Гимнастика

Дискусија во 'Дете' започната од Kalina1, 15 февруари 2012.

  1. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    35
    Сакам да ве замолам нешто ако некој знае да ми каже.
    Ќерка ми сака да тренира гимнастика, ама обична не ритмичка, па сакам да прашам дали има некаде во Скопје да ја запишам? Фала ви многу однапред.
     
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    Ја читам темава и се прашувам како е можно во време на ЛОИ никој да не ја актуелизира?! Очигледно овој спорт е во изумирање во МКД, ако грешам корегирајте ме.
    Инаку за обична т.е. спортска гимнастика има, барем колку што сум информирана два или три ДТВ т.е. друштва за телесно воспотивање (баре така некогаш се викаа) во Скопје. Едниот е ДТВ Наум Наумоски Борче во Карпош 4, другиот е Орце Николов во Градски парк и третиот незнам како се викаше некаде накај Бутел или Чаир не се сеќавам. Само незнам дали се уште има вакви тренинзи.

    Јас, во време на биша СФРЈ имам тренирано ритмичко-спортска гимнастика-професионално во едно од овие друштва, и тогаш беше одлично.Имаше пари за се.Патувања, натпревари низ бивша Југославија, подготовки, општински, републички натпревари....ехее ехх и итн.Исто така оние кои што беа селектирани како најдобри(меѓу кои и јас :$ ) бевме ослободени од секакви плаќања, односно државата плаќаше за нас ..се ама буквално се...опремата спортска, реквизитите, се... да ти е мерак со спорт да се бавиш!
    Е тоа е тоа.
    Како и да е, убав спорт е гимнастиката и во принцип се почнува од многу мнгу рана возраст, од 5 години до 6 отприлика.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.