Како што видов нема ваква тема а,мислам дека му е потребна на форумов,особено сега кога е привремено заклучена темата Сакам да прашам. Има отворено тема сапун за лице но,сметам дека лицето со сапун не е препорачливо да се мие,било тоа да е Дав,АсоДерм.. Ја отворив темава доколку некој сака да се посоветува на овие две теми,да праша нешто,да пофали некој производ.. Јас би сакала да прашам,конкретно го видов преееска во Рамстор овој гели баш ми изгледаше интересно но,пишува дека содржи салицилна киселина.Е,сега не знам дали би можела да го користам секојдневно,но мислам дека не е препорачливо..На етикетата пишува дека може но,и на нивниот пилинг пишува за секојдневно миење а тоа е невозможно бидејки е пре груб.. Ваше мислење женски?
Салицилната киселина е супер за кожата. Затоа што со неа се отфрла тој горниот слој на узумрени клетки, ако имаш акни дури мислам и дека ќе ги исуши т.е. едноставно ги прочистува порите. Е сега од друга страна па не е добра затоа што може да ти се исуши ептен кожата. Јас користам препарати за сува кожа и во моите нема ни салицилна ни бензоил пероксид, јас колку што знам едно од овие треба да има за уствари да ја чистат кожата, ама што да праам, ако купам нешто за нормална кожа ептен ми се суши. Во секој случај ако количината на салицилна киселина во препаратот е мала мислам дека нема да ти направи проблеми, туку баш ќе ја регулира мрснотијата (претпоставувам имаш мрсна кожа чим сакаш да го користиш овој гел). Инаку јас го користам и задоволна сум затоа што не ми ја суши кожата, а реално изгледа не ја ни чисти затоа што почнаа да ми се појавуваат по 2-3 бубуљички и кога не сум пред добивање Инаку имам читано дека најубаво кожата ја чистат млеката за лице, а не овие гелови и пени, а колку е точно не знам. Јас ако не се измијам имам чувство дека ништо не сум направила.
До скоро време го миев лицето со бебешки сапун! Имам мрсна кожа на лицето, па и не ми беше некој проблем тоа што користев сапун! Но периодов ептен го осеќав лицето стегнато и суво после миењето со сапун, а пред да го измијам ми беше пак ептен мрсно! Решив да ја променам негата на моето лице и си ја земав пената за чистење од Афродите за мрсно лице Спојлер и тоникот Алое Вера! Засега сум задоволна од пената, ја вади нечистотијата од лицето па и шминката! Но ја користам кратко време, само два-три дена, па ќе видам понатака како ќе е! Инаку поодамна го користев еден гел од Нивеа но воопшто не бев задоволна!
Имам комбинирана кожа т.е повеќе мрсна е но често знае да дехидрира,па затоа не користам прозиводи баш за мрсна кожа,туку обично за нормална и комбинирана. Јас сум многу неодлучна по природа ама + и затоа што не секој гел ми одговара,од некои гелови и креми ми се исфрла челото со ситни бубулички па место да помогне тоа одмага.. Го користев овој убав беше на мене,ми го исчисти лицето по малце.Ама јас барам нешто поефикасно.. Во план ми се Спојлер Првиот,од Росал што е.
Forgotten,Clean&Clear. Нивниот пилинг е секако подобар,првенствено зошто првиот од Палмолив е за тело,не е наменет за лице. Ма да,јас повеќе би ти го препорачала овој од Гарниер или Неутрогена.
Го користам овој на Еуцерин,за проблематична кожа склона кон акни. Ми ја препорача дерматолог,па ќе видиме колку помага.
Пилинг правам еднаш до два пати во неделата, бидејќи иако имам мрсна кожа, ми штети кога го користам почесто и ми ја суши кожата. А верувајте, преголем шок е за моево мрсно лице така да го дехидрирам. Го имам гел-тоникот 3 во 1 на Авон и засега сум задоволна, еве дури и второ пакување си купив пред некое време. Меѓутоа, неодамна заприметив дека ми се суши лицето, па решив да ги избегнувам барем геловите на одредено време и сега си фатив друг тертип со чистењето и миењето на лицето и планирам да биде така барем зимно време - за понатака веројатно ќе сменам нешто.
Нутро го мијам лицето со http://cdn-elle.ladmedia.fr/var/plain_s ... erence.jpg и понекогаш ставам маска од http://3.bp.blogspot.com/-CeZAZHYV6qc/T ... g.ashx.png
И гел имам користено и пена. Пилинг многу ретко, еднаш во две недели бидејќи ми е многу сува кожата уште пилинг ми фали... Моментално ја користам на Нивеа пената за сува кожа, задоволна сум, многу е нежна, не ми го досушува лицето и затоа сметам дека пените се поблаги средства за миење на лицето за разлика од геловите.
