1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годишниот одмор на просечната македонска жена

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Gosh, 1 мај 2017.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    40.276
    Се ближат годишните одмори...

    Период во кој сиромашната македонска жена ќе оди на блиска дестинација со мажот и децата, па за да поминат поевтино, оти зимаат по 200 евра плата со мажот, ќе станува прва сабајле да направи доручек, ќе се враќа прва од плажа за да нарави ручек, а за да има време навечер да ги испере гаќите и чорапите на раце, ќе и се сожалат, па ќе вечераат гиро, додека се шетаат...Ако има среќа, секако.(fingers)

    Јас сепак не би идела на ваков ,, одмор ,, , ФМП.
     
    На ivi1987, LollySky, Salome и 16 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.166
    Допаѓања:
    56.595
    Пол:
    Женски
    А на каков одмор препорачуваш да оди сиромашната македонска жена? На никаков?
     
    На Slavicak, Brojka, Bloom19 и 35 други им се допаѓа ова.
  3. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    LivingGlam јас на пример поентата и ја разбирам како “ако немаш да си приуштиш колку толку убав одмор, тогаш приушти си толку колку што можеш.“ Не мора кај се нема пари кај у Грчка ке идам зашто ми е срам да појдам до Дојран/Охрид/Преспа. Јас така го разбирам тоа што го кажа и се согласувам.
     
    На LollySky, Antebellum, Black girl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.166
    Допаѓања:
    56.595
    Пол:
    Женски
    И во Охрид да дојде, пак нема да руча по ресторани сиромашната македонска жена. Ќе зготви нешто за семејството и ќе им ги запере чорапите. Всушност, вие богатите не заперувате нешто кога одите на одмор? Баш ме интересира - во ќеса ги собирате валканите работи? Или ги фрлате и купувате нови чорапи и гаќи таму?

    И не оди во "Грчка" зашто и’ е срам од Дојран, туку зашто може да си помине ефтино и да види море.

    Бог да чува значи, кој каде требало да оди и како да поминува.
     
    Последна измена: 1 мај 2017
    На warrior, Slavicak, SV1911 и 56 други им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    40.276
    Во овие случаи, сите одмараат, само жената си тера исто ко и дома, само може ќе се брцне у водата, додека ги прибира децата.Така да не иде на одмор, како и да го свртиш
    Па може и маж и да фати нешто да и помогне, не е фатен у рацете.

    Попрво ќе одам два дена да одморам ко човек у Струга, одколку да бидам слугинка на 2 недели, али на некое поскапо место. Али секој со своето.

    И плус не кажав кој каде да иде на одмор, туку само кажав што прави жената на тој ,, одмор ,.Ако ти смета то ашто сум го пишала, што да правам. Вистината е таа.
     
    Последна измена: 1 мај 2017
    На LollySky, Salome, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Може децата сака да ги однесе на море, а не на езеро. Сепак за деца не е исто нели?
    Како и да е, баш ви посакувам да не се претворите во ''кутри сиромашни'' македонски жени кои ќе дробат салити, ќе го перат и ќе му слугуваат на семејството.
    Секој со своето точно, ама кога ќе дојде време за тоа
     
    На JuLleE, krEM4Eto, YoungandBeautiful и 27 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.166
    Допаѓања:
    56.595
    Пол:
    Женски
    Вистината, всушност, е што некои луѓе никогаш не можат да ја разберат жртвата на сиромашни родители. Пошто баш површно гледаат на нештата и осеќаат потреба да го коментираат нејзиниот "одмор".

    Секој со своето, баш така.
     
    На JuLleE, snegulkata, YoungandBeautiful и 21 други им се допаѓа ова.
  8. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Peppermint абе си ги сфаќате работите како вам што ви одговоара.
    Значи мајка ми не ме сакала доволно што само два пати ме однела на море а останатите лета сум идела у Дојран и Охрид, така?
    Колку имам можност толку и за нив, немам намера да зимам кредити да ги носам на море а за ручек да јадеме паштета и патлиџани а само да сме на море. Демек сите вие со златни лажички ранети па секое лето на море, секоја зима на планина. |(

    Сакам да имам финансии и убав одмор да истерам со фамилијата а не да се стискам за секое едно евро и детето секој ден да ме прашува(читај моли) за да му купам сладолед. Не, туку сакам секој ден ако сака да јаде сладолед, да шетаме, да јадеме гиро, да јадеме и не знам какви специјалитети. А ако немам пари ке се задоволат и со Дојран а ако немаме ништо ке се задоволиме и со дома седење.
    Ама нема да си ги ширам нозете повеќе одошто ми е чергата.
    Тоа сакам да кажам, вие продужите да вадите од контекст работи и да испревртувате муабети.
     
