Годишни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Hristina-t, 19 мај 2014.

  1. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Имам мал проблем за една недела правам годишен тест по математика,незнам дали да вежбам сега иули в четврток ќе има подготовка па по неа да се раководам истотака не знам кој метод на учење да го применам.Ако некој истотака правел годишен математика нека кажа како учел затоашто се чувствувам изгубено помеѓу материјалот и малку време што остана. :|
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    8.636
    Штом е годишен тест,значи до сега имаш правено поголем број помали контролни тестови за тој истиот материјал и отприлика знаеш што задачи имало на нив,сега ќе бидат слични типови на задачи,евентуално едно ниво полесни затоа што е тест на поголем материјал.

    Мој совет ти е да почнеш веднаш со повторување. Читај од книгата и применувај го прочитаното во задачите. Гледај да решиш поголем број задачи од збирката. Не еден ист тип по сто пати како што правеа пола моја генерација,па учеа математика на памет и имаа слаби резултати,туку помини ги сите типови на задачи што ви се зададени.

    Математика не се учи за една недела,особено ако цела година книга немаш фатено и во тој случај најдобро е да побараш помош од некој на кој му оди,во најдобар случај приватен професор и турбо да имаш часови неделава.Ама пак ,знаење од цела година за една недела не се стекнува.Особено ако цел ти е 5ка.
     
  3. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    390
    Ние правевме годишен тест по Англиски, а требаше и по Македонски, но директорката забрани. Наставничката кажуваше дека не смеело да се прават вакви тестови повеќе, не знам зошто и нема ни да имаме. Затоа полугодишен ќе имало, но, можеби кај нас е забрането поради други причини. Је знам...
    А за учење.. Ќе си ги одговориш прашањата од екстерно, сигурно тие ќе ви ги даде.
     
  4. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Порано немавме толку годишни тестови, а поради екстерново ги струпаа.Ние секоја година правиме англиски годишен тест, а по друг предмет не памтам дали имаме правено, ама мислам не. :?:
     
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Ние до сега немамаве правено годишен,сега по историја ни даде.Од 15 прашања 10 беа последната тема,за таа што ни најави тест.Другите беа од целата година најважните работи.. :!: И тоа без да знајме..Ни рече наставно со 5 прашања и оп излезе годишен.И тоа на прв час :D :?:И да тој ден беше денот кога сите чупиња од класот бевме заедно на голем одмор.И го критикувавме наставникот :rofl: :rofl: