Спојлер Колку што видов нема ваква тема. Еве една тема за мојот омилен предмет! Географија сум обожавала од секогаш и секогаш сум имала 5 *Дали вие сте сакале или сте мрзеле географија? Тука можете да си помогнете и со домашни и слични работи за помладите форумцики! Поздрав
Од професорот ќе го замразам предметов.. а толку го сакав претходно.. Единствено од него имав слаба оцена онака без причина зошто му се присака Инаку географијата и не нешто посебно тешка само треба да се заинтересираш!
Интересна ми е географијата, највеќе кога треба на карта да се учи, тоа најбрзо памтам Ме нервираат само лекции за стопанство, па сега кога учиме за Македонија кога почнат да набројуваат за сите можни растенија во кои котлини се одгледуваат....ааааа Иначе некако највеќе си се зезам со географијата, буквално не пипкам книга освен пред испрашување/тест 100% кампањски
Омилен предмет натавникот знае да направи забава предава лекција и кажува смешки ем сите знаеме ем не сме под притисок како на некој други часови
Во основно ми беше меѓу омилените предмети го сакав интересна ми беше Географијата многу.Сега не учам повеќе. Инаку и таткоми ми беше од голема помош бидејки ја владее Географијата многу добро.
Нашата наставничка по географија не ни ги предава лекциите,едноставно си прави муабет ама јас си ги учам лекциите така да си го сакам предметот,интересен е само наставничката да ни предава ќе биде супер
Еден дел од годината ми е најомилен ден дел најмногу го мразам кога учевме за вселена тие небесни тела и све остало тогаш најмногу сакав географија...сега кога учам за полјоделство сточарство....едвај чекам да завршат..
Од прво до четврто многу сакав географија бидејки го гледав брат ми како учи Лесно ми беше во петто и шесто кога учевме за вселена и такви раб. ама сега за Азија Африка...... Посебно делот со климата најмногу го мразам и најтешко ми е тоа Инаку утре правиме тест
Во основно училиште воопшто не го сакав предметов,од причина што тогашниот наставник ни беше намќор,не црпев никаква инспирација од него за учење.Ама ете,да не ми кваре оцените,учев и имав 5. Во средно,ја засакав географијата.Интересна ми беше,и секако професорот ми беше инспирација