Дали чувствувате обврска да ги поканите на свадба оние кај кои сте биле на свадба иако после тоа дошло до промена ,односно изладување на односите едни со други, не постоење на блискост било со роднини, било со пријатели? Колку ќе биде невкусно ако некого едноставно не сакаш да го поканиш на свадба поради некои свои лични причини?
Роднини правеле свадби па не ме поканиле,на мојата беа,секако моите родители ѓи имаа покането.Помладите ,те.наредните генерации не сме блиски воопшто,па не им се налутив што не бев поканета.Не гледам зошто да биде невкусно,кога години не сме се виделе,ниту пак имаме контакт,едноставно не сме блиски и не гледам потреба да се сетат да ме поканат,ниту пак се лутам,нит кусур фаќам.
Роднини кај што сме оделе на свадби ние не ги поканивме кај нас. Бидејки сметам дека беше непотребно луѓе кој едвај ме познаа пред некое време да викам на свадба. После некое време они правеа свадба и нене викнаа што е ок. Другарка од многу блиска стана далечна и мислев да не ја викам ама се предомислив и многу ќе згрешев ако не ја викнев бидејки многу не испочитува. Сега неа ќе ја мажиме
Ич,ама баш ич не би ми било незгодно.Дур студирав многу од генерацијата од средно се омажија и ме канеа нормално,уште ни беа тазе тие дружби,но со тек на време се оддалечивме и отуѓивме до степен на само здраво,па оттаму ми немаше и логика да ги канам кај мене.
Не осетив таква обврска. Сме биле блиски ме канеле, не сум ги канела оти сме се раздалечиле. Не е невкусно. Сигурно и на другата страна не и кој знае колку мерак да отиде кај некој со кој е на едно ,,здраво,,
За свадба би ги викнала тие кои што јас мислам дека треба,без разлика дали ме поканиле или не. Не сакам да викам некои со кои се гледам еднаш во 3 или повеќе години. Него врв ми се оние љубопитните што не се канети а ќе се соберат пред порта да коментираат кој каков е и да фаќаат сеир
На свадба одам само кај блиски, само блиски и викнавме, секој што ми беше на свадба ми беше драга и блиска личност.
За мојата и на брат ми свадбата беа поканети само најблиските и мислам дека доволно беше ,а не кани кој ќе стигнеш и со некој што си рекол само едно здраво во животот ... Убав ви ден !!!
Имам роднини кај кои сум била на свадба, ама не ги канев за мојата (и сестра ми го направи истото) затоа што не комуницирам со нив. Не сум скарана, ама со тек на време комуникацијата прекина. Не сакам канење роднини ради реда.
Не е должност да ги каниш ако тие тебе те поканиле. Јас радо би си поканила повеќе пријатели со кои комуницирам почесто отколку роднини што ги гледам само од свадба на свадба.
Ни јас не чувствував ниту чувствувам обврска дека треба да канам бидејќи ме канеле. Тоа старите најчесто се туфкаат, така им останало од времето, цела поширока фамилија да се кани. Мислам се менуваат времињата и одамна не ме поканиле на свадба каде не ги знам луѓето. Ме канеа на дедо ми некои роднини кои буквално НИКОГАШ не сум ги видела и не отидов. Дедо ми ептен се напна да сме оделе, таман ќе сме се запознаеле.
Ми се случувало да ме поканат на свадба подалечни личности кај кои најискрено сум отишла ради-реда колку ете да ги испочитувам што ме повикале. Тоа не значи дека и јас чуствувам обврска нив да ги поканам кога јас ќе правам свадба. Чудно ми е како некои така си канат на свадба некои кои воопшто не им се блиски. Веројатно целта им е да соберат колку што е можно повеќе гости.
@Zaljubena26 тоа се прави само за да не речат нешто роднините. Да не се налутат. Баш ми беше гајле дали некој ќе ми се налути. И нас не не канеле на свадба роднини со кои не комуницираме, па не сме се налутиле. А и немаше да отидам на тие свадби. Не гледам потреба да одам на свадба кај некој со кој немам контакти.
Добивме покана за во сабота кај мој втор братучед. Тој ќе се судри со мене здраво нема да ми каже јас на свадба да му одам. Како не. Така да останува да си одат мама и тато. Обично сакам да одам на свадби, ама во овој случај не сакам. Кога ќе дојде време за свадба, сакам до мене да бидат оние кои ги сакам, кои ми значат во животот, а не затоа што ме викале или ми биле роднини.
Кога би правела свадба се знае најблиските роднини, роднини со коишто комуницирам и другари пријатели. Никој друг. Имам одено на многу свадби. Кога ми ја носат поканата се чудам како им текнало да ме канат. На последната свадба кај што бев сите ми беа непознати, а демек блиски роднини. И си решив дека во иднина ќе одам само кај тие што сметам дека ми се блиски другите аут.
Мајка ми имаше поканато мои втори братучеди со родителите (тогаш малце и се подналутив) не сни се виделе долги години, можеби од нивните свадби, живеат стотици километри подалеку од нас, кога дојдоа едноставно имавме наплив на емоции и солзи, не за џабе рекле крвта вода не бидува, а кога стана збор за пријатели си ги поканав најблиските. Свадба е семејна и интимна работа, поканата е израз на чест.
Сум за канење роднини до второ колено. Како што кажа Ели, колку и долго да не си се видел со нив пак ќе се израдуваш да ги видиш. Јас сум блиска со сите мои втори братучеди и затоа сите се поканети. Сум против за канење другари, пријатели и колеги на родителите на малдоженците. Непотребна гужва и трошок.
@elimkd ти барем ги познаваш братучедите. Јас моите втори братучеди не ги ни знам (повеќето). Моите никогаш не се дружеле со нивните братучеди. И не гледав потреба да поканам некој што никогаш не сум го видела. Не канев ни пријатели на моите што не сме ги виделе одамна. @L-a-r-a22 правилно си постапила. И јас не би отишла. Такви не заслужуваат да ги испочитуваш. Кога се женеше мој прв братучед, бевме сите поканети. Не ми се одеше затоа што со него никогаш не сум комуницирала. Дури и на свадба не ми дојде. Ама морав да отидам затоа што немаше кој да оди. Моите не можеа. Во април бвеме на свадба кај другар на маж ми. Отидов за да му направам чест на маж ми. А не ги познавам младенците.
На мојата свадба планирам да поканам гости кои ми се драги и со кои контактирам често. Не ми требаат луѓе наречени роднини кои ме виделе еднаш во 20 години. Или роднини кои никогаш не се јавиле да прашаат како сме, а за на свадба први се. Ма дај.. 90% млади ќе ми бидат на свадба, друштва со кои контактираме секој ден..