Готова готвена храна VS Домашно приготвена

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Trendafilka, 8 декември 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Во трка со времето и многубројните обврски - работни, семејни, фамилијарни, голем дел од жените денеска се повеќе купуваат готови готвени јадења - Тинекс, на времето Дивино, Шеф, Д'Манџа итн.

    Дали и колку често го практикувате ова?
    Дали сметате дека јадењата се подеднакво вкусни како домашно приготвената храна?
    Сметате ли дека можеби е поисплатливо и поекономично или се само пусти изговори за мрзата кој поголемиот дел од жените?

    Темава може и да се прошири, во смисла подготвување зимници, домашни сокови, компоти, сите јадења од тесто - кифлички, пити, мафини и нормално благо - колачи, слатки и торти.

    Мајка ми готви целиот свој живот и јас не паметам ниту еднаш да сме земале некое готово готвено јадење (со исклучок ако треба да се испржи поголема количина риба или да се испече многу месо, да го носиме некаде).
    Пред неколку години почна да изведува како и станало малтретирање да прави кифлички, па почна да купува, додека не увидовме дека поголемиот дел се пластични, па се вративме на убави, домашни кифлиња.
    За славата на дедо ми купува готови ситни колачиња, и донекаде ја сфаќам, навистина е pain in the ass да ги направиш сите, ама кога кај дечко ми за именденот видов 15-тина различни видови колачиња и слатки, домашно приготвени, сфатив повторно - дека домашно си е домашно. Си има свој вкус, свој шмек и привлечност.

    Ајвар не правиме веќе со години, немаме услови, а и не го јадеме премногу, но еве - сум го пробала тој од продавница на Ди-Ем и неколку други фирми, и домашниот на Мечето на пример :P , и нормално, веќе погодувате кој е подобар.
    Разликата се чувствува барем кај мене и кај домашно приготвените салати - руска, пилешка и оние готовите од продавница.

    Дали ја оправдувате оваа навика сите традиционални јадења и специјалитети да ги заменат некакви си готови производи?

    Јас можам да ги оправдам донекаде колачињата и готовите торти, мармаладот и компотите, но :!: никогаш нема да се согласам дека ручекот на маса ќе ми биде донесен од некое си друго место.
    За него секогаш ќе имам време и ќе инсистирам да биде домашно приготвен.
     
    На Hipster, kravce, maca99 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Предност и давам на домашно приготвената храна, поздраво, повкусно и поекономично е од купување готова готвена храна.

    Еднаш пробав додека бев во Скопје од Веро готова готвена храна и се замислив на кого му е вкусна таа храна, мусаката беше толку мрсна, солена без никакви зачини, едноставно ужасна.
    Претпоставувам дека ја купуваат оние кој незнаат да си приготват сами или оние кои не се научени на добра храна, не се гурмани па оваа храна им е вкусна.

    Од готова храна повремена купувам печена кокошка, таа ми е повкусна него домашно приготвената затоа што ја печаат на ќумур, а цената е скоро исто како и дома да ја спремам.
    Секој ден готвам, не ми одзема кој знае колку време, највеќе до еден час, така да немањето на време ми е мене смешен изговор за не готвење, единствено некогаш ми е мака да смислувам што да зготвам :lol:

    Салати исто дома си спремам, испробувам постојано нови рецепти, најчесто правам салати со тестенини, пилешка, телешка и ако се рачуна за салата пинџур.

    Кифли кога правам обично спремам дупла доза на една мака да има за повеќе пати, дел за јадење, дел смрзнувам, мафини особено солените почесто ги правам, брзо се спремат и одличен доручек ми беа за на работа.Пити, баници не ми се баш јака страна ама со тегнати кори се снаоѓам, полесно ми е да направам пица или пастрмајлија.

    Со мм не сме по благото па колачи правам само кога има потреба а тортите и ги препуштам на вештите раце на снаа ми, без лажна скромност work of art и се тортите.

