За овие гелови сигурно најдобро знаат тие што работат со нокти, а јас од колку што имам разбрано нешто од нешто има различни типови на гел за нокти (base,builder,cover...). За цртање се користат cover гелови во боја, а цените се различни во зависност од квалитетот на гелот. Се сушат под ув-ламба. Јас имам видено во базаро гелчиња, но беа со многу лош квалитет, згуснати и засушени. Сигурно има да се купат кај што продаваат за салони гелови или од фб профили и страни како ebay. На еbay има многу евтини комплети со повеќе вакви гелови ама читав коментари дека при печење во ламба им се менувала бојата така да требало тоа да се земе во предвид со оглед на тоа што се сигурно некој кинески квалитет http://www.youtube.com/watch?v=4wEDtrcF ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=JlqnqZQ7 ... re=related
Јас сакам да прашам некој што користи гел за нокти, јас секогаш користам лакови ама сакам да пробам со гел, ама сама ! Има ли некој искуство? Каде да купам? Каква е постапката, резултати?
Не верувам дека ќе успееш сама да ставиш гел.Ако некоја ставала сама нека каже и мене ме интересира како изгледало тоа Не знам кај можеш да купиш гел,ама покрај гелот треба да купиш и таков апарат за сушење на гелот,а тоа е некаде околу 2 000(најевтиниот што сум го видела).Е сеа никој не знае колку е тоа квалитетно. Значи целата постапка да ја направиш сама ќе те чини многу скапо.
Од некое општо познавање што го имам..прво треба опрема за правење на гелни нокти. Декорација може со се да се прави над гел, но техниката за ставање на гел не е како обично лакирање на нокти. Има повеќе фази, припрема на ноктите, четки за гел, турпии, разни типови на гелови, дополнителни средства, ув лампа за сушење итн..а и сигурно мноогу вежбање на техниката пред да направиш беља на вистински нокти Има туторијали и на youtube веројатно. Тие што работат професионално си набавуваат материјали од дистрибутери, а има и на интернет да се нарача.
Сум користела гелови ама само во салон. Би сакала да ве прашам дали знае некој каде се продаваат , дали во скопје има продавница јас имам и акрил и гелови и др работи за нокти од еBay ама не се баш квалитетни затоа доколку некој знае ве молам да ми каже и цената доколку ја знае. Ви благодарам
Значи стварно не ги разбирам тие што се занимаваат со ова зошто не ја напишат постапката како ги прават гелните нокти! Девојки, побарајте на српски и хрватски форуми, таму има се
Ја другарка на сестра ми ми има правено гелни нокти. Многу е едноставна постапката. Колку што памтам ув-ламбата ја има купено од бит пазар, ама не сум сигурно. и околу 2000 е. и од таму ги има купено и геловите.
сакав да ве прашам.Каков е тој траен лак за нокти?И од колку години мислите дека треба да се правате гелни нокти? Братучедка ми почна сега од 17. Јас исто мислам од 17 па макар и 18-19.Сум слушналадека каде што го печат гелот,тоа помагало во создавање на рак на кожа.И немора секој пат да правиме гелни нокти,може 3-4 пати во 1 година.(не најдов тема НОКТИ па овде пишав)
Zdravo sakam da ve prasam dali nekoja skopje ima videno na bitpazar gelovi za nokti od prima nsp i kolku pari se basa i builder gel
си земав на своја рака да си правам за моја душа а и направив и на 2-3 другарки ама тек сега по фб и по други страни процитав дека постоела некоја "стрес зона" на ноктот...има некој појма шо е то? и како се прави?