Врски без обврски?

Дискусија во 'Сингл' започната од AudreyHepburn, 30 септември 2012.

  1. AudreyHepburn

    AudreyHepburn Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    15
    Нешто во стилот на friends with benefits, само без одредени делови :)
    што мислите вие за нив? колку е убаво на наши 18, 19, 20 години да немаме сериозна врска?
    која е убавината на врските без окови, но и колку траат? и кој ти гарантира дека нема да му бидеш само една од многуте :)
     
  2. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    врски без обврски?

    Тоа е невозможно! Немора да се нарече обврска.. ама двајца луѓе треба да функционираат како едно и притоа ке налетуваат на многу препреки кои ке бараат комуникација, усовршување итн.. Во очи на некои луѓе тоа е обврска.. А кога се има волја за се тоа, тогаш е задоволство :)
     
  3. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    врски без обврски?

    Окови си ставаат самите луѓе сакајќи да доминираат над другиот,да глумат величина,да се докажуваат,но не секогаш е тоа застапено,се зависи од тоа каква врска сакаш.
    Онаму каде од бакнежи и прегратка преминуваш во сексуални односи со партнерот настанува посесивноста,доминацијата,зголемената љубомора,заблудата дека поседуваш некого и си даваш за право да му го контролираш животот-се е право на избор.Додека некогаш се чекало во брак да се конзумира љубовта,сега врските личат на бракови но со краток рок на траење.
    Се си има фази во животот,па така и една врска треба да има свои фази а не се да се издегустира за кратко време па да "пукне".Не е „се што е добро кратко трае",туку „се што е брзо кратко трае".
    А врска без обврска трае кратко,тоа е фазата на запознавање и проценување со каква личност си имаш работа,ако ти се уарни и те како ќе сакаш да преминеш во врска со "обврска".Aко е обврска да му посакаш добра ноќ на оној што го сакаш,да го изненадиш со нешто што знаеш дека ќе го израдува,да бидеш компромисна личност заради тоа што сакаш некого,делиш со него дел од денот,тогаш не верувам дека на некој му се слошило од таа обврска.Умешноста во потезите кои треба да се "одиграат" во една љубовна врска се тешка мудрост која се стекнува откако ќе изгазиме во трње..
     
    На eloves, Koalica, Miss.M5 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.687
    Допаѓања:
    49.992
    Пол:
    Женски
    Имав таква врска, траеше околу 3 месеци. Всушност, тоа не може да се нарече врска. Се знае врска што е, а не само онака да си се мавтате, да си пополнувате време и да задоволувате потреби.
     
    Последна измена: 20 август 2015
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  5. johnnys.girl

    johnnys.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    84
    секогаш тоа што е забрането е поинтересно, поубаво затоа сметам дека повозбудливо е од онаа правата врска.. ама и во таква ситуација барем еден ќе се заљуби :/
     
    На mila1111 и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.853
    Допаѓања:
    112.756
    Врска без обврска. Звучи интересно.
    Сум имала една таква (се ми се број на една рака де), и се зависи од пристапот кој се држи. Нормално јас си имав мои граници, тој ги почитуваше безусловно. Се гледавме кога ќе ни се посакаше. Одиш со други? Шоима врска, покрај се само пријатели бевме шо си праеја времето убо да му врви ко ќе е досадно. Такви пријатели.
    Дали е убава?
    Дали е исправна?
    Убава можи да биди само ако одиш страсно, без подлабоки чувства туку површни. Ако се оди со подлабоки чувства, ако едниот се заљуби, е тогаш би болело, премногу.
    Околу исправноста и не сум некој да кажува, ама мое мислење е дека убаво е со некој да пробаш како би ти било пред да почниш нешто повеќе ако не си сигурен наместо да официјализираш врска на една недела и да ја прекиниш после тоа.
     
    На JonyBravo, SummerGirl, buttercup5 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Машки
    Врски без обврски :D
    секогаш ги преферирав ваквите „врски“ зошто никогаш не е досадно, секогаш има неизвесност, возбуда, а некогаш се случува да има и некој трет/а и четврт/а во „врската“ :D а притоа и нема обврска :D + мн добар начин за да оцениш какви личност имаш пред себе !