Го користам гелов, веќе година дена. И предобар е. Внатре има микрогранули. Го чисти лицето и ја прави кожата мека. Само во последно време мн ретко се наоѓа. Предходниот пат, цел град го свртев и само во една подобро снабдена аптека го најдов.
Прашав во темата за орифлејм и никој не ми одговри па ќе прашам и тука. За да не се повторувам копирав
Докторс сапунче од сулфур користам за секојдневно миење и млеко од Loreal. А Clean clear на 2-3 дена нежен е онака го светнува лицето.Понекогаш пилинг и маска си ставам.Почнав да си правам пилинг со сода бикарбона
И јас го користам веќе подолго време,повеќе од година но тешко се наоѓа ни во подобро снабдените дисконти ниту пак во аптеки или парфимерии го има.Мене пријателка од Ск.ми го носи бидејќи кај нас во градот го нема,чудно инаку имам нормална накај мрсна кожа,па после миење си го чувствувам малко суво и затегнато,дали е нормално? сакав да те прашам какво лице имаш? и дали пудрата ја одстранувап со гелот? позз има поминато доста време,сигурно веќе го имаш користено и резултати имаш па ако сакаш сподели,бидејќи јас користам на nivea,при крај е , а неможам да го најдам во продажба па се мислев да го заменам со овој од oriflame
Јас сабајле и навечер користам гел-пена за миење на лицето и очите од Апивита а двапати во неделата користам маска пилинг од Сефора
Може ли некој да ми препорача гел или нешто слично за чистење на лице што не содржи сапун и што е многу нежно за кожата пошто имам многу осетлива кожа и не ми одговараат сапуни и агресивни средства за чистење лице.
Pa areen e dodeka malku e povodenest ama ubavo pravi pena ako go tries poveke jas do onoj od aloe veraa sum poveke zadovolna i balsamceto ti go preporacuvam od vanila najdobro mirisa toa
Здраво на сите, најнапред сакам да го разбијам митот дека сите сапуни за лице се исти и ја сушат кожата. Ова апсолутно не е точно. Постојат саоуни и сапуни, оние индустриски кои содржат поагресивни состојки и оние рачно направени каде база на саоунот се сапунифицирани масла како маслиново, кокосово, рицинусово итн. и во зависност од комбинацијата на масла може да бидат навистина прекрасни за кожата лесно да ја чистат без да ја сушат. Доколку еден сапун содржи микс од масла (повеќе масла), толку истиот е понежен за кожата. Единствено масло кое може да се најде само во еден сапун е маслиновото. Имам пробано разни сапуни кои биле толку нежни за лицето и премногу ми одговарале. Друго нешто важно кога станува збор за производите за миење на лице како пени и гелови се сурфактантите во самите производи и нивната комбинација со останатите состојки. Доколку како сурфактанти (односно измивачи) најдете Sodium Lauryl Sulfate (SLS) Sodium Laureth Sulfate (SLES) и ако истите не се ублажени од страна на глукозиди, во тој случај производот многу ја суши кожата. Доколку производот содржи како измивачи Coco Glucoside, Cetearyl Glucoside,итн. во тој случај станува збор за понежен производ кој не суши. Е сега втор мит кој сакам да разбијам е дека ако имаш масна кожа тогаш може да се суши со сапуни. НЕ! Себумот претставува природна одбрана на кожата и преку него таа се брани од надворешните влијанија. Во случај на зголемен себум или маснотии, кожата никако не треба да се суши затоа што на тој начин таа се чувствува нападната и лачи трипати повеќе за да се одбрани од нас што ја обезмастиваме. Добар производ за масна кожа е избалансиран со убава формула кој не го одзема себумот туку го еквилибрира. Ја изедначува масната со сувата зона на кожата. Мора да одберете нежен производ, никако агресивен. Без разлика на тоа што кожата е масна, таа сепак е чувствителна. Од она што јас сум го видела и користела, може да ти го препорачам млекото за чистење на лице од Гамард кое нема сапун и е со 75% крема која ја навлажнува кожата, специјално формулиран за чувствителна кожа. Мене многу ми се допадна ова млеко ја остава кожата чиста и мека, не затега воопшто кожата. Доколку сакаш производ со благ пилинг ефект, тука е кремата за чистење на Хаушка која воопшто не содржи сурфактанти, не се трие на лицето се втапкува, ама има гранули од бадем. Трба да бидеш внимателна да не ја втриеш затоа што ќе ти се вцрвени кожата. Јас ги имам пробано и двата, убави се и двата, така да ти одлучи. Гамард чини околу 675 денари за 200 мл. а хаушка исто околу 675 амаграмажата е доста помала, односно 50 мл. Поздрав.
Јас го користам овој гел на Афродита за миење на лицето,супер ја чисти кожата и иако имам сува кожа не ја суши и затега дополнително.