Годините-Неговото Его

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од NellPam, 2 март 2011.

  1. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    Драги фемина девојки,

    Редовно ги читам вашите постови и еве решив и јас една да постирам. Значи вака, јас сум 20 години а тој е 28 години, единствениот човек до сега што неможам да го оттргнам од мислите. Тој не сака да бидеме заедно заради годините, мисли дека ваква врска со толку многу разлика во годините нема смисла. Дали мислите дека стварно годините играат важна улога во врската или пак мислите дека тоа може да ми го рекол само како оправдување? Инаку тој е првиот човек во кој што се имам заљубено и несакам да го изгубам.

    Би била благодарна на секоја од вас што ке го сподели мислењето со мене.
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.286
    Допаѓања:
    31.209
    Пол:
    Женски
    не не и не :) годините си немаат врска , па и не се многу 8 години барем според мене. Има врски и бракови во кои партнерите се разлика и по 11,12 години. Јас лично сум во врска со дечко со кој сме разлика 9 години и преубаво ми е :inlove: Ни, за момент не ја забележувам таа разлика , можеби затоа што имаме исти ставови и мислења за некои работи :) . Покрај тоа ти си веќе возрасна личност, не си адолесцент , и затоа не знам зашто се вади на годините :^). Ќе беше проблем можеби ако ти имаше 17,18 а он 28 ама вака не е, нешто друго е во прашање :!: Види си сама ти дали навистина се годините причина поради кои тој не сака да е со тебе ;)
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.825
    Пол:
    Женски
    Има многу врски кои опстанале со голема ралика во возраст. А 7,8 години баш и не ги гледам како проблем, уствари јас никогаш не би била со толку постар, ама познавам врски кои добро фунционираат и ја занемаруваат разликата. Се е до вашата волја.. Тебе ако не ти е сеедно, него изгледа тоа му пречи...
    или ептен во краен случај да му е изговор. Може сака позрели девојки, кои се блиску до неговите години, веќе разрешени со кариерата... а не со некоја која допрва ќе размислува. :^)
    Не ти го кажувам ова во негатива, не ме сфаќај така, ама не знам каков ви е односот, ниту пак него го познавам карактерно, ова општо ти го кажувам, од моја гледна точка.
     
  4. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Не би рекла дека е до годините... 8 години се голема разлика за некој шо има 15,16 години, али не и за 20... Можеби за некој се, али според мене, во овој случај немаат никаква врска... Изгледа дечкото нешо друго го мачи, поразговарај подетално со него... Можеби ќе дознаеш што точно...
     
  5. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    Девојки,

    Фала ви на постовите. Да тој е 28 а јас 20 и е нај комплицираниот тип што може да постои. Кога го прашав што е причината тој ми рече дека као демек требало да помине малку време за да виде како ке иде и дека тоа така не идело. ајде да се сложувам дека за да идеме во врска ни треба време и мене и нему. Инаку тој исто зборел со некој другари негови дека сум убава, паметна, атрактивна, амбициозна...али дека годините се пречка. тој е сингл и не е во мк...и тоа може да влијае. дека моментално не живееме заедно. многу го сакам и нон-стоп мислам на него, како што... година време веке не сум била со никој.... ТОЈ И ТОЈ... али како до него....? Им завидувам на некој женски што знаат како убаво да си се наместат, стварно.
     
