1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Господар на играта(Сидни Шелдон)

Дискусија во 'Книги' започната од SpoiledBaby, 28 март 2013.

  1. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    [​IMG]
    Сидни Шелдон-мајсторот на неочекуваното не' носи на едно патување започнувајќи во далечната 1883 од кадешто понатаму се развива дејството до 1982.Романот е чиста класика на Шелдон,но недостасува неговиот препознатлив пресврт на крајот.
    Дејството на романот ни е предадено преку стожерот на романот,Кејт Блеквел,која во текот на прославата на нејзиниот 90ти роденден се присеќава на својот изминат живот.Таа е олицетворение на успехот од една страна,но и "господар" кој сака да владее и да ги контролира животите на најблиските од друга страна.Таа е вистински борец исто како и нејзиниот татко Џејми Мекгрегор,човекот кој ја победил смртта и се збогатил тргувајќи дијаманти.Своето богатсво го претворил во најпозната империја Кругер-Брент и зазема посебно место во друштвото на богатите.Во романот се преплетуваат животите и судбините на Кејтовите наследници,меѓу кои и нејзиниот син Ентони со кој таа постојано манипулира и подоцна го испраќа во санаториум,како и неговите две ќерки близначки од кои Александра е олицетворение на убавината,добрината и љубезноста и Ив која е исто така убавица но и убиец,која можела да го има целиот свет,ако ја немала злобата во себе.
    Книгата има втор дел-Господарка на играта(Сидни Шелдон & Тили Багшо) којшто предолжува со дејството кадешто завршува првата книга од 1982 до 2009 мислам.
    За да не отварам посебна тема,кој ќе го прочита првиот дел,веднаш ќе посака да го прочита и вториот.
    И двете книги се неверојатни драми како што не сум прочитала до сега.ПРЕПОРАЧУВАМ.