    Зимници такви работи не спремам, немаме зима а немам ни навика да јадам ајвар, првиот пат кога пробав желудник ме заболе, а мармалад и џем си купувам за 1,2 тегли што ќе се изедат во текот на годината не ми се исплати да правам.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    -Кратко и јасно - не конзумираме готова готвена храна (било каква) затоа што е полна со адитиви, конзерванси, вештачки бои, итн.... :x
    Кога се работи за нашето здравје, колку и да сме зафатени во текот да денот, може да издвоиме барем пола саат за да си зготвиме нешто. ;)
    Никогаш мене не ми е оправдание - немам време. Ако за себе немам, за кого ќе имам? :^)
    А, за поручек/вечера јадам нешто брзо, што и речиси не бара готвење. (пр. палента)

    -За имендените, припремаме отсекогаш домашно. :) Тоа е и убавината, да пробаш се` домашно, вкусно, а не се` на масата да донесеш од в продавница. Припремаме неколку дена порано. Но, за колачите оправдувам ако некоја домаќинка не знае да ги прави, или и` се голем трошок, да ги купи поефтино. :!: Но, за кифли ми е чудно ако чујам дека некоја не знае да меси. :lol:

    -Зимниците ги припремаме без конзерванси и никогаш не мувлосале, ниту се расипале нешто... ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Нормално одговорот ќе е домашна приготвена храна.
    Нема поубаво од тоа.
    Од начиот на самото готвење, знаеш што си ставил, знаеш мерка за сол и останати зачини, си го правиш мрсно/немрсно, по твој терк и со производи кои сам си ги одбираш од продавница.
    Е сега во последниве години јадам и готова готвена храна, не ја ни споредувам со домашната, но сепак тоа е тоа. Нормално дека повеќе ги сакам кифличките на мама, нејзината пита, нејзиниот колач, но сепак здравјето нека си го гледа таа, а тоа ми е побитно многу.
    Посебно ете кажав купуваме готови кифлички искрено со години не сме јаделе домашни, пити некогаш купуваме, е сега морам да кажам дека торти и колачи од секогаш преретко сме правеле за жал повеќе сме на чоколади и готови колачиња :tmi:
    А за ручек единствено ако купиме е готова скара, пица или лесковачка. Друго не, не сум јадела други готвени јадења да речеме од градските кујни. Бев во Уранија еднаш и ништо не ми се допадна од готвеното, си земав крушевска пита, неможев да ги јадам тие манџурии :D
    И зимници си правиме секоја година, малку количински, но си правиме.
    Салата купив еднаш за на работа домашна и не ја изедов. Тоа беше нешто најневкусно што сум го пробала. Салати си правиме, ете синојка пилешка си правев :D
    Значи купувањето готова храна најчесто е за месените работи и благите, а ручек најчесто си имам зготвено домашно ако не брза храна и скара ќе купам но тоа е 2 пати месечно максимум :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Поубава и подобра е домашно приготвена храна.
    Освен скара друго ништо не купувам. Еднаш земавме пржени гирици и исходот беше диареја, еднаш земав руска салата од Тинекс и не ми беше вкусна како што дома си ја правам.
    Колку и да немам ручек некогаш секогаш се најде нешто во фрижидер, да набрзинка се спржи или запече.
    Зимници се ставаат редовно секоја година од ајвар, пинџур, туршии, кисели краставици, зелка за сарма, праз се уровува, урда во тегла. Практикувам од се по нешто т.е од тоа што го јадеме по малку. Порано земав тегла лути пиперчиња од супермаркети и повеќе беа кисели отколку лути и тоа веќе не го правам.
    Познавам жени кои работат за пари, односно ставаат ајвар, зелка за сарма, сок, компот и др. зимница и си купуваш на парче колку ти треба. Е можеби тоа некогаш би земала ако немам услови или време да ставам.
    Знам дека некои јадења не стојат и не се јадат од денес за утре (на пр. од навечер направиш ручек за утре кога дојдеш од работа да имаш спремно) ама сепак подобра ми е таа варијанта отколку да купам готова готвена храна од маркет.
    Друга приказна е кога се договориме дека тој ден одиме на ручек или вечера. Сепак е зготвено во ресторан и е тазе (релативна работа, зависи каде).
    Благите работи си ги покуснуваме не да не :) и често си правиме. Единствено кога имам некоја специјална прилика и не ми се прави си порачувам од роднина една да ми направи за пари. Тоа и работи жената, торти и колачи за пари. И не дека јас зимам од неа ама сепак е една од ретките која не крати на зајрето :)
    Не сме многу по месени работи, т.е јас ги избегавам али може да направам домашни кифлички и да замрзнам и по потреба да се зема, а едно големо НЕ за баници, зелници...(не ги варам :) ме боли желудник после тоа) а од готови кори многу ретко некоја пита да се направи. Значи мразам леб и тесто.
    Имам пријатели кои живеат од готова храна, едноставно не се кува ништо кај нив. Па и да им отидеш на гости принесуваат цели даски нарачани од ресторан. Така живеат и така им одговара, а исходот е +20кг и дете кое нон стоп е болно. Па и една супа не се прави во таа куќа, се оди на чорба или кај мама и тато :x
    Не го оправдувам тој начин на живот, ем не е економичен, не е здрав и не е вкусен
     
    На kravce, maca99 и enca.69 им се допаѓа ова.
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Домашно приготвена дефинитивно.
    Јас не ни памтам дека моите некогаш купиле готова храна :?: Освен нели ако не рачунаме торти,слатки и скара 2-3 пати во годината (претежно татко ми си ја прави,да купи ептен ретко).
    Мајка ми цел живот си готви ручек и зимници,а многу често (скоро секогаш имаме дома) кифлички,затворени пици,јуфки правеше сега скоро.Нема шанси да се спореди со купечко.
    Ние ајвар не правиме,мајка ми прави лутенци,мармалад прави,компоти обавезно,кисели работи во тегли.
    Купивме неколку пати ајвар,што го фалеа многу,мене одвратен ми беше.Не е тоа тоа.
    Јас многу сакам да готвам,се знам да приготвувам и воопшто не ми е тешко.Така да сигурна сум дека ни јас никогаш нема да нарачувам готова храна или незнам што,ќе глумиме лудило сега ајде на висока нога сме |( Не сум фатена во рацете да си приготвам,втора работа многу е повкусно јадењето,а трето се е свежо без адитиви и чуда внатре.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.524
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да сфатам луѓе кои купуваат готова готвена храна. Мајка ми од нејзини 17 години одела на работа, па секогаш наоѓала време да зготви. Сега е во пензија и повторни си готви, меси, сука. Бидејќи е болна тука за замена сме јас и сестра ми.
    Кај нас ако нема готвено се јаде количински повеќе, па реално штедиме доста со готвењето. Покрај штедењето најадени сме.
    Зимно време месиме леб затоа што се топлиме со дрва, зелник, кифли, колачиња. Единствено поретко правиме торти, затоа што имаме убава слаткарница во близина која секогаш има преубави и тазе торти. Едно време купувавме кифли, некои лиснати убави беа, но тоа беше месец или два, па се вративме на домашните.
    Ајвар, туршија, слатко, компоти, салца, кисели пиперчиња правиме дома, никогаш не сме купиле и нема ни да купиме.
    Салати си правиме, еднаш имаме пробано од онаа во Веро и не ми се допадна. Скара јадеме ретко, но и таа си ја правиме. Обично кога купуваме не ми е убаво допечена, па често ја допржувам.

    За мене права домаќинска куќа е онаа во која се јаде готвена, дома приготвена храна.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.743
    Пол:
    Женски
    Јас сум човек кој станува саат време порано отколку што треба за да се осигурам дека ќе имам доволно време сама да си го направам јадењето за на работа (школо). Да се чуди човек колку кутивчиња за складирање на оброк само имам :lol:

    Ги почитувам оние со поинаков став од мојот, ама јас сум си најдобар пријател на својот кеиф (да не речам здравје пошо не пазам тоооолку :D ) и знам дека ако барем ништо друго, за вкус самата најдобро ќе си погодам.

    Свеки ме учи да сучам тесто затоа што планирам во иднина пецивата да ги правам сама (мислам освен секако нели лебот, не ќе месам леб сега ко од пред дедо Ное) но ете кифлички ова она, да, сакам да се научам сама да ги правам од проста причина што во купените се ставаат многу адитиви и мојот желудник после вришти :D

    За слатките, никогаш (освен ете ако морам, роденден е некому ова она) не практикувам да јадам купечки. Нека се наједноставни, но барем знам дека сум ги направила со тазе јајца, тазе млеко и тн.
     
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    Јас попрво би јадела паштета, него да купам мусака од негде претходно подготвена, колку и да им е вкусна на другите.
    Секој си има различен начин на приготвување на работите, една мусака, па ретко да се погоди сите да ја правиме исто.
    и се знае, домашно си е домашно.
    Си знаеш како е подготвено, го зачинуваш по вкус (не јадам јас многу зачинета храна)
    Терсена сум за јадење, некогаш и на гости не јадам (на пример кај вујна ми неможам да замислам да јадам, воопшто не готви како нас, и не само што не ми е вкусно, невкусно ми е.) ако знам дека се готви различно од нас.
    Во главно сето ова е за домшно подговени јадења манџички, работи што се подготвуваат во тава и сл.
    Но се случува да земеме скара од некаде. Оваа година не направивме ајвар. (жал ми е) мајка ми не е во состојба веќе да прави, со здравјето не е добра, ама кој како дојде, ни носи теглички да го пробаме нивниот.. :lol: :lol: :lol:
    И за салатите, мислам дека нема поубаво од руска домашна салата. Еднаш пробав од веро салата руска, воопшто и не ми наликуваше на руска...
    Кифлички купуваме само за слава кај баба ми и дедо ми зошто е мачење да правиш кифлички за толку многу гости, ама на крај краева, гостите ги јадат :D :rofl:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Домашно си е домашно. Јас не јадам многу готова храна. Не јадам паштети, салами, сувомеснато и тн.( Не сум вегетеријанец ;) )
    Повеќе сакам да си јадам сарма, мусака, пржено која мајка ми е експерт во тоа отколку готова готвена храна. Иако тоа можеби е еднаш во недела кога одам кај мајка ми. Единствено сакам кога сум на одмор во друга држава и одам во ресторан и сакам да ги пробам нивните специјалитети. Само тогаш јадам храна која не сум ја јас приготвила или мојата мајка. А друго ноуу вауу :shake:
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Кога сум на факултет или излезена поголем дел од денот секогаш купувам готвена храна, најчесто од Тинекс зашто избегнувам да јадам хамбургери, тостови и грицки. Месото знае да е често и поубаво зготвено отколку дома, но само месото :!: Се друго, сарми, ориз, компири, п.пиперки итн не се споредува, со ретки, ретки исклучоци понекогаш кога знае да е многу вкусно.

    Дома, освен скара, никогаш не сме купиле однадвор, дури и пица сами си правиме.
    Џем мајка ми прави само од кајсии и во помали количини зашто сме во стан, зашто со купечкиот навистина нема допирни точки. Ајвар правеа до пред некоја година, сега веќе не зашто одзема време и напор, а и немаме услови, една недела мислам после на пиперки мириса :puke: Кога ќе ни се пријаде има еден многу убав од Кам и тој го зимаме.
     
  12. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Нормално дека предност и давам на домашната храна и во однос на вкус, квалитет, па и од финасиски аспект. За мене, како повеќегодишна домаќинка, готвењето за семејството ми е прво задоволство, но и еден вид пренесување љубов и позитивна енергија.

    Е другата работа е што современата жена што тежнее да биде успешна на сите полиња, има се помалку време за готвење. Стварно ме загрижува со тек на време да не се претвориме како западњациве кои се собираат дома дури за вечера и јадат јадења одмрзнати во микровална.

    Ручек готвам скоро секој ден. За среќа имам свекрва во близина која интервенира ако подолго се задржам на работа. Понекогаш купуваме скара за ручек, но гледам тоа да е поретко.

    Благо најчесто правам, и тоа рецепти кои не одземаат многу време. Сега, се случува понекогаш да купам парче колач од Веро за синот, но тоа се исклучоци. На времето ги правев оние фамозни торти кои одземаа скоро цел ден, но сега се откажав. И да имам време подобро би го искористила за прошетка во природа одколку да матам белки цел ден. Значи доколку има потреба за таков тип на торта за родендени или слично, ја купувам.

    Зимницата ми е проблем. Мразам да правам големи количини ајвари или лутеници. За среќа ја имам свекрва ми, некоја тегла ќе купам, а и не сме нешто по овие работи и посебно не ни недостасуваат.
    Мармалад правам, затоа што купечкиот ептен ми е желатиносан. Туршии, компотии исто, но во помали количини. Салати ни под разно не купувам, затоа што од она што сум пробала навистина сум се згрозила.

    Значи во најголем дел јадеме домашна храна, но ако нешто готово ми се допаднало по вкус и по квалитет, го купувам.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    257.930
    Кај нас дома се јаде само домашна храна, освен кога имаме слава па зимаме готова скара.
    И кога за ручек јадеме ќебапчиња или пастрамалии :) .
    Друго се мајка ми готви. Одлична куварка е, морам да ја пофалам :$ .