  6. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    Бројче,

    исто ако сум 20 години и јас имам кариера и тоа многу добра. за мој години имам постигнато огромен успех. академски и професионален... работата е што многу ми е мистериозен и ништо не ми одкрива и не игра отворени карти како што јас играам... ме мачи луѓе, ме мачи многу.
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.825
    Пол:
    Женски
    Штом не игра со отворени карти, значи има нешто... Па затоа седни го и речи му да ти ги отворе, да разјасните некои работи за да нема лажни надежи. Или да сте заедно, или да си го средиш животот.
    Гуд лак. ;)
     
  8. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    Бројче,

    Фала ти. Сме збореле со него многу на оваа тема и искрено да ти кажам многу ми е тешко да одкријам што мисли за мене, иако вика дека сум супер девојка и дека имам све што ке му треба на еден маж, тогаш што чека? ? ? Во врска со оваа за годините јас озбилно мислам дека е bullshit. Како да речам што да кажам мајко... хахахахахахахаах ако се случи нешто ке ве известам.
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Машки
    Направи уште еден разговор со него и постави се со цел да дознаеш точно што е причината, конкретно. А тој, доколку упорно стои на тој став, мислам дека колку и да ти е тешко, ќе мораш да го „почитуваш“ тоа, пред се’ за твое добро, за да можеш да продолжиш понатаму и без него. Да, сфатив според тоа што пишуваш дека си навистина заљубена во него, но доколку уште сега е ваков проблематичен и мистериозен, замисли каков би бил во врска, доколку попушти и реши да се обидете. Не знам, мое мислење е дека едноставно тој дечко самиот се прави недостижен за тебе. :/
     
  10. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1

    Lady Nightwalker,
    Ептен има смисла оваа што го кажуваш. Да, тој се прави недостижен за било и која и да е...али има нешто кај него што го нема кај никој друг до сега што имам сретнато. Еднаш исто го зборевме овој муабет на фејсбук и тој ме праша дали јас се уште имам чуства према него?! Јас му одговорив 'не немам повеке никакви чуства према тебе, иако не сакаше да ме повредиш, јас сум повредена' тој беше убеден дека го лажам, ме знае, ме чита како книга... сакам пак да почнам да зборам со него на оваа тема, али страв ми е, несакам да мисли дека сум девојка што ке моли за неговата љубов. незнам како да играм со него. Еве, оваа лето аплицирам за на работа во државата каде што тој живее.... зашто? за да бидам блиско до него. . . .
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Машки
    1. Прво и најважно, машко сум, али фала што ги потенцира и моите феминистички страни. :lol:
    2. И многу други имаат нешто уникатно во нив, но би се обложил дека ти не сакаш, ниту си даваш шанса да го откриеш тоа, водејќи се по ставот дека е или овој дечко, или НИКОЈ!
    3. Ниту те чита, ниту гледа на гравчиња... Ова е само уште еден доказ дека дечкото е пресамоуверен во себе и го користи тоа за на некој начин да „манипулира“ со твоите емоции и постапки.
    4. Абе тебе нека ти тргне работата и за себе дај Боже да поставиш цврста и солидна основа, не гледај да го ставаш него на исто рамниште со работата, доста ти влијае во други сфери од животот. :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    Masko si? Leleee, jas se izvinuvam stvarno.... hahaha izvini mnoguuu... Sir Nightwalker ;) Kako mojot tip pokompliciran nema da se najde ;) mislis deka ako mu pisam prva ke e v red?
    [mod-kirilica:15syvr4z][/mod-kirilica:15syvr4z]
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Машки
    Мислам дека нема ништо страшно во тоа прва да му пишеш, но после се’ што ни објасни, еднакво мислам и дека нема ама баш ништо ново да извлечеш од тоа ако пак му пишеш... Најискрено, јас на твое место би оставил работите да оладат, колку и да е тешко. Занимавај се, дружи се, имај активности, пополнувај го слободното време... Доколку почувствува некој период дека сепак му недостасуваш и не му е исто без тебе, сигурен сум дека ќе те бара со изменет став околу вашата евентуална заедничка иднина.
    Зашто каква што е ситуацијата во моментот, мислам само дека му го храниш егото со твојата упорност и инсистирање за вас двајца.
     