    то е мн интересна работа, само шо, поучен од моето искуство во ваквите работи, многу ретко се наоѓа соодветен партнер! Се е ок до оној момент кога некој ќе почне да меша чувства(чувства во смисла.. преминување кон нешто посериозно) и тогаш работите добиваат една друга димензија.
    Колку ке биде интересна врската и како ке се развива, зависи мн од тоа каков склоп на карактери сте со личноста од другата страна. Оние кои си се држат до правилата, се почитуваат меѓусебе, чуваат тајна, не се КУРЧАТ (особено кога во „врската“ има и плус човек( партнерот веќе има друга, сериозна врска), имаат граници, признаваат вина и не хранат его и лечат комплекси, може долго да траат. А и кога би прекинале, заради карактеристиките кои ги напишав погоре, тоа би требало да биде безболно и без никаков проблем, а ке си продолжат да си бидат пријатели :D

    Колку се исправни таквите „врски“ или ситуации( особено кога има трет/четврт меѓу вас, пошо тоа е веќе изневерување кон некого) не знам, али мислам дека се мн солиден начин за забава и учење на животни лекции :D
     
    На eloves, blueberry93, Elena69221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Ова математички звучи совршено, арно ама врска или неврска де, не се заснова на математика. Среќа инаку роботи ќе бевме :D Не го разбирам јас тие врски ни на овие години, јок :shake::shake::shake: и не верувам дека некој е навистина исполенет со таква врска ама ај, јас може сум од др. век :) ПОДОБРО САМА ОТКОЛКУ ВО ЛОША СПОЈКА.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    А ако се заљубиш?
    Ами може и со некоја друга да има таква врска,што мислам дека сепак не би ти било сеедно.
     
  10. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Машки
    тоа е тоа :D, моментот кога се појавуваат чувства, кога „случајно“ ке се заљубиш ... тогаш е непријатниот дел од таквата „врска“... :D крај краева, не мора да биде баш „врска“, може сте другари или пак сте дел од некое пошироко друштво па... чат пат знаете умешно да бидете и повеќе од другари, а да немате обврска :D али како што кажав и погоре, непријатниот дел е кога чувствата ќе добијат примат, а пак уште понепријатно е кога ти ќе го направиш тоа :)
     
  11. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Ама како и да е таквата врска не може да биде за сериозно :D
     
  12. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Машки
    секако дека не :D прашање е и дали тоа е воопшто врска (нема некој друг посоодветен збор), а дека е без обврска, тоа сигурно :D
     
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.310
    Допаѓања:
    118.434
    Пол:
    Женски
    Фина работа, ама лошо е коа ке се појават чувства само од едната страна
     
    На Belgin1, Gosh, Mia.MGK и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Ok ama dvete strana da se pridruzuvaat na toa...Glupo bi bilo ednata strana da se zaljubi i da ocekuva poveke od seks a drugata strana da nejke no da cue za toa ;) Isto taka smetam deka za vakvo nesto treba diskretnost a ne slapanje na okulu ;) Bitno i licnostite koi praktikuvaat vakvo nesto da se sozreani..Na so bi licelo 15godisno devojce da praktikuva vakvi vrski..
     
    На Petar80 и BoyL им се допаѓа ова.
  15. ketrin pirs

    ketrin pirs Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во моментот баш таква врска ми е потребна, иако одсекогаш сум била против ваков вид на врска
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    возможни се овие врски 2 сум ги имала до сега нит сум ги сакала нит ме сакале имало страшно голема хемија и сексуалност ама тоа било тоа од моја страна секогаш си го знам лимитот секогаш знам во што се впуштам и колку можам да поднесам :)
     
    На Gosh и Petar80 им се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.515
    Допаѓања:
    30.364
    Пол:
    Женски
    Ваквите врски можеби се случуваат во период кога партнерите се во фаза на себепронаоѓање од различни причини и (не) свесно започнуваат ноншалантни средби кои завршуваат со среќен крај се додека и двајцата успешно ги контролираат умот и чувствата наспрема задоволството и страста.
    Во спротивно, едниот би бил "жртва" на деновите без обврски.
     
    На JonyBravo и biGirl им се допаѓа ова.
  18. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    така е :)
     
  19. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.597
    Што глупост е тоа
    Што значи врската а што обврската во случајов?
    Сексот е "врска" а се останато обврска ?
    Нека ми објасни некој, јас или не разбирам или не сакам да разберам :?:
     
  20. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Машки
    На кратко... не дека мора да постои баш врска.. туку самиот однос кон некој во ваквите „ситуации“ претставува врска. Како и да е, без разлика како ќе го наречеш, што значи и шо спаѓа во тоа „врска“ мислам дека акцентот се става на тоа „без обврска“.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.