Веќе цел месец се мачам со главоболки. Кога почна да ме боли главата првата недела веднаш отидов на лекар и ми рекоа дека ми е од стрес. Не ми помина па почнав да се паничам да не имам нешто страшно, па ја снимав главата компјутерски. Најмногу ми беше страв од тумор или нешто такво, ама на снимката не се покажа ништо. Кога лекарот ја виде снимката ми рече дека имам проблеми со вратот, и дека од тоа ме боли главата. Бев на терапии, вежбав и мислам дека имав мало подобрување, но главоболките не престануваат. Значи тоа не е класична главоболка, туку мали кратки болки, или подобро кажано како притисоци, како некаква жештина или боцкање на само едно место во главата и тоа трае по неколку секунди. Значи не ме боли цел ден туку на пример 5 пати во денот на неколку секунди. Јас по природа сум паничар, секогаш мислам на најлошото па бев еднаш на психолог и ме убедуваше дека самата си ги правам тие главоболки, дека не треба да се секирам зошто имам снимка, имам доказ дека немам никаква сериозна болест, ама ете не можам самата да се уверам дека стварно немам ништо. Цело време си мислам дека они не можат да видат дека имам нешто зошто главата продолжува така да ме боли, а некако ми е премногу чудна болката за да биде од вратот, а дека си замислувам не можам баш да верувам ... имал ли некој слично искуство?
Психолошки главоболки? Da jas imam takvi glavobolki ,i veruvam vo toa deka sama si gi zozdavam toa e od panika od strav,od negativni misli
Иста сум и јас,на емотивна база е ,мене дури и левата страна ме пецка,можеби и срце ќе ме фати . Се е тоа од многу нервоза ,сите ме разочараа,ме предадоа . Имам и главоболки и мачнини,и притисок ми паѓа,и стално милам на оние зборови на бившиот ,на она што ми го зборуваше,на навредите и како трн ми се на срцето,како да си помогнам,паднав и во депресија
и мене често ме боли,најчесто од преоптеретеност и стрес на работа,притисок,или ако не сум јадена на време ме боли,а најгрозно е кога боли цела вечер