1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Газирана или обична вода

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од SexyLady, 19 јули 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме дека газираните пијалаци се штетни како за нашиот изглед, така и за нашето здравје. Почнувајќи од тоа што го подуваат стомакот, содржат празни калории, односно калории без никаква хранлива вредност, влијаат врз дебелината на човекот, имаат нагризувачко дејство врз желудникот, го зголемуваат ризикот за зголемен шеќер во крвта, зголемен крвен притисок, високи нивоа на маснотии во крвта (3-глицериди) и ниско ниво на HDL ( "добриот" холестерол).
    Но има еден газиран пијалок кој за разлика од останатите газирани пијалаци кои се вештачко збогатени со јаглероден диоксид, тој е даден од природата.
    Газираната вода или најчесто позната како кисела вода.

    Дали пиете кисела вода и колку често пиете?
    Како ви се допаѓа вкусот?
    Дали кога би биле жедни попрво би купиле шише со обична или шише со кисела вода?
    Дали сакате да мешате сок џус со кисела вода?
    Дали знаете какви дејства има киселата вода врз човековиот организам и дали помага во слабеењето како што некои кажуваат?
    Дали мислите дека пречесто конзумирање на киселата вода, т.е. секојдневно е штетно?
    Дали живеете во општина Кисела Вода? :D - ова беше мала шала. ;)

    Доколку има ваква тема, се извинувам. :*
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Газирана вода или кисела вода

    кисела вода пијам многу ретко скоро и воопшто. Само кога ми е лошо тогаш ја практикувам. За освежување ретко и се фаќам за обична вода. Најчесто кога во прошетка ќе ожеднам се фаќам за швепс но никако вода. Ако нема ништо инетересно тогаш зимам вода и повторно не чиста и не кисела туку онаа новата на добра вода со гуарана и женшен прва ми е на листа од води(пак ќе кажам ако може да се нарече вода)
    како користам кисела- во коктели, при правење на шрицер и моментално воопшто не ми текнува каде на друго место. Сепак можам да заклучам ретко користам кисела вода
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Газирана вода или кисела вода

    Ретко пијам но пијам. Убава ми е и сто пати е подобра од газираните сокови. Е сега секогаш ја бирам обичната пред киселата, како што обична гаси жед кисела не може. :D Не верувам дека е штетна којзнае колку за организмот, а тоа што велат дека помага за слабеење и во тоа не верувам. :D Сум слушнала дека ако сакаш д аослабиш, а многу пиеш газирани сокови подобро е да пиеш кисела вода (демек и таа е газирана, ама има помалку шеќери). Ама дека помага во слабеење не верувам!
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Газирана вода или кисела вода

    Посебно вака на жештиниве ,најубаво освежување ми е минералната вода .
    Најубава ми е Горска со лимон ,ладна ,за мерак !

    Скоро секој ден консумирам минерална вода ,убава ми е ,и тие меурчињата си ги сакам ,ако подуваат :lol:

    Ќе се изнапијам ,ќе се изнаосвежам ,ќе се изнаждригам и после сум ко нова ! :rofl:
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Газирана вода или кисела вода

    Темава ми буди спомени. Во Кисела Вода поминав 5 години од животов и ич не жалам за тоа. Ама навистина дебелее. :wasntme:
    Видов не видов, си се вратив дома да ослабам. ]:)

    Можеби е здрава, добра и корисна, но мене на психа ми влијае дека газираните пијалоци дебелеат, без исклучоци. :!:
    :wasntme:
    И не е ни важно веќе дали е подобра од обичната вода. Мене обичната вода ми е омилен пијалок и ниеден друг флуид нека не се ни обидува да ја замени.
    По обичната, следи алкохолот. Поарно ќе пијам алкохол, отколку газирано.
    И за алкохолот важи дека дебелее, но ако е така зошто сите пијаници се слаби, исушени особи? :^) :wasntme:
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Газирана вода или кисела вода

    Пијам, да, не пречесто, туку само кога имам некоја чудна потреба од нешто газирано, а да не биде сокич некој, а да немам при рака Швепс.
    Но за да гасам жед, тоа едино со обична вода. Киселата само ќе ми го подуе стомакот, а жедта нема да исчезне.
    Киселата вода не ја мешам со ништо, посебно не со сок. Едино некогаш во ретки ситуации може со вино бело да ја измешам, но тоа се случува еднаш годишно. Си ја сакам киселата вода само со лимонче внатре.
    Патем, Кисела Вода ми е комшиска населба, за 50 метри не ја фаќам :D Убава населба, убава :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Газирана вода или кисела вода

    Не сум многу по газираното и кисела вода не пијам..ептем ако ми се :puke: па да ме тера на ждригање :D

    Кога би бирала меѓу обична и кисела, пак би избрала обична вода. Е сега овие новитетите од Добра вода некако ми доаѓаат на ред и знам да се напијам една таква во овие горештини- обично велнес.
     
  8. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Газирана вода или кисела вода

    Нели ни е најубава населбава ? :D


    Туку,газирана вода не пијам од причина што не ми е вкусна ни малку,а и кога ќе се напијам стомакот ми излегува од креветот :D
    Обично на свадба,бидејки сок не пијам ич,а глупаво е вода обична да пијам па земам ваква..
    Ама :shake: ,не ми е вкусна и не ја сакам. :worried:
    И ако пијам - пијам Пелистерка,што знам,најубава ми е :)
     
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Газирана вода или кисела вода

    Кисела вода не пијам воопшто. Не знам зошто, ама грозен ми е вкусот, не ми се смејте, но мене оваа вода ми е солена :$ До сега имам испиено сигурно само една чаша, ништо повеќе. Кога пијам бело вино го мешам со швепс, така да не ја конзумирам ниту со алкохол.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Газирана вода или кисела вода

    Кисела вода не пијам, некако не ми ја поднесува организмот киселата вода, така да пијам само обична вода :) а колку е здрава за пиење киселата вода не знам, но претпоставувам дека не е баш здрава.
     
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Газирана вода или кисела вода

    И јас не пијам. Единствено со алкохол кога мора :D
    Не сум фан ни на газирани сокови. Многу мe тераат на ждригање
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Газирана вода или кисела вода

    Дали пиете кисела вода и колку често пиете? Не :shake: освен кога немам друг избор
    Како ви се допаѓа вкусот? Па... и не баш
    Дали кога би биле жедни попрво би купиле шише со обична или шише со кисела вода? обична
    Дали сакате да мешате сок џус со кисела вода? :shake: Мешам само со бело вино 1/2 пати годишно
    Дали знаете какви дејства има киселата вода врз човековиот организам и дали помага во слабеењето како што некои кажуваат? Не и не верувам дека помага во слабеењето :)
    Дали мислите дека пречесто конзумирање на киселата вода, т.е. секојдневно е штетно? Не, татко ми пие секој ден околу 1,5л и ништо не му е 8)
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Газирана вода или кисела вода

    Не ја сакам киселата вода, како и газираните пијалаци воопшто не знам дали ги пијам и 5 дена од 365 во годината, освен некаде на гости каде од финоЌа морам, да не се најдат навредени како не сум го испочитувала гостопримството со тоа што не сум го испила понуденото.

    Кога сум жедна ништо не ми ја заменува обичната вода се‘ друго ми создава засилување на жедтта и не ми предизвикува освежувачки ефект и никогаш не би ја трампала со обична вода и покрај тоа што влегувам во загуба бидејќи оваа официјално не се наплаќа барем во угостителски објекти :D .

    Инаку минералите кои ги содржат повеќето кисели води можат да се внесат и преку храната, така да не е неопходна како снабдувач со минерали на организмот.
     
  14. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Газирана вода или кисела вода

    Кисела дефинитивно :)

    Здрава е , не дебелее и освежува
     
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Газирана вода или кисела вода

    Иако не пијам често кисела вода, најмногу ја сакам онаа со вкус на лимон, некако најмногу освежува за овие горештини.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Газирана вода или кисела вода

    Mене овие газираниве води со вкус на лимон ми имаат некој чуден вкус на сјај за миење садови... :^)
    Затоа ги пијам само овие новите на Добра вода - велнес, кои ми се меѓу омилените и газираните без додатоци. Често пијам, посебно на жешково со мноогу лед и свеж лимон (+ тоа меурчињата..мх, мх, мераци :D )
    Ама сепак на обичната вода и нема рамен, am I right? :)
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Газирана вода или кисела вода

    Вегетирам на газиранава вода, додуша само и тоа пијам од газираните пијалаци. :D Барем еднаш во денот ќе се напијам. Не ми прави некоја посебна разлика, битно ми е да е само вода.

    Не знам како може да си ја угаснеш жедта со сок, одамна престанав да го пијам и не ми е јасно, стварно. :D
     
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Газирана вода или кисела вода

    дааааа :)
    ја обожавам,подобро газирана вода отколку газиран сок :)
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Газирана вода или кисела вода

    Не пијам газирана вода, освен понекогаш кога треба да се меша со алкохол. :lol:
    Повеќе сакам обична вода, ништо не може да ми ја замени. :)
     
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    Газирана вода или кисела вода

    Не пијам! а чудна работа газирани сокови можам да пијам и ги сакам,ама дефинитивно повеќе ме освежува обична вода! Знам дека кога ти е тешко у желудник викаат да се напиеш една чашка по нешто газирано,ама јас пак не пијам вода него некој газиран сок..не знам зашто ама чудно ми е вода а газирана..а стварно не знам зашто..