    Готви, меси баници, пити, штрудли, кифлички.
    Зимници, ајвар, кисели краставички, мармалад, слатко, туршија, лутеница, пинџур и се остало, дома си правиме.

    Торти и слатки и се специјалност.
    Нема поубави торти од тортите на мама :D . Ама ја испофалив :wasntme: .
    Ама стварно е така, незаменилва е во кујна.
    Еден ден сакам ресторан да и отворам.

    Се навикнаме на се зготвено од дома, па готовата храна ми е блуткава и без никаков вкус.
    Кога заминав на студии, до лани мајка ми готвеше и ми праќаше, или одев и јадев во Дивино.
    Таму можеше да пројде храната, ама се друго не чини.

    Видов не видов, дека од сува храна само се дебелеам и дувам, се научив да готвам.
    Знам да правам речиси се. И кога сум во можност си готвам.
    Купечко не практкувам. Ни овде, ни дома.
    Домашно си е домашно. Мераци :mm:
     
  14. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Браво за мајка ти! :) Мајка ми, да бидам искрена, никогаш не била по готвењето.Затоа ми е интересно кога читам вакви работи.
    А, јас богами си готвам :) ...и сакам домашна храна.Не сум виртуоз како мајка ти, ама се трудам...
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Преферирам домашна готвена храна.

    Но понекогаш, а во последно време се почесто сум во трка со времето, а ручек на маса мора да има, па се шверцувам и со готова готвена храна.

    Баш денеска, пошто мразам да чистам и да пржам риби, купив готови и беа прсти да излижеш, а јас само направив компир-салата.

    Што се однесува до слатки и торти, некако ич не ме бива, освен неколку брзопотезни колачиња што ги имам фатено на рака.

    Но една моја блиска пријателка, прави торти по нарачка и искрено, тортите се да каснеш и да пораснеш, па по потреба нарачувам од кај неа.

    Знам дека за некои кулинарски вештини ќе останам можеби вечно осакатена, како на пример, растрзање баница, но знам да ја направам од готови кори.Пробав да правам и торта по рецепт, ја направив со црпалка да се јаде, течеше од сите страни, па морав да ја служам како профитерола, а да не зборувам, колку пати само имам упропастено зајре и фрлено во ѓубре.

    И да не оставам погрешен впечаток - не сум мрзешлива, само сум практична (за да не правам дупли трошоци) .
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Секако дека сакам домашно приготвена храна, се гледа по мене :D (кој ме видел де)
    Мајка ми е махер за готвење, па за месење, и си научив се и јас, така да готова храна не сме купиле ама баш никогаш, освен скарата чисто онака, за смена. Не да и давам предност на домашната, туку и воопшто не ја сакам блуткавата купена, не ми е вкусна, не ми по ќеф :) Се се прави дома, кај нас е позната поговорката купено-дупено, нема најадување :D
     
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Домашна приготвена дефинитивно.Додека да се мислам дали му биле рацете мијани пред да го прават тоа подобро мајка ми ќе ми направи барем знам дека е чисто.А и мајстор е за торти,колачи,ќифли,погачи и слични храни за дебелење :D
    Шала на страна стварно домашното приготвено секогаш е поубаво и повкусно :)
     
  18. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    дефинитивно домашно приготвена
     
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Домашната храна е највкусна и најздрава според мене и јас и мојата фамилија до сега не памтам да сме купиле некоја храна готова, значи колку години сум јас толку години се готви дома кај нас, а сега откако сум мажена, настојувам колку можам повеќе да си готвам дома и да се храниме здраво отколку да порачуваме од надвор и да ни е лошо цела вечер од тие сендвичи или пици или било што.
    Домашно приготвена храна, молам еден глас од мене :lol:
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Домашна- не знам дали некој и би се согласил дека купената е повкусна....
    Всушност,и навика од дома.Во средина каде мајка ми пред искачање на работа стануваше во 5 да ни направи доручек-погачки,палачинки,тестенини,било што да имаме,особено за викенди.Не памтам дали некогаш и воопшто сме купувале готова,освен скара,пици и такви работи кога ни се најавувале гости.
    Не сакам салати од маркети,поубави ми се домашните.
    Не сакам ни зимница,нити имам купено,си правиме дома.
    Буквално за се ќе кажам-да не набројувам-како што дома си е дома,така и домашната храна си е најубава!Знам што ќе ставам во уста,а не да мислам која хигиена ја имаат или што адитиви ставиле :puke: