1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готварски трикови

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Linn1, 19 април 2011.

  1. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Забележав дека нема ваква тема, па одлучив да направам нова.
    ако има, се знае, клуче :D

    Овде можете да ги пишувате оние готварски трикови кои ги знаете или сте ги стекнале од искуство.

    Еве неколку:

    -За да проверите дали млекото е свежо, ставете капка на ноктот. Ако не се разлее, млекото е свежо.
    -За да проверите дали јајцето е варено или не, доволно е да го свртите (како вртимушка) на маса. Ако се врти бавно значи е варено.

    и други :)

    П.С. наближува нашиот голем христијански празник Велигден, па може и неколку совети околу бојадисувањето :)
     
  2. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    И јас знам еден :D
    За да провереш дали тортата или колач е испечен, со чачкалица ке боцнеш во средина и ако на чачкалицата има тесто значи не е испечено внатре а ако нема значи е готово :) :)
     
    На Espadrila, Serafima и Linn1 им се допаѓа ова.
  3. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    ее баш добри трикови,јас не знам то таткоми сигурно знае бидеќи се занимава со ова па ќе напишам ;)
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    За да не се залепат и да станат кашести макароните/ шпагетите при варењето, капнете неколку капки зејтин и малку оцет.

    Средно варено јајце е готово по 3 минутно вриење.

    Кога сакате да излупите варени компири а тие сеуште се жешки, боцнете ги со вилушка (сепак нема да ги држете во рака).
     
    На Espadrila и Annath им се допаѓа ова.
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Еве нешто скромно од мене, брзо прочитав за варење јајца, за да не испукаат при варење да се стави малце сол во водата и да се стават јајцата исклучиво од кога ќе зоврие водата, а не веднаш :wasntme:
    Ми текна уште едно, ако може да се смести во темава, ама како и да е. Ако користите овошје за декорација премачкајте го со лимон за да не потемни :$
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ***За убаво да си ја изрендате кората од портокал или лимон, замрзнете ја. И додека е замрзната рендајте ја, нема да ви се лепи за рендето.

    ***За чоколадото да има светликав сјај кога ги чоколадирате ситните колачи, ставете 1-2 лажици масло на 100 гр. чоколадо.

    *** Kога правите ролат од мелено месо, ако сакате воопшто да не испука пред печењто со четкичка премачкајте го разматено јајце. За време на печењето повремено поливајте со врелиот зејтин во кое се печи.

    ***Кога варите грав никогаш за време на варењето не ставајте сол. Зашто побавно се вари.

    ***Кога печете компири во рерна, ако не сакате да ви се лепат за тавата, ставете коцка маргарин.

    ***Кога варите тестенини претежно шпагети, за да не ви се лепат една со друга и останат цели, ставете малку лимонтус.

    ***Ако не сакате витамините и минералите од компирот и морковот да се изгубат за време на варење, не ги лупете. Зашто тие се наоѓаат под кората на истите.

    ***Месото од стара кокошка побрзо ќе го сварете, ако за во водата ставите лажица ракија.

    ***Кога сецкате кромид, ако не сакате очите да ви солзат, отсранете ја лушпата и оставете го најмалку 5 минути во ладна вода. Потоа сецкајте без солзи :) и насмеани.

    Ова е за почеток, но има уште. Во наредна прилика ;) .
     
    На Umbrella22, Espadrila, sunfemina и 5 други им се допаѓа ова.
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Го мразам мирисот на лукот иако често го користам.Пред се не ми се допаѓа како ми мирисаат рацете потоа, а и одзема многу време.Го најдов ова корисно видео се надевам и вам ќе ви помогне колку и мене :)

    http://www.saveur.com/article/Kitchen/v ... 10-Seconds
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ова доста често ми се случува,па кога ќе ми се размачка целата шминка,уште повеќе очите ме печат. Благодарам за советот, ќе го применувам во иднина.

    Да не бидам офтопик:
    доколку некогаш ви се случи да пресолите некое јадење, за време на приготвувањето, додадете лупени компири, ја впиваат солта во себе и можете да си го „спасите“ ручекот од кисели фаци додека го конзумираат ;)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Еве ти уште еден начин ;) .

    Ги навлажнуваш рацете и ги триеш прстите со сол. Потоа си се миеш со топла вода и сапунче. Верувај ништо не се сеќава.
     
    На Espadrila и XstrongerX им се допаѓа ова.
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Мирисот на лук, ефикасно се отстранува со магдонос.Истото важи и за орално конзумирање и за лупење на дотичниот зеленчук. Значи по јадење лук, ако сожвакате малку жив магдонос, мирисот во вашата уста се неутрализира,а за да не ви мирисаат рацете на лук, протријте свеж магдонос по рацете и ќе се решите брзо и ефикасно од мирисот.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    За да не ви мирисаат рацете после лупење на лук, може да ги ,,истриете,, од нерѓосувачки челик. :D

    Ова го имам прочитано на интернет, ми се виде прилично интересно, ама го немам пробано. :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    2 ро продолжение :) :

    *** Ако замрзнатите риби (ослич или некои други), стоеле подолго во мраз и се постари, за месото да им биде како пресно, уште додека се замрзнати ставете ги во некој сад со ладна вода во која ќе ставите половина шолја (100мл) винска киселина. И оставете ги околу 1 час. Потоа, исцедете ги и пржете.

    ***Рибата исто можете да ја одмрзнувате и во млеко, доколку сакате да си го врати вистинскиот вкус и свежина.

    ***Кога пржете риба и претходно ја валкате во брашно, за брашното да не ви гори и рибите да не ви бидат црни, обичното брашно заменете го со пченкарно брашно. Ако сакате пржете ги со часови, нема воопшто да поцрнат. Истото важи кога пржете сирење или нешто друго.

    *** Ако немате квасец за да месите нешто, идеална замена е пиво. Исто замесувате и чекате да нарасне тестото како што правите нормално.

    ***За подобро да го исцедете тврдиот лимон и повеќе да пушти сок, претходно со рацете притискајте го на тврда површина. Така ќе омекне и сокот ќе се концентрира во средината. Исто важи и за портокалот, цитронот...

    *** Кога пржите нешто во маст или зејтин и ако започне да ви прска настрана, ставете само едно парче леб во тавата. Така нема воопшто прска.

    ***Иделана замена за лимонт во чајот (доколку го немате), ќе ви послужи неколки капки вино.

    ***Жолчките кои ви останале неупотребени, за да ги искористите подоцна, ставете ги во шолја за кафе и над нив ставете зејтин. Така можат да стојат во ладилник и до 3 денови.
     
    На Espadrila, Annath и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Кога пржите кромид, ставите малку сол. Не знам зошто, ама поубаво било, посочно. :lol:
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Додека сечкате кромид, џвакајте мастика.
    некаде прочитав низ нетов, ама дефинитивно нема да ви солзат очите.
    Дозволено е шлапкање со мастиката, таканаречено преживување и правење балончиња во тој момент. :D

    Ако рацете ви мирисаат на лук или кромид, истријте ги убаво со сода бикарбона, а потоа измијте ги убаво со сјај за садови.
    За непријатен здив од истиве, препорачувам да џвакате свеж магдонос или малку каранфилче.

    Кога правите крофни, обични или оние мини америчките, капнете малку ракија во тестото. Тоа ќе ги спречи да пијат многу зејтин, т.е. да не бидат мрсни.

    Кога подготвувате пилешки прсти, покрај презлата ставете и малку сусам.
    Вкусот ќе биде убав и крцкав, а сусамот ќе спречи да впијат многу масло.

    Кога маринирате пилешко, употребето пиво.
    Дури и да го пржите на повисока температура, нема да поцрни никогаш, внатре ќе биде сочно, а однадвор карамелизирано.

    :)
     
    На SexyTeenGirl, eli25, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    За помалку да ви солзат очите од кромидот,чувајте го фрижидер,па потоа сецкајте го и ке видите-нема солзи! :D
     
    На Serafima и Phyramide им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Или кога го обработувате нели тоа нека е надвор или ако сте во затворен простор со отворен прозор или сл. Не само ради мирисот туку и да не ви солзат толку очите.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.957
    Пол:
    Женски
    Моментално острење на кујнски ножеви со рамни сечила: поминете неколку пати со сечилото по газерт на шолја (било каква) и ќе бидат како нови :)
     
    На sunfemina и Serafima им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.070
    За да не ви загори кромидот при пржење,ставете сол во него.А да не ви лути кога го сечете кромидот,пред лупењето ставете го во фрижидер едно 15,20 минути.Проверено :up:
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ај да не биде само за кромид темава. :) Кога пржите јајце на око за да не ви прска наоколу, во загреното масло пред да го ставите јајцето, ставете лажица брашно.
     
  20. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Варените врели компири ставете ги под млаз ладна вода,многу лесно се лупат