    На rustiko, LollySky, Troi и 6 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.166
    Допаѓања:
    56.595
    Пол:
    Женски
    Зборувај ми за испревртување муабети. :D
     
    На YoungandBeautiful, eloves, Antebellum и 9 други им се допаѓа ова.
  10. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Значи поентата е -секој да си тера одмор како што си може и како што си сака.
    Нит ме интересира која колку пати влегла во вода и дали зела кредит на одмор. Јас за себе си знам како ми е најдобро.
    Некој друг тука почна да анализира туѓи одмори.
    Иначе @Amethyst поентата е пред се дека морето е поблагопријатно за здравјето на децата, па мајката понекогаш се одлучува за сметка на својот комфор да овозможи поквалитетен одмор за децата.
     
    На SV1911, JuLleE, Barbie20 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    7.309
    Sto e tolku sramno da si siromashna makedonska zena na balkanski maz?
    Vistinata e taa, i ke zaperes i ke napravis jadenje i ke gi opsluzis site i izmegju ke se izbanjas.
    Makedonskata zena e posvetena na semejstvoto , toa go nosi vo svojot program vo glavata.Toa gledala toa pravi najdobro sto moze. Dali nekoj priznava ili ne, negova rabota. Pokornost i pozrtvuvanost do iscrpuvanje.
    No ne se dozivuvam kako zrtva , pravam se za semejstvoto.
     
    На YoungandBeautiful, Victorian, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.961
    Ne ti drzi voda muabetot,ama ic.
     
    На YoungandBeautiful, Rubiii, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    256.503
    Пол:
    Женски
    Се принцези...Доручек ќе спреми ваууу, за перење маж ми пере обично купаќи кога се враќаме од плажа. Сум го воспитала фино :)
    Мене не ми пречи ништо од горенаведеното мачење, баш напротив тогаш заедно готвиме и сме баш брзи. Не би се лишила од одмор само дека не можам да одам во скап хотел.
     
    На warrior, SV1911, JuLleE и 31 други им се допаѓа ова.
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.961
    Pa ako prioritet e da se falis deka si bil vo hotel so ?☆.... i da se slikas vo sekoj del od hotelot so ,,reprezentativna"-kobajagi slucajna pozadina....togas nekomu i 3 dena mu se dovolni.
    A ako prioritet ti e moreto,solta ,morskiot vozduh i se ona sto blagoprijatno vlijae na zdravjeto na decata,togas nema da ti e problem da podgotvis pojadok,rucek,vecera,da zaperes nekoja maicka ili so dzogerot da ja pomines sobata.
    I ,aman veke so toa perenje gaki na raka!!!!.Koj e so 2 para gaki na gazot,pa mora da gi zaperuva na raka ?
     
    На YoungandBeautiful, kikin, BabyStyle и 15 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    Не ми пречи готвењето на одмор.
    Па и не готвам којзнае што..набрзина,однога.
    Заедно спремаме се.
    ..и ..заедно одиме на плажа и заедно доаѓаме..

    Летно време несакам 'рамки' во текот на одморот да имам со тајминзи за доручеци, ручеци...сакам кога ќе ни текне да јадеме и каде ќе ни текне да седнеме.
    Па и далеку поефтино ни излегува.
    Не ми е срам оти готвам.
    И штипки си носам..за купаќите да ги пружам навечер после прање.

    А имаме примања далеку поголеми од мак просекот.

    Значи,не е до парите,туку кој во што ужива.
     
