Говорот на телото според хороскопскиот знак

Discussion in '„Другата“ наука' started by anneyy, Dec 26, 2011.

  1. anneyy

    anneyy Популарен член

    Joined:
    Jul 24, 2010
    Messages:
    1,280
    Likes Received:
    1,422
    Секој хороскопски знак можеме да го познаеме според изгледот и карактеристичното држење. Еве како се однесува секој од припадниците на зодијакот.

    Овен
    Без разлика на физичкиот изглед, настапот на овенот е секогаш сигурен и одлучен. Движењата му се разиграни, сигурни и вешти, кога разговара, соговорникот го гледа во очи, а кога самиот нешто сака да каже, без двоумење го прекинува соговорникот. Овните секогаш се туркаат пред другите, одат со брзи и отсечни чекори, честопати со главата кон напред.

    Бик
    Речит поглед, муртење, ситни брчки околу устата и подигнати веѓи, сето тоа е говор на лицето кај бикот. Со движењата и гестовите, припадниците на овој знак, едвај дозволуваат да се насети нивната сензуалност и еротичност, но кога ќе почувствуваат дека се на сигурен терен, нивните движења стануваат поспонтани и поотворени.

    Близнаци
    Според говорот на телото спаѓаат во најречитите знаци. Многу се зборлести, љубопитни, весели, забавни и темпераментни, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивната подвижност е лесно воочлива. Преместувањето од нога на нога, потребата постојано нешто да држат или превртуваат во рацете, поглед што шара, сето тоа се нешта кои зборуваат дека тие и во најмирните ситуации се вистински деца на својот управител, немирниот Меркур.

    Рак
    Припадниците на овој знак многу тешко можат да изгубат контрола над самите себе со користење на говорот на телото. Но, сепак нивната воздржаност и претпазливост која се огледува во нивните очи, можеби покажува несвесна потреба за разбивање на нивната крута надворешност, која всушност е најчесто резултат на нивната несигурност. Сензуалноста кај раковите може да се почувствува според менувањето на тонот во зборувањето, малку поцврстото стискање на раката, долгите погледи и неконтролираното треперење, кое станува забележливо во нивните најинтимни моменти.

    Лав
    Лавот се истакнува со својата способност за себе да создаде слика на возвишеност, особеност и авторитет. Неговата суетност и префинета смисла за убавина, се огледуваат во вродената страст за педантна грижа околу секој детаљ од сопственото тело, на која потполно ѝ се предава. Убавината на машките претставници кои скоро имаат манија постојано да бидат во одлична форма, е пропорционална на сензуалноста и префинетоста на жените кои се родени во овој хороскопски знак.

    Девица
    Гестикулацијата и мимиките кај овој знак се сведени на минимум, но тоа малку што се гледа, доста зборува за нив. Колку и да се трудат, понекогаш не можат да ја скријат нервозата поради која тропаат со нозете или ја чепкаат косата, со што ја разбиваат извежбаната воздржаност и мирен поглед. Колку се поуспешни, емотивно постабилни и поздрави, толку движењата им се посигурни и смирени.

    Вага
    Женските ваги испраќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и машките ваги на особено својствен начин ќе дадат до знаење дека ја забележале секоја жена што поминала покрај нив. Привлекувањето внимание на спротивниот пол, е клучот за разбирањето на говорот на телото на вагите. Тие сакат да им оставаат добар впечаток на луѓето, да воспостават телесна комуникација и да ја испробаат својата заводливост. Мажите се потемпераментни и поотворени, а жените се кокетни и по малку дистанцирани.

    Скорпија
    Говорот на телото им е непосреден, но сепак по малку таинствен. Начинот на кој се движат и гестикулираат ја покажува нивната моментална состојба на духот, дури и тогаш кога сакаат тоа да го скријат. Во ситуации на напнатост, рацете им се прекрстени, усните стиснати, а погледот насочен во непознат правец. Ако за некого може да се каже дека со поглед може да убие некого, тогаш тоа е скорпијата.

    Стрелец
    Луѓето од овој знак можат да бидат особено убави, но понекогаш и однесувањето и изгледот можат да им бидат по малку агресивни. Имаат исправено држење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Многу од стрелците се вистински протагонисти на љубовта на прв поглед, токму поради нивната неодолива привлечност и скоро животинскиот инстинкт. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба за неговата близина, па дури и на јавно место.

    Јарец
    Движењата му се скоро војнички извежбани, но ако подолго го набљудувате, ќе забележите дека неговото однесување се менува во присуство на некој што му се допаѓа. Во такви ситуации концентрацијата му се намалува, па наместо да го следи разговорот, тој се почесто бара нешто да му се повтори. Сите случувања што се поврзани со неговата кариера, влијаат на промените на неговото држење, одење и количината на енергија која ќе ја вложи во работата.

    Водолија
    Како што се чувствуваат, така и се однесуваат, независно од тоа кој е покрај нив, но со текот на годините работите се менуваат. Сталожената ладнокрвност на повозрасните машки водолии, е резултат на нивната некогашна способност да ги изразуваат своите мисли и чувства со бурна и спонтана гестикулација. Жените водолии во зрелите години зрачат со благост и толеранција, како контраст на бунтот во младоста.

