш виновна а нели тој е човекот на твојот живот. Може пак детето да насрада, а ти не сакаш да натажиш дете или недај Боже да го одделиш од родител.
    Не е битно дали е само врска или и брак во пашање, сепак проблемот е ист.
    За тоа добро е што eloves пиша по детално, за да може да се зборува без предрасуди на темава, зошто денес и така секој 4-5 е разведен, а сеуште овие теми ги премолчуваме.

    Пред некое време на форумов, прочитав пост на една жена во брак со веке разведен. Кажуваше дека неговата 20 годишна керка, го плеска таткото по задник, му седнува во скут, го бакнува во уста, му се обрака со бејби или срце нз точно. Ке го побараам овој пост за да видите какви можеда бидат децата.
    Друга пк имаше проблем со синот од мажот, како носел другари касно и дека спиеле до касно во дневната соба. Да е твое дете и ке го плеснеш и ке го казниш, но туѓо дете не, а од тебе се очекува да му ја заменуваш мајката, а не смееш ништо да превземеш.
    Да знам за ваков случај, каде човекот очекува од девојката да се грижи за неговото дете, кое живее со мајката, но почесто е кај таткото, а тоа цело време ја навредува, малтретира и понижува.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Тука поранешните сопружници, како родители на тоа дете мора да придонесат во решавање на работите. За мажот, реков веќе, да им го посочи местото на сите. Новата жена мора да си сфати дека, иако на поинаков начин и во поинакви околности, поранешните сопружници, секогаш ќе функционираат (што и треба) како родители на тоа дете и тоа не треба да се сфати како никаква неправда или подреденост, чувство на мала важност во животот на мажот.

    Од друга страна пак, родителите, особено мајката, се должни на детето да му укажат дека таа не украла ничиј татко и ничиј сопруг и дека таа е личност кон којашто МОРА да се има почитување. Не треба мајката да дозволи детето да гаи негативни чувства кон жената поради нејзе. Има родители, во моменти на слабост, без да сакаат, детето го користат како медиум преку кој ќе си ја префрлаат вината еден на друг. Во такви случаи на родителство, добар однос меѓу детето и новата сопруга не е можен.

    Друга работа. Многу е полесно кога се поставуваат подостижни цели. На почеток учтиво одговарање на прашањата со насмевка и поретка комуникација се доволни. Никој не смее да очекува блискост и голема љубов уште веднаш. Затоа што ако се очекуваат многу силни емоции, може и да се добијат ... негативни секако.

    Секој треба да си го знае местото, улогата и начинот на којшто треба да се однесува и ваквите ситуации не би биле толку непријатни. Познавам фамилии кај коишто на веселба, на иста маса седат двете жени (поранешната и сегашната) и ќе си свртат дури и муабет. Само треба зрел пристап и ќе сфатиме дека, повеќето работи за коишто би се налутиле, повеќе ни` се наметнати од шпанскиве серии, одошто дека се нешто за коешто реално чувствуваме дека има причина да се налутиме.
     
    На Valerin, Dentina и okcenzi им се допаѓа ова.