1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски модифицирана храна... ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kikikikirika, 18 јуни 2011.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Бројот на жители на Замјата се зголемува па со тоа се зголемува потребното количеството на храна за да се нахрани популацијата. Од друга страна, како резултат на зголемување на населбите се намалуваат обработливите површини па се произведува се помалку храна па се повеке луѓе умираат од глад.

    Научниците убедуваат дека храната добиена по пат на рекомбинанта ДНК технологија е решение за да се намали недостатокот на храна во светот. Тоа се прави на тој начин што се зема ген од еден организам (пр. ген за терморегулација од зимзелено дрво) и се става на друг организам (пр. јагода) па се добива нов вид кој има определени својства ( во случајот јагода што расте и во зима). Така во САД денеска има повеќе од 1000 намирници и адитиви кои се добиени на овој начин а се користат во исхраната. Барањата за безбедност во Европа се повисоки, испитувањата за да се одобри ваков производ траат со години, па денес во Европа има одобрено околу 40 видови храна од кои повеќето се за исхрана на животни. Повеќе од 80% од папајата во светот е генетски модифицирана. Истражувањата одат до таа мера што се прават обиди во иднина преку ваквата храна да се внесуваат вакцини. Замислете како би изгледало ако во иднина се направи банана која ќе има такви својства да спречува некоја болест.

    Факт е дека генетски модифицираната храна полесно ја одобруваат посиромашните земји бидејќи е поефтина. Но оној што ке почне да произведува таква храна мора од истата компанија да купува и семе, препрати, и друго. Значи позади ГМO се крие еден голем бизнис и политика. Шпанија е една од земјите во Европа што и покрај притисоците од страна не ја одобрува ваквата храна. Затоа не е ни чудо што Германија ја обвини најпрво Шпанија за појавата на новиот смортоносен вид на Е.coli.

    Опасноста доаѓа од тоа што не може да се предвиди дали и како вметнатиот ген кој се наоѓа во модифицираниот продукт ќе влијае откако човекот ќе го внесе со исхраната. Досегашните истражувања покажуваат дека нема место за паника но кај лугето сеуште постои сомневање. Дали 10 години истражување се доволни за да се за да се испита однесувањето на тој ген? Дали може тој да се пренесе на потомството? Голем е и ризикот вака добиените соеви на плантажите да се вкрстат со природните па да се добие суперсој чии својства не се испитани.


    Македонија сеуште ја нема докрај оформено законската регулатива за Генетски модофицираната храна. МЕ интересира вашето мислење.
    Дали би засадиле генетски модифицирана храна?
    Дали би купиле генетски модифицирана храна и зошто?
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ХРАНА... ЗА или ПРОТИВ

    :wasntme:
    јас сум и за и против генетски модифицирана храна!
    зашто за?
    Eпа зашто има предности оваа храна, бидејќи се помалце незагадена почва, растот на населението расте, недај боже и без храна може да останеме :lol: Tака да ова им е добар метод да се справат со овој проблем, да имаме ресурси на храна, во случај на глад :D
    а зашто не!
    епа тоа е еден вид на вештачка храна, вкрстувања на DNK кој знае што таму уште не :?: !
    Mислам дека би требало да е безбедна хранава...барем така викаат, но кој ги знае и нив!
    Mалце наукава претерува ама тоа е!
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Против !
    Зошто бре да се извештачуваме и да се трупаме со некојси лабораториски ср*ња ,кога можеме да си го јадеме тоа што ни го дала Мајката Природа?

    Таму кадешто има недостиг на храна ,може СЛОБОДНО да се увезе од некоја поснабдена земја ,а не да ги хранат луѓето со некојси НАУЧНИ трици ,небаре заморчиња сме ние ,мајката ! :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Против!!
     
  5. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Против, затоа што само така кажуваат не се знае дали ќе има лошо влијание, дали ќе се пренесел генот, дрн, дрн, дрн... секако дека ќе има некои лоши ефекти , ама ќе кажуват вака онака, и некои луѓе и ќе ги убедат да конзумираат таква храна... и мислам, зошто на некои производи пишува ГМО Фри (посебно на соја производите) и тие се поскапи, о4игледно тоа зна4и дека се подобри.
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Абе убаво што сакаат да го решат проблемов, ама погрешен начин одбрале. Наместо за зимаат гени и да си играат богови треба да размислуваат во друг правец, глобално затоплување ова-она....

