Дали некој ги прочитал 5-те книги од Линдзи Келк? Би ги препорачала на сите љубители на авантурски и љубовни романи.Ги има во Скопје,на саем на книгата(јас таму ги видов).Една е 200 ден.Доколку некој ги прочитал или барем 1 сакам да ми кажете какви ви се впечатоците? Јас сум воодушевена и би ги прочитала уште милион пати повторно и повторно.
Јас го прочитав само тој првиот дел и онака интересен е но не ми оставил голем впечаток.Многу ми е сличен со други книги.Летово планирам да читам друг дел па можеби ќе го сменам мислењето.
Ги засакав книгиве! Ја прочитав „Го сакам Холивуд“ а, сега ја читам и „Го сакам Париз“. Стилот на пишување, воедно и самата приказна и тематика многу ми се допаѓа.
Интересни за во слободно време, обично ги читам за релаксирање од учење. Почнав од Го сакам Холивуд, сега ќе ја читам Го сакам Лондон. Иако Анџела на моменти страшно ме нервира, од 2 одлуки ниту еднаш не згреши да ја донесе вистинската едно мисли друго прави. Најмногу ги читам заради хуморот, инаку ми доаѓа да ја фрлам книгата низ прозор заради Анџела
Ги обожувам книгиве на Линдзи Неодамна ја прочитав Го сакам Париз и многу ми се допадна Па ја купив го сакам Вегас ама не ми се допадна баш Па сега се мислам дали да ја купам Го сакам Лондон? Ја има некој прочитано? И дали му се допадна?
Ги имам сите 6 книги прочитано и ги препорачувам. Интересни се и баш времето ти лета додека ги читаш затоа што се лесни се читање и нема оптеретување на мозокот. ( ПС кажав 6 книги затоа што ја имам и книгата што е измеѓу Холивуд и Вегас и се вика Џени има страшно лоша недела)
Досега целиот сериал го имам прочитано три пати. Освен една книга, која воедно е е ипоследна. "Го сакам Божиќ" , затоа што никаде не ја најдов. Сериалот е хумористичен и забавен и лесно може да ти го одвлече вниманито и да ти измами насмевка кога си лошо расположен. Сите книги се лесно "сварливи". Дефинитивно го препорачувам за сите кои се двоумат дали да го читаат или не.
Моментално ја читам за Њујорк, и се мислам дали да ја земам следна за Холивуд. Прочитана ли вие? Кажете дали да ми биде следна.