Големина на фоликули

Дискусија во 'Бременост' започната од SLATKA23, 3 октомври 2012.

  1. SLATKA23

    SLATKA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Девојки,
    Вчера бев на гинеколог и почнавме со испитувања, која е причината што не можама да останам бремена 2 год.
    Ми кажа дека големината на фолкулите ми е 10мм а требало барем 15мм за 10 ден од циклус.
    Дали ова би можело да биде некој фактор, дали некоја од вас имала ваков случај. Утре пак одам на гинеколог да видиме дали ке пораснат фолкулите.

    позззз
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    големина на фоликули

    Почекај и види на наредниот преглед, кај некои покасно настанува овулацијата и пукањето на фоликулите. Знам една другарка примаше и терапија само поради грешка на лекарот, а кај неа овулацијата настанува покасно, но тој ја гледал само на конкретната дата.
    Не мора да значи дека кај сите е ист овој циклус.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.620
    големина на фоликули

    Се согласувам со Mаyyya, остави го докторот што збори сега, почекај барем цел еден период од циклус до циклус да поминете со следење, па дури ТОГАШ ќе знаеш кога ти е точно овулацијата :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.024
    големина на фоликули

    Токму така, може да се случи задоцнета овулација , ништо страшно. А доколку не растат даваат терапија, најчесто кломифен па си растат и си пукаат како што треба.
     
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.444
    Јас пред 1 час се вратив од фоликулометрија. Денес ми е 12 ден од циклус имам 4-5 фоликули но само 2 ми се по 12мм :( а ендометриум 4.3мм Пиев Кломифен од 3 до 7 ден. Многу се натажив кога слушнав за големината и на фол. и за ендометр. :sweat: Овој месец нема да примам Прегнил ќе оставиме сами да пукнат фоликулите.
     
    На ilence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. medolincee

    medolincee Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    и јас пиев кломифен веке ова ми е втор циклус во првиот имав 3 фолекули 23,24,25 големина. золти тела се како со треба ама нисто не бидна .сега во овој циклус имам овулација ги имам сите симптоми спремна сум за оплодуванје хааа , ама со ке биде незнам .овој пат не бев на гинек.зосто тој не ме прими ми реце ..ти мила морас да си го средис главцето па потоа ке цувас бебе ...еве сега работиме на слуцајот па ке видиме .......................................
     
  7. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    85
    Еве јас да ви казам,кога ми ги следеше мојот гинеколог фоликулите и кога ми стигна една до 20-21 мм ми рече ти настапуваат плодни денови,со тоа што ми рече ке дојдеш пак за 4 денада видиме да не не пукнала фоликулата и да не прераснала во циста ,кога отидов имаше што да видам се претворила во циста,и јас се изнервирав,а он рече но има искључок мозе сепак да излегла јаце клетката од фоликулата и да настанала овулација ,ке видиме каков ке биде исходот,а јас денес правев тест и исходот беше две црткииии,само дај боже се да е во ред,знаци треба само следење на фоликулите и точно да знаеме кога е овулацијата, многу надеж и никако разочарување,поздрав
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.444
    Може да ми по објасниш како може од цистата да излезе јајце клетката, мислам ако ти објаснил докторот. Колку фоликули имаше овој циклус? Да не си имала повеќе фоликули па тие да прснале, а другите циста да се направиле. Баш многу ме интересира ова. Имај си лесна бременост и само позитивно напред и се ќе биде во ред. ПОЗДРАВВ
     
  9. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    85
    Не од циста да излезе јајце клетка ,туку јајцеклетката е покриена со золто тело,па таа се наоѓа во фоликулата,како заштита,штознам како да ти казам,е сега кога ке достигне фоликулата 20-21 мм излегува од фоликулата јајце клетката со тоа што золтото тело истекува а јајце клетката треба да се оплоди,а ако не за најкасно 24 часа се сместува во ендометриумот ,е сега ти ме праша мене,јас имам полицистични јајници-а полицистични јајници ги викаат кога на двата јајници ке имаш над 15-16 фоликули,значи се што е до 15 фоликули заедно на двата се нормални ,а јас имав по 10-11 на на едниот =на 22 фоликули на двата јајници,и на почетокот ми растеа три фоликули едната ми беше понапредна да речеме 12.6 а другите 9.8 и 10.2ете ти давам вредности од ракав ,на секој два дена одев на следење и едната стандард си растеше додека не стигна до 19.8мм и гинекологот ми реце денес утре и задутре ти се најплодни денови,ама ми реце ке дојдеш по 4 дена да видиме што биднало,дали пукнала фоликулата или прераснала во циста,е сега знам дека фоликулите мозе и да не достигнат потребната големина,мозе да не излезе јајце клетката од фоликулата да застари и сама да пукне ама ако застари(да прерасне во циста ке си стои така ке расне и со добивање ке пукне) .И јас кога отидов гинекологот ми рече нели и јас си гледам на ехото,не пукнала,и јас се изнервирав и он рече вака во многу ретки случаи кога ке излезе јајце клетката од фоликулата та не пука ,и ете јас пак тој случај,со тоа што кога таа фоликула ми достигна толкава големина нели другите две веке ги немаше туку други ситнички,е сега дали бев јасна ;) :hai:

    И зошто се изнервира кога мозеби ке ти пораснат понатака како на мене јас имам задоцнета овулација ,и тоа на 21 -от ден треба да ги следиш секој втор или трет ден,поздрав
     
  10. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    devojki aj ve molam ic ne mi e jasno ova so folikulite prvo vo drzavna me isplasija so hormonite nesto pokaceni bile, nekni bev vo sistina kaj palcevski i se ok mi objasni se ubavo ama za folikulite ne razbrav bas vaka mi pisuva na toj listot od doktorot endometrium 8 mm desen jajnik folikuli 16 mm lev jajnik so mnostvo folikuli do 5 mm 18 den od ciklus bidejki desniot jajnik mi e policisticen ima nekoja vrska i so znaci seto ova cel mesec sum po bolnici i mnogu se plasam fala vi odnapred pozdrav
     
  11. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    85
    Што е овулација

    Овулацијата е процес во кој зрелата јајце клетка се ослободува од јајникот и е спремна за оплодување. Овулацијата всушност е време од менструалниот циклус кога жената е плодна. Овулацијата се случува само еднаш во месецот, односно еднаш во текот на еден месечен циклус на жената.

    Секој месец почнуваат да зреат повеќе фоликули, во кои се наоѓа по една јајце клетка. Еден од тие фоликули станува водечки, додека другите престануваат да растат и се ресорбираат. Кога ќе достигне одредена големина и зрелост, од водечкиот фоликул се ослободува јајце клетката и тоа всушност е моментот на овулацијата. Потоа јајце клетката патува низ јајцеводите кон матката, а оплодувањето со сперматозоидот се случува во јајцеводите.
    http://tvoebebe.com/ZACNUVANJE/ovulacija.php


    Моментот на овулација, фатен на камера при лапароскопска операција



    Некои факти за овулацијата:
    •Јајце клетката е способна за оплодување само 12-24 часа по овулацијата.
    •Секој месец вообичаено созрева само по една јајце клетка. Понекогаш се случува да созреат 2 или повеќе и во таков случај може да дојде до повеќекратна бременост.
    •Секоја жена се раѓа со милиони јајце клетки, кои чекаат да созреат за време на репродуктивниот период на жената.
    •Стресот може да има негативно влијане врз овулацијата.
    •Понекогаш овулацијата може да изостане дури и ако менструалниот циклус е уреден.
    •Обично секоја жена има по 1-2 ановулаторни (без овулација) циклуси годишно.
    •Некои жени овулацијата ја чувствуваат како блага болка во едниот јајник.
    •Понекогаш за време на овулацијата може да се јави благо крварење.
    •Ако јајце клетката не се оплоди, таа се ресорбира во матката.
    •Ако се оплоди јајце клетката, имплантацијата (внездувањето) во матката се случува најчесто после 6-10 дена.
    •Оплодената јајце клетка патува низ јајцеводите 2-4 дена и потоа уште 3-4 дена (во просек), бара погодно место во матката за да се вгнезди.


    Како се случува овулацијата

    Месечниот циклус на жената се рачуна од првиот ден на нејзината менструација, па се до првиот ден на наредната менструација. Просечнната должината на траење на циклусот е 28-32 дена, но некои жени можат да имаат пократок или подолг циклус. Овулацијата кај повеќето жени се случува од 12-21 ден од циклусот, но тоа не е правило. Кај некои жени може да се случи и порано или покасно, зависно од дожината на нивниот циклус. Исто така треба да се напомне дека овулацијата не мора да се случува во истиот ден секој месечен циклус. Сепак она што е најконстантно е дека најчесто до овулација доаѓа околу 2 недели пред добивањето на следната менструација
     
  12. women000

    women000 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите!
    Со мажот ми се обидуваме да останам бремена ама тежко ни оди...Имам полицистични јајници и покачен пролактин и пијам апчиња Dostinex за пролактинот...
    Пиев кломифен апчиња и предходниот месец и овој...Одам постојано на следење фоликули и кога бев пред една недела фоликулот ми беше 3cm и не беше пукнат сеуште па примив инекција Pregnil...Потоа повторно бев сеуште не беше путнат и сеуште растеше, па докторот ми рече да му дадеме уште некој ден време па да видиме што ке се случи..Вчера бев повторно не беше сеуште пукнат беше 4cm..Понеделник треба повторно да одам да видиме што ке биде...
    Сега сум многу исплашена и разоцарана..
    Дали знае некој зошто сеуште не е пукнат??Дали некоја од вас го има поминато ова и дали ке може да ми каже како го поминала??
    Колку е max големина што може да ја достигне се додека не пукне??
    Ве молам за одговор..Поздрав до сите..
     
  13. мкд98

    мкд98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Што е разликата помегу циста и фоликул?
    Дали е страшно ако имаш 8 фоликули на десниот јајник и 4 на левиот?
     
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    Циста е фоликул што не пука, или расте премалку или премногу но и во двата случаи не пука во овулација. Ако е многу пораснат може да предизвика доцнење на мензисот и болка кога ќе пукне, ако е мал тогаш се апсорбира во организмот.
    Секој месец во јаниците растат повеќе фоликули, ама само неколку растат доволно и најчесто само еден се оплодува. Бројот на фоликули не е толку важен, важно е еден да порасне доволно( идеално е околу 22-24 мм на природен циклус) и да пукне во овулација односно отприлика две недели од циклус кога ендометриумот е најдебел, за да се оплоди и да има каде да се вгнезди.
     
    На Lolipop23, danichap и мкд98 им се допаѓа ова.
  15. мкд98

    мкд98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    @irenna
    Ви благодарам за информациите!
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.