Често сме сведоци на вакви случки од животот каде што едниот брачен другар починува. Истото ми се случи и мене каде што го изгубив сопругот на 23 години и останав со детенце од 1 месец. После одреден период запознав личност што ме прифати и мене и моето дете и веќе имаме некој план за заедничка иднина. Сакам да слушнам ваши мислења на оваа тема, или некоја случка. Каков е вашиот став и мислење на оваа тема.
јас лично мое мислење мислам дека човек мора да продолжи да живее дали е маж или жена , како што рекле со мртов не се умира. многу тешка работа е тас мислиме дека повеке нема живот за нас , но не е така посебно ако имаме бебе дете најмногу заради чедото и секако и за самите себе. колку повеке човек мисли дека не може или не ке успее да живее со самата помисла дека повеке го нема човекот до вчера што спиел во ист покрив е полошо и само би западнувале во депресија . незнам како би било на почеток се црно ке се гледа , но со тек на време избледува секок спомен. секако дека една рана би останала во нас што никогаш не поминува , но човек мора понатака за себе и своите најблиски.
Одлуката е индивидуална. Различни луѓе, различни карактери, различно поднесуваат загуба на некој близок. Мојот став? Спомените остануваат, но од спомени не се живее. Животот продолжува, се помируваш со судбината и продолжуваш напред. Секое живо битие заслужува да има некој покрај себе, пред се пријател, а потоа и љубовник, кој ќе му пружа поддршка, внимание, разбирање. Секој заслужува да биде среќен и да ги ужива благодетите на животот.
Повозрасни жени, многу често остануваат сами после смртта на партнерот. Мое мислење е дека секому му треба друшка, и дека не е баш здраво човек да биде без партнер... Родителите, децата, пријателите, не можат да го пополнат тоа место. Зависи од човек, до човек... и на едните и на другите, им посакувам само да се среќни, без разлика што ќе одберат (а потајно навивам, секој да си најде нов партнер)
Мојата мајка е останата вдовица можам да кажам млада,меѓутоа не сака да слушне за втор брак .Преголема љубов вели се уште чуствува за татко ми и до крајот на животот мислам нема да се предомисли. Меѓутоа ние како нејзини деца кои нели исто толку сеуште го сакаме татко ми ,не размислуваме така .Секогаш и велиме дека е млада и заслужува нова шанса во животот и дека нас воопшто не би ни пречело тоа . Истото го мислам за секој ваков случај ,секој си заслужува нова прилика да биде среќен
Последниот пат ко бев Битола, мајка ми, со триста дисклејмери ја прашав што мисли за тоа да си најде нов партнер. Ме исслуша, видно вознемирена, и ми рече.. уште еднаш да не и' го спомнам тоа никогаш, и дека нема шанси да бара и наоѓа друг. Го препишувам тоа не само на љубовта која ја имаа со татко ми, туку и на начинот на кој ги перцепираат работите повозрасните жени... дека е 'срамота да прават такви работи'. Слично искуство и со свекрва ми имам...
Даа и тоа си во право ,и мојата има такво размислување,срамота било веќе за неа .Мислам дека сепак нели различни карактери ,различни луѓе . Еве свекорот ми и тој е вдовец ,меѓутоа само една година и гледам веќе размислува за да си има некоја партнерка,бидејќи и веќе е постар .
Мажите не се двоумат за тоа да останат сами. Од тоа што сум го видела, а сум видела многу, ни еден не останал сам после смртта на сопругата.
Не треба ни да размислуваш а камоли да прашуваш вакво нешто. Животот продолжува, ако најдеш нов партнер не значи дека ќе го заборавиш сопругот. Секој може да има свое место во твојот живот. А тоа што луѓето зборуваат срамота е дрндрндрн јас само би им рекла на таквите одјеби и носи се у к***ц. Биди среќна девојко, за жал твојот сопруг починал, но ти си тука, твојот живот сеуште тече, зошто би сакала да го поминеш без љубов? Па тоа е најголемата желба на сите нас, доколку ја најдеш љубовта немој да ја испушташ особено не заради некои тетки и баби чиј најголем успех во животот е успешна манџа
Не е во ред во брзо време од смртта на партнерот,да се бара друг. Но,после подолг период ако човек не сака да биде сам,може да пронајде друг.