    Јас не би консумирала ваква храна, барем не додека може да се најде природно. Да се надеваме ќе потрае.
    Него....коа веќе нашле вакво решение што тогаш барем на ваков начин не помагаат низ сиромашните земји, коа веќе кутрите немаат природна храна барем нека имаат ваква. Или премногу барам? пак се се сведува на алчноста за профит

    За безбедноста не верувам ама ич. Ептен сум скептик, незнам зашто. Ќе почнеме да раѓаме после деца со 12 прсти и 3 цицки
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Против!!!
    Затоа што делува на ДНК та, извор се на многу болести.
    Да, сега ќе се нахранат многу луѓе, за утре да добијат потешки болести и да изумрат.
     
    На whiteButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Против!!
     
  9. kitten622

    kitten622 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    5
    Против :!:
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Против! Имам дома 2 презентации на оваа тема, што опфаќа гмх, за и против генетско инженерство.
    Иако има аргументи ЗА ГМХ, сепак оние ПРОТИВ се многу посилни, на некој начин. Со ГМХ се овозможува добивање на храна отпорна на штетници, храна со подолг рок на траење, отпорност на ниски температури, суша, резистентност кон заболувања, поголема хранлива вредност. Но, :!: ризиците од ваквата храна се многу големи. Генетскиот инженеринг може да создаде нови алергии и смртоносни токсини. Докажано е, дека ГМ соја може да предизвика силни алергиски реакции. Во САД бактерија создадена да проуцира додаток во исхраната триптофан произвела токсин, којшто убил 37 души и раболел 1,500. Исто така имало и експеримент на глувци на кои им се давало ГМ компир кои добиле тумури.
    Што ќе ни е на нас гмх, кои имаме почва и други природни ресурси за производство за природна и органска храна. Но, ете наместо плодните почвите да се искористат рационално, тие се искористуваат за иградба на фабрики, големи населби и сл.
     
  11. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Против! И тоа од една и единствена причина -НЕ Е ЗДРАВА!!!
     
  12. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае да ми посочи на која соја пишува Gmo Free зошто јас до сега не сум сретнала?Или коа нас можеби сеуште немаа :?: а да ќе забораев и палента :worried: Веќе човек да незнае што да јаде се е затруено а кај нас никаква контрола нема. Страшно!!!
     
  14. RedDevilGirL

    RedDevilGirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    Да не има некој некоја презентација, темата ми е за проектна за матура?
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека против! Пошто се нездрави,како гумени и се ненормално растени.Несакам да си го ризикувам здравјето,доста се и оние емулгатори и конзерванси што и така ги има насекаде во храната.
     
  16. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Се согласувам потполно!!! Против без можност за премислување!!! :!:
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас сум многу против и ме плаши состојбата со наметнувањето на GMO...но ме интересира дали меѓу културите што се произведуваат кај нас има генетски модифицирани?

    [​IMG]
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Никој не може да гарантира ниту точно да каже дали кај нас има или нема ГМО храна. Макар што верувам дека барем 90% од храната по супермаркетите е со ГМО состојки. Затоа е најдобро се што можете да купувате од мали производители или сами да си произведувате ако сте во можност.
    А што се однесува до доматов - зависи од сортата - не можеш вака на изглед да знаеш дали е ГМО или не е. Тоа само во лабораторија може да се докаже вака не.
     
    На tessie, kravce и Hipster им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Тука мора да стои на самиот производ ознака дека е ГМО, макар и најминимален дел да е, мора да стои ознаката, така твоја си е опцијата дали ќе користиш таква храна или не, не смеат да го продаваат без ознаката односно да ти го подметнуваат.
    Инаку тука сојата како и во 90% од светот е скоро целосно ГМО производ така да јас не го користам во исхраната ниту за мене ниту за син ми.
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Битер, дали на кондиторски производи во Аус мора да стои назнака ГМО, ако било која состојка внатре е од такво потекло?
    Ај баш види на Сникерс (пример, за него знаеме дека користат ГМО) дали има наведено кај вас.