Јас ги имам прочитано сите за убавина и мода.... и навистина помагаат .. Но дали вие ги користите и колку често?
Ги кориистите ли советите на Фемина.мк ? Ги читам редовно , од 2009 па наваму, некои и ги применувам, а некои едноставно не - а зошто ни самата нешзнам Поедноставно речено 50:50
Ги кориистите ли советите на Фемина.мк ? Охх даааа посебно нешто околу козметика и такви ствари . Тенкс фемина
Ги следам мислењата за темите кои ми се допаѓаат. Советите кои мислам дека се на место и ми се потребни ги применувам. Пред се важно ми е да слушнам неколку мислења па потоа да се одлучам дали е тоа добро или не. Како викаат три пати мери еднаш сечи.
Па ги применувам оние кои ми се навистина потребни. Нега за масна кожа, митисери. Ми има многу пати помогнато.
Да, ги користам Е сега ми треба еден совет ако може да ве прашам и се извинувам ако сум оф топик... Сакам да си сплетам едно цветче мало , на него да ставам шноличка и да го ставам на коса. Може некое туторијалче за плетење или некое упатство ? Ве молам итно ми е ... Фала однапред
Ако не ги користев советите, немаше да бидам тука. Користам некој добар процент од советите. Мило ми е што постои форумов.
http://www.mailxmail.com/video-flor-gan ... iciarVideo Еве нешто ама на шпански е Ако треба помош слободно прашај!
Да ги користам и ги користам советите од феминките за маски за лице и сл ги користам кога можам, кога имам слободно време
Мене искрено повеќе ми помагаат девојките од форумот, отколку статиите на самата страна. Користам некои совети од убавина и мода, третмани што можат да се направат дома, трикови при шминкање и слично.
до сега немам побарано на форумов за некој да ми даде совет ама искрено доколку дојде до тоа би искористила а од статиите .. шознам не баш
Најмногу од Правопис учам. Тоа не се совети, но имам цел документ со коментари цитирани за ако нешто случајно заборавам да не ја превртувам цела тама и да барам. Во однос на облекување, шминка, нега на тело и останато, 50/50.
Па има некои совети за нега и убавина кои вредат да се пробат... Читам и на сајтот и форумот.Тие што ги сметам за подобри ги пробувам и засега сум задоволна Модни совети исто има многу убави и корисни
За сајтот е прашањето нели? Ги читам редовно,ако има нешто што ми е потребно и применувам секако. Сепак форумот ми претставува многу посигурен извор на информации,пошто нели е од лично искуство. Чист пример е фамозниот пилинг на Лилит .Не верувам дека на сајтот имало или ќе има некој толку добар РЕЦЕПТ. Резимирам...повеќе им верувам на форумџиките него на статиите.