    Риби
    Нивната динамичност и отвореност во контактите со другите луѓе, е поврзана со нивната неспособност да останат мирни и статични, дури и тогаш кога имаат прилика за тоа. Несигурноста и потребата да најдат сродна душа, ги тера да комуницираат и со сосема непознати личности. Гестикулацијата никогаш не им е претерана, туку најчесто пријатна и симпатична. Кога се расположени гестикулираат живо, но кога не се, ги мрзи дури и погледот да го свртат.

    Преземено од Кафепауза
     
    MarchelineAmaru likes this.
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    3,753
    Likes Received:
    3,737
    За мене е точно. Тешко можам да скријам кога сум нервозна, или кога не ми е добро, колку и да се правам дека се е во ред, говорот на телото ме издава. :|
     
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2011
    Messages:
    1,392
    Likes Received:
    1,383
    Да, фала. :wasntme:
    Се е вистиното. :up:
     
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    2,886
    Likes Received:
    31,525
    Gender:
    Female
    Јарец
    Движењата му се скоро војнички извежбани, но ако подолго го набљудувате, ќе забележите дека неговото однесување се менува во присуство на некој што му се допаѓа. Во такви ситуации концентрацијата му се намалува, па наместо да го следи разговорот, тој се почесто бара нешто да му се повтори. Сите случувања што се поврзани со неговата кариера, влијаат на промените на неговото држење, одење и количината на енергија која ќе ја вложи во работата.

    Да, така е. Слаба сум во прикривање на одредени реакции :tmi:
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Јарец - Тоооочно :clap:
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,349
    Има некоја вистина :D
     
  7. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Joined:
    Sep 13, 2011
    Messages:
    1,072
    Likes Received:
    621
    :) Има нешто вистинито :)
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,307
    Gender:
    Female
    Рак
    Припадниците на овој знак многу тешко можат да изгубат контрола над самите себе со користење на говорот на телото. Но, сепак нивната воздржаност и претпазливост која се огледува во нивните очи, можеби покажува несвесна потреба за разбивање на нивната крута надворешност, која всушност е најчесто резултат на нивната несигурност. Сензуалноста кај раковите може да се почувствува според менувањето на тонот во зборувањето, малку поцврстото стискање на раката, долгите погледи и неконтролираното треперење, кое станува забележливо во нивните најинтимни моменти.


    Точно е... :lol:
     
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Joined:
    May 6, 2010
    Messages:
    817
    Likes Received:
    667
    Јарец сум и не се сложувам со ова, ма ајде ти се молам...

    Имам навика да пафтам со рацете додека зборам, т.е изигравам пантомимичар... посебно болно изгледа на испрашување кај класната.
     
  10. blosson

    blosson Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2011
    Messages:
    385
    Likes Received:
    263
    Gender:
    Female
    Овен се е точно :clap: :lol:
     
  11. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2012
    Messages:
    1,012
    Likes Received:
    687
    немам коментар,се е кажано :up:
     
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    814
    Likes Received:
    1,230
    Gender:
    Female
    Јарец
    Движењата му се скоро војнички извежбани, но ако подолго го набљудувате, ќе забележите дека неговото однесување се менува во присуство на некој што му се допаѓа. Во такви ситуации концентрацијата му се намалува, па наместо да го следи разговорот, тој се почесто бара нешто да му се повтори. Сите случувања што се поврзани со неговата кариера, влијаат на промените на неговото држење, одење и количината на енергија која ќе ја вложи во работата.

    -Точно е! :)
     
  13. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Joined:
    Jul 13, 2012
    Messages:
    526
    Likes Received:
    361
    Gender:
    Female
    Дап... баш така :D
     
  14. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Joined:
    Sep 4, 2012
    Messages:
    202
    Likes Received:
    244
    Вага-ТОЧНО :clap:
     
  15. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    919
    Likes Received:
    2,041
    Фалат некои работи но напишаното е точно :)
     
  16. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    462
    Likes Received:
    362
    Gender:
    Female
    Хммм... ништо не ми погоди! :D
     
  17. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2012
    Messages:
    1,524
    Likes Received:
    1,738
    Gender:
    Female
    Близнаци
    Според говорот на телото спаѓаат во најречитите знаци. Многу се зборлести, љубопитни, весели, забавни и темпераментни, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивната подвижност е лесно воочлива. Преместувањето од нога на нога, потребата постојано нешто да држат или превртуваат во рацете, поглед што шара, сето тоа се нешта кои зборуваат дека тие и во најмирните ситуации се вистински деца на својот управител, немирниот Меркур.

    Само болдираното е прилично точно,а другото баш не бидејќи јас сум мирно дете ;) , не сум темпераментна како што е тука опишано... :?:
     
  18. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,349
    Вага
    Женските ваги испраќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и машките ваги на особено својствен начин ќе дадат до знаење дека ја забележале секоја жена што поминала покрај нив. Привлекувањето внимание на спротивниот пол, е клучот за разбирањето на говорот на телото на вагите. Тие сакат да им оставаат добар впечаток на луѓето, да воспостават телесна комуникација и да ја испробаат својата заводливост. Мажите се потемпераментни и поотворени, а жените се кокетни и по малку дистанцирани.

    Сосема точно ,но не би рекла дека машките ваги се потемпераментни ,баш се попасивни од женските.
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Точно....
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,884
    Gender:
    Female
    лав
    има несто од тоа :lol: