Еј женски вака, на сите форуми гледам има ваква тема Глупости на кило (ГНК) и си реков “зашто и ние да не отвореме ваква тема“ каде што може едноставно да си ги истресеме сите глупави нешта на едно место, а никој да не ни замери. Ај сега речете од Озбилна, неозбилна тема, па што..демократија Ај за почеток: Овој 1 мај ден на трудот работно го направивме или треба да славиме ?
Темава ја има поставено мојот син во мое име и беше подкаран за тоа .Му велев ај не сум дете и што глупос ќе направам јас .Ај не се љут ја има кај мене на форум ми вели .Но изгледа никој не направил глупос па остана така .Но јас вчера навистина направив глупост. Требаше да одам на роденден кај мојата внука и падна договор да поминам кај сестра ми и заедно да одиме .Кога гледам мојот вреден сопруг решил да ја исполира мојата кола .Ај ми вели земи го Опелот .Откако ја зедов сестра ми се упатив кон парфимеријата да купам парфем и гледам нема место за паркирање му велам на сестра ми ај да не губиме време ти паркирај се од спротив ната страна и земи што ќе земеш.За среќа немаше гужва па девојката брзо ме услужи и излегов фрлив поглед да видам кај се паркирала и гледам Опел вектра металик иста како мојата а понатака еден човек пуши цигара .Јас ја отварам вратата и гледам не е мојата кола а господинот извинете ,извинете ми вели - ај извинето нека ви е не сум крива што Опел произведува исти коли како мојата .Среќа човекот имаше смисла за хумор па ја свати мојата грешка .Тогаш дојде сестра ми и му кажувам што ми се случи .А таа се смее ко луда и ми вели затоа ти ме испрати да се паркирам за да му се бапнеш на типон в кола .Откако се заврши одвај се додржа за да дојде кајмене дома па со мојот сопруг удрија зафрканција на моја сметка.Но една од човечките особини е да се граши па ете и јас згрешив . Но немој да бидете лоши и да се смеете со мојата глупост која ја споделивсо вас
Еве јас ќе наведам дека глупости на кило можеме да прочитаме кај некои форумџики на чело со Ladyshine. Кога ги читам темите што ги отвора не знам дали да плачам или да се смеам. Па до толку глупава да е па да прашува каде е поубаво да се живее во село, во град или во држава??? Па и правописните грешки што ги прави, ц.ц.ц
Баш е паметна ма ,како не...неписмено створење ме иритира ненормално многу.Се извинувам што на некој начин дојде до навреда ама тоа е вистината и баш ми е гајле
Unfaithful18 Лелеее еј, ме изнасмеа во темана за село, град или држава...Само што сакав да пратам одговор, ја заклучија ... Јас сакав да одговорам дека стварно во град има многу сообраќај, а замислете во континент да живеете , па таму колку џипови, камиони и аФтомобили има??? ЦЦЦЦЦЦЦЦ, опасноо, лелелеееее...
Јас ќе отворам тема со туторијал како да отвориш група на фејсбук САМО ЗА ДА НЕ ЗАМАРААТ ТУКА ПОВЕЌЕ!!!
ЗА, ladyshine Aj, те молам срц , кажи ми ,што облека е во тренд ова лето ??? А, имам и интимни проблеми, ама ај за тоа во ЛП ќе ти пишам...
На форумов какви глупости се изначитав по се ова мене ми изгледа дека некои девојки се зачлениле на femina само колку да им помине времето и не го сфаќаат сериозно нејзиното значење, бидејќи има девојки кои имаат навистина проблеми и бараат совети, а несериозните ги спречуваат во тоа и ги загрозуваат поставените теми со разни глупости и недолични однесувања