Форумџика на годината 2020

Го сакам Њујорк (Линдзи Келк)

Дискусија во 'Книги' започната од Kiara, 29 декември 2010.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]
    Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка.
    Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот.

    И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли... А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!! Она што требаше да биде семеен автомобил за вас двајца и вашите деца!

    Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врискате на цел глас! ИЛИ... едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов - ЊУЈОРК! Има ли подобро место на целиот свет?!

    И тоа едноставно се случува... Анџела скокнува на првиот лет за земја во која луѓето разбираат англиски и едноставно бега! Не знае што ја чека, не е свесна што прави, единствено нешто што знае е дека не може да остане повеќе таму. Ах да, и пред да побегне, во бес и паника, не сакајќи му го крши прстот на младоженецот или можеби цела рака... Но кој може да ја обвини?!

    Запознајте ја Анџела Кларк! Девојка која учи повторно да го живее животот, да стане некој нов. Девојката која последните 10 години од животот ги поминала само со еден човек, а сега наеднаш таа флертува, излегува со други луѓе и повторно се заљубува иако мисли дека тоа е невозможно! Воедно, запознајте ја Линдзи Келк, нова, но исклучително забавна и талентирана авторка! „Го сакам...“ треската на Линдзи веќе зафати многу земји од светот, а сега доаѓа и кај нас. Тоа е новата и помлада Кинсела!

    Оваа книга мора да им се допадне на сите љубители на Сексот и градот. Оваа книга мора да ја обожаваат сите што ја обожаваат Кинсела. И ова е книга која ќе ви ја прикаже чик литературата во едно од своите најдобри светла.

    П.С. Уште една работа што оваа книга ја прави особено единствена и уникатна е посветата која ја носи на првата страна. Аха, посвета. Од авторката на книгата.


    http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... &Itemid=70
     
    На TheSilence и VioletButterfly им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Го сакам Њујорк - Линдзи Келк

    Информација за цена, место каде може да се купи ?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.193
    Допаѓања:
    49.463
    Пол:
    Женски
    Го сакам Њујорк - Линдзи Келк

    http://www.sakamknigi.mk/
    Еве ти линкче Блонд. Ова погоре е превземено од сакам книги :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Хмм вака: Spaiva Computers како пријатели на Сакам Книги со 10% попуст односно 340 денари. Тие се на ул. Водњанска, под пицерија Галија. Инаку може и по редовна цена 380 денари во книжарница ТРИ, ГТЦ и неколку други градови низ Македонија. Позз
     
  5. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.354
    Обожавам чик лик литература, смешни, вистинити, релаксирачки и обично девојките во нив се многу трапави што ме потсетуваат на мене. Книгава ја очекувам како подарок за Божиќ. Па ќе пишам откако ќе ја прочитам.

    Инаку кога превземате туѓи текстови, бидејќи секако авторот си има свои авторски права, пожелно е да напишете од каде ви е превземан текстот. ;)
    Статијата е напишана од Ивана Николовска.
    http://www.sakamknigi.mk/index.php?...id=1408:го-сакам-њујорк-линдзи-келк&Itemid=70
     
    На Miss-Independent, VioletButterfly, eleni23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Ме заитригира тоа што го прочитав, сакам и јас да ја најдам книгата видов дека на http://www.sakamknigi.mk/ неможе да се порача онлајн. А некој да незнае како да ја симнам онлајн?
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    34.193
    Пол:
    Женски
    Книгава ја имам на српски. Се смеев на глас кога ја читав. Го немам видено македнскиот превод, но ми кажаа дека бил ужас :( Инаку книгата е ТОП. Лесна за одморање мозок!
     
  8. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Колку што видов јас на сајтот, книгата може да се порача онлајн без дополнителни трошоци.
    Во врска со ова, кој е тој што рекол дека преводот е ужас? :^) Книгата ја имам дома, нема НИТУ ЕДНА ПЕЧАТНА ГРЕШКА, сите реченици се напишани одлично, доловени за да не ја изгубат воопшто смислата. Коментарите ги читав од други девојки, еве копирам од нивниот сајт:

    Сабота, 25 Декември 2010 14:1 Напишано од Marina Stevkovska
    Препорака! Книгата не е за читање на јавно место, бидејќи голема е веројатноста да ве прогласат за луда додека ве гледаат како се смеете без престан. Значи, дома. Корицата е супер оригинална и баш ми е мило што не е копија на оригиналното англиско издание. Посветата-за малку ќе паднев од столот, неочекувано пријатно изненадување.Е сега за содржината.Мора подобро да се информирам како изгледаат Лубутон чевли и Макс Бренер чанта. Инаку, за преводот, немам зборови. Подобро од оригиналот:))

    Не се океј вакви дезинформации ако ја немаш видено книгата самата... Нека оцени оној кој ја прочитал. Поздрав
     
  9. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Каде можам да ја купам?
    Книгата може да се купи во:ТРИ и Спаива во Скопје. Други градови: Везилка-Охрид, Мист-Штип, Мозаик-Струмица, Ренде-Куманово, Дирикон-Кавадарци
    По цена од:380 денари и 10% попуст во Спаива
    Сакаш веднаш да ја нарачаш:Моментално не може да се нарача! http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... &Itemid=70

    Јас колку што гледам неможе да се порача.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    34.193
    Пол:
    Женски
    Јас не ја оценував книгата за преводост зашто ја немам на македонски, Кажав дека ми е кажано дека не е во ред преводот. Мило ми е што ме излажале зашто преку глава ми е од лоши преводи. А се согласувам, книгата не е за читање на јавно место :))) ПРЕПОРАЧУВАМ!!!
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.296
    ^^ Ја добив на наградна игра на Ilike.mk и денес ќе одам да си ја подигнам :D , едвај чекам да ја прочитам...очекувам да биде нешто во стилот на “Шминкерка“ :$
    Откако ќе ја прочитам ќе дадам мое мислење ;)
     
    На Kiara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Денес ако не ме мрзи да идам до трговски ке си ја земам... Обожавам чик лит а книгава ми изгледа баш онака интересна :) :)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.193
    Допаѓања:
    49.463
    Пол:
    Женски
    Шминкерка е далеку поинтересна од Го сакам Њујорк.
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.296
    ^^ Ја имам прочитано и Шминкерка, интересна е за пополнување време, лесни книги за читање .....а оваа почнувам да ја читам денес :)
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.172
    Пол:
    Женски
    Го сакам Њујорк ја купив пред празнициве, си велам нешто лесно за релаксација. Се двоумев дали да ја купам со српски или македонски превод и на крај се одлучив за мак. Вистинско разочарување, за џабе фрлени пари. Лош превод, ептен наивна содржина и воопшто не го доловува Њујорк, во вистинска смисла на зборот. Ако сакате чик литература би ја препорачала Плавуши од Бергдорф (Плавуше из Бергдорфа). Незнам дали вака е преведена и македонската, јас ја читав на српски и одлична е.
     
  16. VioletButterfly

    VioletButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Еј зошто лош превод? :D Јас сум филолог, работам како асистент на факултет, а приватно работам на преводи за повеќе издавачки куќи и мислам дека како компетентно лице со познавање од областа, со чиста совест :D можам да кажам дека делото има одличен превод. Нема србизми кои се доста чести во нашите преводи, има употреба на жаргони онаму каде што е потребно и генерално има превод 5ка по мое мислење. Е сега за содржината, прашање на вкус, не знам :?: мене лично ми се допадна зошто сакам од време на време да се релаксирам со вакви романтични комедии :)
     
  17. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    58
    Супер,... Смеење до солзи, веќе чувствувам како да ја познавам Анџела, едвај чекам да излезат следните делови!!! Пак ќе кажам вистинско опуштање и уживање. Најмногу ми се допаѓаат шегите на нејзина сметка бидејќи во многу од нив се препознавам јас. Се соживеав со ликот :D Знаете ли други добри книги во овој стил???
     
  18. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    книгата е 380ден :)
     
  19. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Ееее која книга!!!! Ја прочитав и премногу ми се допадна и кога излезе вториот дел „Го сакам Холивуд’’ одма си ја купив и оваа ми е следна на листата за читање. Книга за опуштање, позитивна енергија, верувам дека и Холивуд е таква... А и да, едвај чекам да излезе „Го сакам Париз’’, затоа што сум била таму и едвај чекам, на некој начин низ страниците и одличниот опис на Линдзи да се вратам повторно таму и да го доживеам уште еднаш тој прекрасен град на светлината.
     
  20. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    794
    Па, почнав да ја читам и сега некаде на средина ја оставив, незнам зошто, не ми се допаѓа.