    На warrior, SV1911, Brojka и 34 други им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.961
    Daleku sme i nie so primanjata...
    I jas nosam stipki i plus tendzerce i komplet cinii....
    Da se cuvstvuvame kako doma hahaha.
    Tuka se i kujnskite salfeti,carsafot za masa.
    Bevme nekolku godini vo hotel.
    Stanuvas sabajle na alarm da ne go ispustis pojadokot,rucek i vecera isto.
    Decata se skapaa jadejki samo salati...ne im se dopadjaa ni rucecite nitu vecerite i pak mm trcase da im kupi giro.
    I sto ako sum vo hotel?Sto ako mi menuvaa carsavi sekoj vtor den i peskiri sekoj den?
     
    На JuLleE, rustiko, MilaP и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    10.080
    Мислам дека сме станати премногу големи снобови за една релативно сиромашна нација.

    Едни критикуваат „патлиџан одмор“, други се подсмеваат на некој што подига кредит за да оди негде да прошета, да купи нешто. А чарето што е, кога многу голем дел од народот едвај го поминува месецот?
    Никој на никого не му го знае ниту домашниот есап, ниту проблемите на грб.

    Некој оди на одмор како крал, ама после пати со месеци и се стиска за се нешто. Некој готви пинџури и мачка сендвичи од дома, ама цел месец е на море и ужива. Некој има пари да летува каде сака, ама најубаво се чувствува во камп каде што постојано има и народ и дружба и седенки. Некој едноставно сака да си јаде домашно. Некој пак си е доволно богат да не го боли за ништо и да си летува како ќе си посака. Ама процентот на тие е неспоредливо понизок од било која друга категорија.

    Сигурна сум дека било која од овие опции е многу подобра, од одење на работа 10 дена, пекол на сабајле, пекол на ручек, нервози од секаков тип, редовни обврски од готвење, до чистење, до пазарење.

    Тој што готви за сите на одмор, готви и дома за сите. Тие што си имаат поделени обврски дома и на одмор ги делат. Само што на одмор веувам не бришат прашина секој ден и не усисааат, туку готват по нешто полесно на брзинка, а поголем дел од денот имаат мозок на пасење и одишка од секојдневието.

    На крајот на денот, секој си мери на кантар што му одговара на него и на најблиските.
     
    На Aurelija, Brojka, JuLleE и 45 други им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.166
    Допаѓања:
    56.595
    Пол:
    Женски
    Имам впечаток дека се изврти темата, ко што и обично се случува кога се отвара нова тема по пост од СДК.

    Првичниот пост јасно беше наменет за сиромаштијата. Ако зборуваме за луѓе што земаат кредити или одат на 2-3 одмори без да видат ништо од што се стегаат, зашто има и такви, друг е муабетот. Тогаш веќе може да речеме бреееј што не одат некој ден помалку ама да уживаат? Уствари, и тогаш не можеме да речеме ништо, нивна работа си е. :D Сигурно и кај нив првата мисла е за доброто на децата.

    Aма кога веќе се зборува за сиромашни луѓе што едвај заштедиле 200-300 евра и еднаш во живот отишле на море, муабетот дека требало да си пуштат нозете колку што им е чергичето е многу, многу злобен.
    И бидете реални - истите пари им требаат за Охрид. Еден хамбургер овде е 100 денари (за семејство со 2 деца 400, + сокчиња доаѓа минимум 700). Еднаш дали ќе си го дозволат во текот на одморот ако правиме муабет за стварно ограничен буџет. Ќе пазарат во маркет и ќе се жалат зошто се’ овде е поскапо.

    Жената ќе се одмори, да не ја сожалувате. Со ќеиф ќе направи салата и макарони, со ќеиф ќе запере на рака зашто ќе си го гледа семејството тие неколку денови - среќно.
     
    На Aurelija, SV1911, Brojka и 36 други им се допаѓа ова.
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    10.080
    @LivingGlam конкретните примери со кредитите ги спомнав само затоа што многупати имам прочитано и постови кога се оди во такви крајности. Генералниот заклучок е дека никогаш не можеш да се погодиш.

    Мој личен став може да е било што од наведеното, може да е лудо да земам кредит за одмор или слично, ама плеткање во туѓи еаспи и сожалување е друго.
     
    На blueeparadise, Lejla8 и LivingGlam им се допаѓа ова.