Барав и нема ваква тема. А ако има КАНТА Ја има некој содржината накратко , јас ја читав но незнам како да ја прераскажам
Ја имам гледано серијата, од таму можам да ви раскажам. Детенце на прагот од пубертет го испраќаат на одмор на Охридско езеро со другарчиња. Запознава многу нови другарчиња а меѓу сите нив и една другарка од Скопје која е заљубена до уши во него, но тој сака една Маргарита која е доста поголема од него. Во собата се соочуваат со крадец кој ќе успеат да го фатат и да го натераат да ги врати сите земени работи. Ќе стане миленик на спортската публика, особено на љубителите на пинг понгот. На завршната претстава во летувалиштето повторно ќе се истакне меѓу другарчињата, но ќе остане неговиот копнеж по Маргарита. Тоа е накратко, нажалост на имињата не се сеќавам, освен на Маргарита
Навистина убаво книгиче, баш соодветно за возраста која ја обработувавме на училиште. Згоди и незгоди, бељаџии, први симпатии, први разочарувања, другарство. Ништо ново, ништо што никој од нас досега не го доживеал, но сепак убаво да се прочита така скоцкано на едно место. Не би било лошо да си ја прочитам пак. Да видам како СЕГА ќе ја сфатам, 8 години подоцна.
Многу убава детска книга, знам ја прочитав за два дена бидејќи ми беше многу интересна и неможев да ја оставам Како и да е би сакала да ја прочитам и уште еднаш чисто да се потсетам на тие детски денови. Инаку за книгава има и серија снимено ја има на youtube неколку епизоди се, ја гледав пред некоја година
Многу убава книга. Богами се пристив како со маки еден ден пред да ја имаме лектирата, ја пишував цела ден, па и раката ми се здрви од пишување.
Многу убава книга....една од поубавите книги кои ги имам прочитано во детството кои ми оставиле посебен впечаток.
Па и мене ми се свиѓа, ја имам читано пред 3-4 години и така.. Инаку интересна е и има доста случки кои се интересни за читање баш..
Една од моите омилени книги во детството. Се сеќавам дека ја читав во летниот период па искрено посакував и јас да ги доживеам случките што се опишани во книгата. Колку што се сеќавам Николче се викаше главниот лик.
Лелелееее... ! Пред некој месец немав што да читнам ми требаше нешто кратко да пополнам време и ја најдов и пак ја грабнав... кап, кап, кап... Маргарита, марга , меги...првата љубов никогаш не се заборава аааххх љубовиниии детски
Епа вака.. Дванаесетгодишниот Николче го праќаат во Струга за летниот распуст на 15 дена.Тој таму ја среќава својата другарка од Скопје,Симона која е до уши заљубена во него.Но тој се заљубува во Маргарита која е поголема од него и него гледа на тој начин како он неа.Таму Николче се прославува со пинг-понгот,но и во фудбалот.Запознава многу пријатели(на кои не им ги памтам имињата),од кои најголемиот-Коце се дружи многу со Маргарита и на тоа е Николче љубоморен. толку памтам.. позз
Цццц времево лета ко вчера да сум ја прочитала книгава Една од моите омилени задолжителни книги за читање.Еднаш ја имам читано книгава ама ми се чини толкаво внимание на ниедна друга книга немам посветено.Имаше и филмче мислам дека за книгава го даваа на МТВ1 ако не се лажам..книгава заслужува да биде прочитана и тоа како
Омилена книга ми беше на времето. Ја имам прочитано 5-6 пати ама никако да ми текне што се зборуваше. Ја памтам само сцената кога патува во автобусот. Ај да поминат проектите и ќе си ја земам да ја прочитам!
Многу интересна книга, баш се сеќавам кога ја читав, некогаш одамна, во трето-четврто одделение. Книгата е супер, баш прикладна за деца на таа возраст.