Нема универзално правило за таа работа. Ако си среќна од внатре нешто ќе ти каже што да правиш. Животот е чуден, ама спомените не ги зема никој. Продолжи понатака без грижа на совест. На човек подобро му е во пар.
Психолошкиот момент на дилема тука е вдовец/вдовица. Многу е полесно кога си само разведен. Жив е здрав е и и двајцата продолжувате со животот. Тука веќе кај едниот таа можност е прекината и другиот којшто може да продолжи Од таа гледна точка и` ја разбирам дилемата. Самотија не е убава работа, тешка е, потреба од партнер е сосем природна. Не изневеруваш, не лажеш. Едноставно продолжуваш со животот. Многу си млада.
@detelinka123 Жал ми е за твојата загуба и се согласувам дека треба да се продолжи со животот понатаму. Така да, треба да продолжиш понатаму во животот доколку се чувствуваш ти спремна за тоа. Зошто едно е во фамилијата кога има еден борец за своето дете а друго е кога има двајца. Тоа би ти значело и на тебе многу, на емотивен план. Нема да бидеш сама доколку поминуваш тешки моменти или фази низ твојот живот, ќе бидеш со човек кој ќе те поддржува во сè и сешто. Истото важи и за твоето детенце. Само, не сакам да ме сфатиш погрешно но, мора да се осигураш дека човекот кој ве прифатил дека ќе ве прифаќа како такви и во иднина и дека ќе го прифати твоето дете доколку се решиш ти на тој чекор да имаш дете и со него. Зошто има многу такви луѓе кои на почетокот симнуваат „ѕвезди“ па после тоа прават сосем трети работи, особено кога ќе добијат свое дете. Затоа направи си добра проценка и без брзање. А има и доста такви случаи низ државава. Мојот татко на пример почина кога бев многу мал ама мајка ми никогаш не стапи во брак со друг, иако имаше шанса за тоа. И донекаде ја разбирам. Нејзиниот страв беше дека тој кој ќе го земе нема да нé прифати нас како што треба децата да бидат прифатени од страна на еден родител на пример. И за тоа е во право. Сега сме веќе возрасни и немаме гајле ама од сегашна гледна точка ѝ ја разбирам философијата и се согласувам со тоа, иако не во целост. Само знаеш, не е лесно и да ризикуваш кога си родител.
Извини ама ова уопште не е тема на муабет. Прашањево не и беше што мислите колку мажите прифаќаат да бидат со жени кои имаат дете. Не и отежнувај со негативност.
Баш му е на место напишаното. Воопшто не и отежнува, туку ја советува дека треба да биде претпазлива, со оглед на тоа дека е мајка, не одлучува само за себе туку и за своето дете.
Нема проблем. Ако мислиш дека не треба да биде претпазлива тогаш во ред, твое мислење. Јас си го кажав само своето мислење. Како ќе постапи таа тоа е нејзино. Побара совет и ѝ дадов, како и сите тука.
Ме изнасмеа со манџите, па не само за врска или брак, тие во се се мешаат. Затоа сега си терам по мое. Нема леб од такви.
Секако, ама кога не не' прашува такво нешто треба да претпоставиме дека она тоа го знае. Затоа што овој совет кога не е побаран мене ми звучи како да и велиш можеби си толку изгубена во тагата, па сега да ти дадеме основни патокази за проценка на луѓето. Навредливо.
Имам пример со дедо ми Спојлер (татко на мајка ми). Баба ми починала многу млада, овој си зел друга и тоа набргу по нејзината смрт. Искрено, дедо ми никогаш не бил оставен сам од своите три ќерки и не знам зошто воопшто си се нафатил на ова. Женава ај што не му се погоди, туку и нè скара сите фамилијарно. Карактерно беше ептен лоша, ние внуците не стигавме до него... и ред други проблеми. Мислам дека најубаво е да се размисли кога веќе се впушта било кој во ваква одлука. Посебно ако се има мали деца.
Примерот на дедо ти не значи ништо. Плус фактот што ти е дедо зборува за тоа дека се случило кога времињата и сфаќањата биле поинакви. Денес се повеќе луѓето се опуштаат да влегуваат во врска со некој со деца. И што значи тоа никогаш не бил оставен од своите ќерки? Децата ниту можат ниту треба да го пополнуваат местото на животен партнер.