Сегашниот Гинисов рекорд на најголемиот фолк танц во светот го држат Кинезите со 17.200 учесници, од 2009 година. Пред нив рекордот го држеше нашиот јужен сосед со оро со 1.200 учесници. Наша цел е да го надминеме овој рекорд со оро во кое ќе заиграат 18.000 учесници. Иницијатори за поставување нов Гинисов светски рекорд во број на учесници во едно оро се НУ „Танец“, Ансамбл за народни игрии песни на Македонија и НВО „Скопско туристичко лето“. За таа цел настанот е пријавен до комисијата на Гинисовата книга на рекорди и ќе биде обезбеден мониторинг од нивни судии, за рекордот да влезе во новото издание на книгата за 2014 година. Најголемото оро во светот го организираме на 26ти април (последната сабота во месецот) и тоа да се протегне од Охрид до Струга, по стариот пат чија должина изнесува 18,5 км. Орото би се започнало напладне и би траело 8-10 минути. Со овој масовен настан би го означиле и почетокот на туристичката сезона во овој наш туристички најразвиен регион. Учесници: - Во Република Македонија се регистрирани 70 културно-уметнички, фоклорни друштва. Вкупниот број на нивните членови е преку 5.000 и наидовме на максимален одзив од нивна страна. - Локалното население ќе биде ангажирано исто така со околу 5.000 учесници - Останатите 8.000 учесници се поканети преку многуте спортски и рекреативни клубови, разни граѓански здруженија, училишта, факултети и тн. - Учесниците од фолклорните друштва ќе бидат облечени во народни носии, додека за другите учесници ќе бидат обезбедени црвени и жолти маици со логото на настанот. - Сите учесници на крајот ќе добијат симболичен сертификат со сериски број, со кој и за потребите на судиите на Гинис ќе биде прикажан вкупниот број на учесници. Со оглед дека настанот има граѓански карактер, а освен соборувањето на рекордот цел ни е да ја прикажеме Македонија како современа мултиетничка демократска земја, се надеваме на широк одзив на учесници, без оглед на нивното потекло, национална, верска или друга определба. Токму поради тоа орото го организираме под мотото Цела Македонија - едно оро Организацијата на еден ваков масовен настан е комплексна и мора прецизно да се предвидат сите детали кои ќе овозможат настанот да се одвива во потполна безбедност и координација. Таа подразбира: 1. Превоз за сите учесници, со автобуси 2. Безбедносни мерки: прва помош, полициски надзор и противпожани екипи 3. Маркетинг и ПР: покани до странски и домашни медиуми, најави во медиумите, видео клип, билборди, инсертер во весници, прес конференции и тн. 4. Обезбедување финансиска, логистичка и медиумска поддршка на настанот. 5. Организирање придружни манифестации (за можно соборување на други рекорди): најголема рибја чорба, најдолга изложба на фотографии и тн. Секој граѓанин е поканет да учествува. Може да се пријавите во секое време на нашата веб страна http://www.mkzaginis.mk/ https://www.facebook.com/mkzaginis и на броевите кои ќе работат секој ден од 10:00 до 17:00: 075 / 888 – 400 *** 078 / 988 – 998 *** 072 / 636 – 307
Терминот за овој настан е променет - ќе се одржува на 10ти мај, затоа што судиите од странство не можеле да дојдат овој викенд