Значи вакво гиро се уште немате пробано.Колку е само вкусно. Не знам дали има во Македонија,освен во Скопје можно е . Ме интересира некој да не знае рецепт за тие сосовите како се приготвуваат. Состав -Месо(говетско или пилешко ) -салата,зелка,домати,крастајчиња,кромид,луто -и тие двата сосови кои ме интересира како се приготвуваат.. едниот знам дека содржи јогурт и лук и можеби магдонос+сол другиот личи како ќечап ама е некој сос од домати ,појма немам што е
Гиро обожувам, ама искрено кога ќе видам 130ден. за толкицко,епа ги за*бале и McDonald's со цените. Последните неколку пати дома си правам гиро, и каде каде е поубаво од купечкото. Како порано не видов колку убаво гиро правам,со тоа проектите за сопствен бизнис ќе си отворев сендивичара,најевтино гиро ќе имав, за сите феминки со попуст, хехеххе убава мечта
Секогаш кога одиме Грција на одмор, јадеме гиро секој ден. Нема повкусно нешто Можам само на гиро да живеам и на ништо друго (добро, и на воздух секако )
Ау Гирото и јас..our never ending love story. Уште од многу мала јадам гиро,едноставно го обожавам и тоа само со свинско.
Eднаш пробав гиро и од тогаш - никогаш повеќе! Кај нас мислам дека нема, ама следен пат кога идам за Скопје, ќе пробам. Не дека не ми се свиде, не ми е убаво се испомешано внатре, каша-попара, салатиште, месишта, сосови. Ова што го порбав изгледа не ми се погодило, ама можеби ќе се навикнам, па секое идење ќе јадам. Ама тешко, пребирлива сум, а знам дека не сум единствената која не обожава гиро.
Многу е важно од кое место ќе го јадеш,ни јас не јадам од секое место.Во Скопје дефинитвно гирото е најубаво од Гирадико.
Ах, обожавам. Само овде во СВН кај нас, не го сечат месото, стават цели парчиња ама ако, убааво е сепак.
Првпат пробав во Бугарија како помала и од тогаш се заљубив во него. Ама исклучиво со пилешко месо. Не дека не јадам свинско, ама некако чудно ми е, еднаш купив со свинско и воопшто не ми беше убаво жилаво такво. Лани во Албанија се прејадов со гиро, едни големи огромни тројца да се најадат.
Ахх, ГИРО! Едно од моите најомилена јадења. Сега во грција кога ебв на одмор, секој ден си јадев по едно. Неможам да му одолеам бре.. Иначе каде-каде е поубаво грчкото од нашиве гира. Ама еве ако издвојувам од македонските гира можам да кажам дека во Гирадико и Гиро-Беко има најубави гира.
Обавезно кога си идам накај дома после град зимам гиро во 5 саат сабајле . Најубаво е да можам само гиро ќе јадам по цели денови
Кај нас во Скопје немам сретнато гиро толку вкусно како грчкото. Прв пат пробав кога бев во Виена, ама тоа беше некое турско гиро и воопшто не ми се допадна. Поинаков беше составот, месото беше чудно. Грчкото е незаменливо, особено ѕаѕики сосот им е многу вкусен.
Гиро Пред неколку години за прв пат го пробав во Турција и од тогаш го обожувам. Во Скопјево немам јадено толку убаво гиро како во Турција.
Ауф не сакам ич гиро. Една другарка како споулавена го јаде. Сум пробала, не дека не е вкусно, не е лошо но што знам, не ми харесва. Не ми се даваат пари за гиро. Боље една шарска кај Вили
Обожавам Малку е мрсно, ама ми е преубо. Дали некој знај рецепт за домашно гиро? Ако знај, нека сподели со нас
Јадам гиро само кога сум на одмор во Грција и тоа во 10 дена 2-3 пати дали ке апнам.Убаво е не викам не ама па премногу е мрсно.