ја тра#ам темава на форумов и не мо#ев да ја најдам,но доколку ја има мо#е слободно да се стави во канта мешенца јас имам големи главоболки најчесто во текот на ноќта а некогаш траат и во текот на целиот ден . не знам од каде ама знам дека аналгин никако за време на бременост . и освен тоа сум во почетокот на бременоста . дали тоа значи дека ќе имам болки вакви страшни и идните 7 месеци Ве молам за совет
главоболка за време на бременоста Веројатно причина за главоболката е промена на времето, но тоа не значи дека ќе те боли главата секој ден, до крајот на бременоста. Не само аналгините, туку општо било кои апчиња во текот на бременоста (без препорака од доктор) не се препорачуваат. Пробај со масажа на главата, чај, тишина и мирување. Најважна е психата, затоа немој многу да размислуваш на главоболката.
главоболка за време на бременоста провери си го притисокот можеби ти е премногу низок, ке го регулирас со солено, газирано и кафенце така ке ти помине позз
главоболка за време на бременоста Јас имам ужасни главоболки, ама дефинитивно е од промена на времето. Притисокот ми е ок. По принцип избегавам апчиња, така да чекам да ми помине. Инаку и мм го боли цел ден, така да знам дека е од времето
главоболка за време на бременоста зар постои лек за таа главоболка. постојано ја имам зошто притисокот ми е мн. низок. кога неможам да издржам ја терам ќерка ми со газето да ми седне на глава за да ме притисне зошто не се трпи. инаку пијам само Б6 и мн. често ми помага зошто ме опушта.
главоболка за време на бременоста Dobro utro mamicki denes site so glavobolki sme izgleda I mene me utepa glavata od bolki Samo jas shto imam migrena I bolkite se prejaki pa se napiv kafetin sekako so preporaka od doktorot pozz do site ako moze izdrzete bes apcijna
главоболка за време на бременоста низок притисок имам општо а сега во бременоста уште толку ... страв ме фаќа кога го мерам дома најтешко ми беше денес се разбудив со болки , а толку ме болеше што едвај ги отворив очите ... ама сега се слушнав со матичниот ми кажа по едно кафенце на ден , да избегнувам газирано иако тоа го крева притисокот а место тоа да пијам чајче,цеден лимон и мед
главоболка за време на бременоста Уште лимонт ти фали за низок притисок и во несвес ќе паднеш избегнувај го колку што можеш повеќе зошто страшно е колку може беља да ти направи
главоболка за време на бременоста Зошто да се избегнува лимон при низок притисок, ова прв пат го слушам, во принцип имам низок притисок и само лимон ме враќа во живот, еве сега имам толку јаки болки што мислам дек аќе повратам, едвај чекам д аси одам дома да си направам лимонада, не знам што друго може д ами помогне. Може е до времето а може е и до тоа што кафе се немам напиено не знам колку време.
главоболка за време на бременоста јас денес бев пак на преглед и повторно ми кажаа дури и да си сварам кафе и да ставам лимон внатре. Парацетамол само до колку имам и мала температура инаку лекови никако без да каже доктор.
главоболка за време на бременоста Колку што знам лимонот го намалува крвниот притисок, ама ете како што велиш можеби кај тебе поинаку делува
вчера и денес ме ака главоболка и некако очите ме болат дали од шо седам на ком... некое чааре за оваа. парацетамол не сакам да пијам зашто еднаш кога се напив како лошо да ми стана и не знам дали сум алергична на него и немам пиено многу време.. сега не сакам да експериментирам кафе не пијам од лимонот ми се гади и може да повраќам некој друг предлог ??
И мене почна се почесто главата да ме боли и не ми поминува ни од кафе ни лимон.Притисок иначе нормален имам.Незнам и јас сто да се напијам за да ми помини
Пола аналгин и минува.Мене ништо друго не ми делува па цела бременост иамм испиено се на се околу 5 аналгини.За секоја болка важи подобро да спречиш одколку да трпиш.
Јас и пред бременоста си имав проблеми со главоболки и мигрена. И сега не е нешто многу поразлично. Ни Б6, ни парацетамол, ни ништо не ми помагаше. Во 12 недела го прашав гинекологот што да правам, и му објаснив дека и по 3 дена ми траат главоболките без престан. Ми рече дека можам да пијам Аналгин, или да купам Индометацин. Индометацинот се чепчиња за било каква болка, и ми рекоа дека многу добро делуваат на матката.
Јас имав доста главоболки на почетокот на бременоста, пробај со малку кафе и лимон во него, или блага масажа на вратот мене од ова ми поминуваше
добро е со си најде лек... од лимонот јас повракам.... мојата главоблка ја оставам сама од себе да си помине,,,