  14. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    како и да е , во право си. знам ... сум размислувала, размислувала... немаш представа колку... а за тоа да не мислам на него незнам,,, не ми успева и покрај тоа што студирам и работам во исто време. зафатена сум 24-7 али за него секогаш имам време во мислите. само јас самата си знам колку многу сакам да му изнакажам некој работи... би било многу болно за мене ако некојден дознаам дека има друга... мислам дека не би можела да се помирам. . . . најтвалкер, игнор е најдобрата солуција нели? it works for the males, doesnt it?
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Машки
    Види, ако си зафатена 24/7, никој не рече дека нема да имаш за него време и место во мислите... :) Само ете, нема да ти бидат тие на прво место, полека ќе се потиснуваат од другите приоритети кои ќе ти важат во тој момент/период... А инаку, си слушнала за ignorance is bliss, нели? Ете така... :)
     
  16. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    Ок .... и пак сум на истото мото : I am strong enough to handle it: до кога Бог знае :) Благодарам најтвалкер, i like ure talks. ;)
     
  17. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    283
    ke mi objasni li nekoj kako da gi razberam mazite.mojot problem pred dva meseca se zapoznavme toj nastojuvase bese premnogu mil i taka privle4en stvarno uspeav da se zatreskam.pomina vreme toj zafaten so problemi baska i stanot go sreduva raboti pred izvesno vreme raskinal so devojka mu so koja odele dolgo bla bla.mi dade do znaenje deka mu treba vreme i naednas pocna nekako da me ignorira.problemot e vo toa sto jas i pokraj se prodolziv so lepo ponasanje reakcija sto toj najmalku ja ocekuvase od devojka kako mene go gledam zbunet no sepak nekako nemozam da go razberam sto e problemot eve nesakam da se precenuvam tuka i da se pravam nesto da ne me svatite pogresno no jas sum navistina so dobra struka pametna zgodna i ubava devojka so karakter jas sum sigurna deka on dosega vakva nema sretnato kamoli da bide so nea pa i vo sporedba so negovata bivsa nema komentari tuka.se pravi laden no odvreme navreme doaga tuka kaj so rabotam no celosno kako da se plasi od mojot pogled kamoli da mi prozbori a zosto doaga znam deka nema obvrski tuka.stoo da mislam?kako da go pridobijam a da ne ispadnam o4ajna nemozam da razberam sto li mu se vrti vo taa glava
    [mod-kirilica:1bet1x9h][/mod-kirilica:1bet1x9h]
     
  18. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    Да, али можеше за оваа да отвориш нова тема наместо овде да пишуваш. нема врска мене не ми смета, али и јас неможам да ги разберам. истото се случува и со мене. јас се обложувам дека тој нема имано девојка како што сум јас. нема ни да има, фала богу јас уште немам ништо правено со него. а за твојата ситуација е .... прашај го зашто прави вака? што му е планот? зашо се понаша како мало дете? блаблабла... зал ми е стварно има многу вакви девојки добри што имат вакви проблеми, и јас сум дел од овие девојки ама за жал i cant help it.
     
  19. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.515
    Јас сум малолетна а со мојот дечко сме 8 години разлика...Знаеш во твојот случај не би требало да е некој голем проблем.Незнам ми излгеда како да сака да се ослободи од тебе.Посакувам да не е така, од ова што го имам поминато со дечкото (година и 8 месеци) можам да кажам дека е навистина лошо кај мене.Почна да ме контролира,размислува за сериозни работи (за брак) боже чувај...
    Се ќе се реши со разговор... колку да пишуваме ние е од онака од наши добри и лоши искуства,не мора да значи дека и кај тебе ќе е така.ти држам среќа се да се реши :*
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Мое мислење...во суштина се плашат.Кај тебе од разликата на годините, како ќе се прилагодите..дали ти ќе бидеш за посериозни чекори итн.Кај другата тој се плаши од повторно одбивање, доживеал неуспех со претходната, а пак сега како што кажуваш дека си премија уште по исплашен е затоа што не знае дали ќе успее да те добие и зачува...Тоа е тоа, мажите се многу големи коркачи.